До три ми пушки пукнаа,
до три јунаци паднаа,
до три мајки заплакаа,
Стојановата највеќе.
Ката утро на гроб оди
и му пали жолти свеќи,
и му пее жални песни:
-Стани ми синко Стојане,
кому си жена оставил
со девет деца сираци,
најголем сирак на гради!
-He можам мајко да станам,
мраморна плоче на мене,
змии ми очи испиле.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна