Откријте го Мариово

Дунаве, море, Дунаве,
жити брата ти Вардара,
жити сестра ти Морава,

ќе те питам да ми кажеш:
дал помина млади Стојан
со бакарната ѓемија?
-Помина Пешо помина
со седум-осум ѓемии.
Најнапред Стојан тргаше
со шарен кавал свиреше
љубовна песна пееше:
-Мажи се Пешо, мажи се,
мажи се мене не чекај!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: балада

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu