Откријте го Мариово

Имало еден Пројо од Маријово. Била некоја гладна година, малко леб имало, и Пројо се чудил, чудил, како да ји израни децата?

Отиде при Рушид-ага ву Кавадаречко, и му вика: „Аман, Рушид-аго, аман да речем! Една нива сум ја изорал на пет рала, ама семе немам да ја посејам! Ти се молам, да ми дајиш двајесет бучука семе, да ја по сејам нивата; што ќe се роди, упола ќe делиме”. И Рушид-ага му дал двајесет бучука жито. А Пројо си го појаде со децата житото!
Дојда марта месец, и го пита Рушид-ага: „Е, Пројо,   како је пченицата што ја сејаме заједничката ?” А Пројо му веле: „Арно, аго, арно! Господ од лошо само да ја чува, .има једен амбар да нап’ниме!”
Дојда мај месец, а Пројо го стра од Рушид-ага, да му кажи, оти ја изеде пченицата. Тераја, тераја. Рушид-ага немаше деца, челад немаше. И оде Пројо при негов ќаја и му вика на ќајата: „Јаз си ја изедо пченицата зимоска; децата си израни. Ами, како да му кажиме сега на Рушид-ага, ќe ме отепа! Па ‘вије му веле: „Сега је бегот на голем ќеиф, оти му се роди дете; оди, кажи му”.
И оде Пројо кај бегот, ќe му кажи. Тамо биле и друзи бегови, џумбус си правиле. И му вика Рушид-ага на Пројо: „Пројо, бре, како је таа пченицата?” А ‘вије му веле: „Рушид-аго, детето што ти го дал Господ, да ти го поживеје! Јаз децата сији израни со таа пченица; ако да не беше таа пченица, ќe да ми умрат децата!” И тоги Рушид-ага се насмејал: „Ха-ха-ха! Пројо ќe ope, Рушид-ага ќe јаде! Просто нека ти је!”

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu