Пејо Итруманец и Маријовци дабица ќe кршат! – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Одиле луѓе Маријовци на пазар. Одеја, поодеја. На пато си најдоа една дабица. Е, ќе да кршат една гранка.

Како ќе јат скршат, тој си Пејо Утруманец знајет. И Пејо му рекол на Маријовците: „Море, браќо, вака ќе напрајиме: еден за други ќе се ватиме, ќе-се обесиме сите и ќе ја скршиме дабицата !” К’о најитер, Пејо се качил првен на дабица, се ватил за гранката; тогај и друзите, еден за еден, раци за нози, и се провиснаа сите дур до угоре. Сега Пејо, кога виде да је азар, му вика озгоре на другарите: „Еј, браќо, чекајте троа, да си плукнам во раците!” Тој да плукни во раците, ама сите на земјата паднаа! Кој стануа, кој умира, а Пејо му вели: „Вије ми се смејите, море бу-дали, а јаз си го отепа коленцето!”

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com