Една невеста калеша
на висок чардак седеше
бела пченица требеше
девет гулаби ранеше.
-Ој гулаби,мои браќа,
високо вие летате
далеку вие гледате,
дан го видовте либето?
-Ој невесто ле калешо,
го видовме како да не,
твојто либе е в Солуна,
на дуќан тоа седеше,
пред него маса имаше,
црно си кафе пиеше,
и рум ракија имаше,
жолти влорини броеше,
до тебе абер праќаше:
повеќе да не го чекаш!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: балада