Мариовска носија – особености на мариовската народна носија

Booking.com

 

  • Текстот и цртежите се извадок од книгата: Македонски народни носии I од авторот – Ѓорѓи Здравев, 1996 г
  • Фотографии – постојана музејска поставка – НУ Завод и музеј Битола

Мариово е планински предел сместен помеѓу двете страни на клисурестата кањонска долина на Црна Река.

На југ е обиколено со шумовитите планински масиви на Кајмакчалан и Кожув, преку кои граничи со котлините на Островското Езеро и Меглен во Егејска Македонија. Ваквата местоположба условила пределот да остане изолиран од околните природни сообраќајни линии.

Целиот предел опфаќа околу 30 села со чисто македонско население кои прават заедничка пределска и етничка целина со издиференцирани етнички карактеристики, изразени преку разни форми на народниот живот, посебно преку народната носија. Условена од природните и климатските услови, како и од главната стопанска гранка – овчарството, таа се издвојува како посебно планинска сточарска носија.

Машка носија

44Состав: аба, кошула, гушале, калци, ѕиври, бечви, гаќи, шалвари, појас, вутче, чорапи, подвески, пртеници, обвијала, пинци, џамадан, шајак, гуна, сакма, кожув, капи, обурс.

Aбa – поткошула од бела невалана клашна; по крој иста како кошулата, но во должина покуса.

Кошулa – од бело лито или четворно „самоткаено” памучно платно; долга до колена, кроена од следните делови: „затилок” – јака, ракави долги до подлактиците (рамно кроени, во долниот дел широко отворени), „преден стан” (предна „пола”), „ѕаден стан” (задна пола) и „бочници” (најмногу по 12 од двете бочни страни) – со помош на кои има изглед на „фустанела”; везена на „пазуи” – предниот граден дел, на затилокот, на ракавите и на долниот околен дел од „скутовите”. Кошулите за млади мажи се везени со црвени или жолти конци, а оние за постари исклучиво со бели конци.

Гушале – парче бело памучно платно во триаголна форма – за покривање на предниот отворен граден дел од кошулата; на горниот крај со врвки за врзување околу вратот. Се носело како составен дел од празничните кошули за млади мажи, украсено со вез од мониста, со „петлици” и со „пулејки”.

Калци – плетени полуракави од волнена преѓа, носени од шаките до лактите; за ергени и млади мажи – шарени калци a за стари мажи бели калци.

Ѕиври – од бела валана клашна, вид „старски гаќи”, кроени во форма на ногавици – долги од глуждовите до препоните; на горниот дел пришиени врвци со помош на кои се придржувани за појасот; по рабовите украсени со црни гајтани. Во употреба се задржале до првите децении на овој век, но главно од страна на постарите мажи.

Бечви – од бела валана клашна; кроени од следните делови: „заден кутел” (како тур што доаѓа позади), „преден кутел” (што ја покрива трбушната страна) и две ногавици. Во овој вид започнале да се носат во првата половина на минатиот век; во употреба се задржале до неодамна.

Гаќи – „бубаќарни”, од бело четворно ткаено памучно платно, кроени слично како и бечвите. Започнале да се носат во почетокот на овој век; летно време се облекувале под ѕиврите, а во зима под бечвите и под шалварите.

Шалвaри – или „црни бечви”, од црн четворен шајак, долги до под колената; од глуждовите до колената врз шалварите се облекувале „куси ѕиври” (клашнени потколеници) или чорапи. Во студено време се носеле над ѕиврите, над гаќите или над бечвите; за потопло, старите мажи во шалварите ги вовлекувале и скутовите на кошулата.

Појaс – волнен ткаен, се носел во неколку вида: а) „подвеска” – тесно појасче (2,5 х 150 см), ткаено на црвена основа со прави шарки – го носеле машки деца до време на пубертет; б) ::ќемер:: – широк околу 10 см, а долг околу 3 метри, ткаен на црвена основа со прави хоризонтални шарки – носен од време на ергенството до средно доба, и в) „појас” еднобоен црвен или црн, двојно поширок и подолг од претходниот; врз ќемерот и појасот задолжително се носел стегнат кожен ремен.

Вутче- или „прегаче”, волнена скутина,ткаенаво прави хоризонтални шарки.

Чорапи – волнени, плетени на три игли; составени од следните делови: „горниште”, „стапало” и „прсти”; од внатрешната страна на нозете со „расцепок”; за млади мажи орнаментирани во разни бои, а за стари – бели. Од поново време и чорапите за млади мажи започнале да се плетат исклучиво бели.

detska_maskaПодвески – ткаени тесни волнени појасчиња за притегнување на чорапите, ѕиврите или шалварите под колената; подвеските за млади мажи биле украсувани со „аловни киски

Пртеници-или„куси ѕиври”-вид потколеници (некогаш изработувани од четворно „пртено” платно), од четворно бела и црна валана клашна; во составот на зимската носија се задржале до неодамна.

Обвијала или „калчуни” – старски зимски доколеници, од бела или црна лита клашна; скроени во четириаголна форма, со помош на врвци се обмотувале околу нозете од глуждовите до под колена.

Пинци – од свинска или говедска кожа, со врвци или „ремење” кои се вкрстосувале од долу до подвеските; се изработувале во кругот на домашното огниште. Од почетокот на овој век младите започнале да носат и „чевли” или „чејли” -изработувани од градските кондураџии во Прилеп и Битола.

Џамадан или „ќурдија” – горна безракавна облека од бел или од црн четворно ткаен шајак; долг до појасот, со два џеба на градниот дел од полите; по рабовите украсен со оптоки од гајтан.

Шaјак или „копоран” – горна (зимска) облека од бел или црн четворно ткаен шајак, со долги тесни ракави; долг до бедрите. Зимно време се облекувал над џамаданот. До крајот на минатиот век се изработувал исклучиво од бел шајак; оттогаш наваму младите започнале да го носат и од црн шајак.

Гунa – горна безракавна облека од темно кафеав шајак, долга до колена, околу рабовите опточена со црна оптока; кроена со прилично тесни поли, но со големи триаглести бочници, со помош на кои во долниот дел е прилично проширена; типична облека за млади и стари мажи. Во време на жалост се носела превртена од наопаку.

Сакмa – типична сточарска облека од најдебела и најувала наволнено – козинена ткаенина; кроена од „ѕаденстан”, две предни „поли”, два „бочника” од страните, долги ракави и „цуцулка”, „ќулавка” или „јака”; освен овчарите, ја носеле и сите оние кои оделе на пат подалеку од својот крај. Младоженците на денот на венчавањето облекувале бела „зетовска сакма” (од наопаку), по крој како претходната, но со куси ракави до лактовите, таканаречени „јакушки”.

Кожув – од јагнешко крзно, долг до појасот, со долги ракави или без нив – ќурчиска изработка.

Капи – застапени се неколку вида: а) бела или црна „валавка” или „валаница” во форма на клобук – слична на арнаутското кече; белата валанка се смета за постар вид од црната, која, по се изгледа, како таква започнала да се носи од крајот на минатиот век (со промената на бојата на некои облеки од бела во црна); б) црвен „тунус” или „вес” (тунис или фес), со долг син или црн свилен пискул („како Тоски”) – омилена капа на ергените и младите мажи, носена до крајот на минатиот и почетокот на овој век; в) платнена куповна, округла, згора заоблена капа, по форма слична на плитка шубара – започнала да се носи од почетокот на овој век.

Обрус или „чалма” – правоаголно лито ткаено парче платно, ткаено со дискретни прави попречни шарки; долг околу еден метар и половина, на крајот со реси; се обмотувал околу валанката или фесот. Старите обмотувале обично чалми од бело платно.

MAZ_I_ZEMA

Женска носија

Состав: кошула, гушале, калци, саѓија, појас, вута, гуна, ѕиври, чорапи, пинци, коцел, обрус, гајтан, шамија, накит.

Кошулa – од бело домашно памучно платно; кроена од „затилок” – јака, рамни ракави (широко отворени), „преден стан”, „ѕаден стан” и по 2 „бочници” од страните; везена на јаката, на „пазуи” – предниот граден отворен дел, на ракавите и на долниот околен дел со „бојови”. Најбогата со везбена декорација е невестинската кошула – „голема кошула” или „црнета кошула”; во неа преовладуваат геометриски и геометризирани флорални мотиви; основни бои се „алена”, „ѓувезна”, црна и жолта; најзастапени везачки техники се: а) „орано” – со која се одбележуваат контурите на мотивите со црна или со алова „каделка”, кои потоа се „п’нат” („орано-п’нето”); б) „писано” – со која се одбележуваат и воедно полнат карактеристичните кружни мотиви, и в) „грабено” – везачка техника застапена најчесто на кошулите за постари жени или кај оние што се наменети за носење во случај на жалост.242

40Гушале – парче од бело платно, за покривање на предниот граден – отворен – дел од кошулата; украсено на сличен начин како кај машката кошула. Во составот на женското гушале се носело и „грлниче” од црвена басма, украсено со набран (плисиран) околу вратник од бел астар.243

Калци – плетени волнени полуракави, носени од китката на раката до лактите; по форма и начин на украсување скоро исти како и машките калци. Калците носени до крајот на минатиот век биле плетени од црна волна и преку целата должина биле прошарани со црвени и бели хоризонтални редови; паралелно со нив се носеле и „влашки калци”. Од почетокот на овој век калците започнале да се плетат бели со црни шарки во долниот дел. Од истиот период, под влијание на градот, односно со појавата на индустриски материјали, женските калци започнале да се изработуваат и од куповен материјал (шарена басма, богасија и сл.)244

Сагија или саја – горна без ракавна облека од четворно памучно платно; кроена од следните делови: две поли, „ѕаден стан”, од страните помеѓу станот и полите по два мали бочника со „расцепок” – шлиц; украсена со богато извезени „пазувки” -предници и искитена со реси од „аловна”, „ѓувезна” и црна волна. Составен дел на невестинската саѓија се дополнителни „ракавчиња” – од рамената до лактите, украсени богато со реси од аловна и гувезна волна.

Појaс – црн, плетен од пет или од седум врвци -пришивани една за друга со црн конец; долг од 10 до 30 метри. Обмотан околу половината, се користел и за чување на кутија со чешел, огледалце и други слични потреби.

Вута или прегач – волнена ткаена скутина: а) „вута” -„од една дипла” или „од една пола”, и б) „прегач” или „опрегач” – од две дипли или две поли; и едниот и другиот вид скутина ткаени со прави хоризонтални шарки на црвена основа; втората е позната и под името „аловен прегач” или „чолтарче”. Се сретнува во повеќе варијанти и тоа како: „градешки прегач”, „витолешки прегач” – според местото од каде што потекнува мустрата, „прегач жолта парта” – според основниот мотив, и „ѓувезен прегач” – во долниот дел украсен богато со црвени рески, „белио прегач” (и бела вута) и „црнио прегач” – според основната боја (ткаени со прави хоризонтални шарки).

Гуна или горницa – горна безракавна облека, долга до над колена, од бела или од црна четворна клашна со рамна или со рунтава текстура; кроена од следните делови: „ѕаден стан”, напред две поли, а измеѓу нив и задниот стан по еден бочник; на рабовите украсена со оптока од „аловни врвци” (гајтани); украсувањето дополнето со реси, на сличен начин како и саѓијата.248

Белата гуна е специфична невестинска облека што се облекувала на денот на венчавањето. Важела за зимска облека, но се носела и летно време на големи празници. Во време на жалост се облекувала наопаку.

Ѕиври – волнени плетени получорапи без стапала, носени од глуждовите до под колена; летно време се носеле на боса нога, а зимно време над чорапите; орнаментирани со прави хоризонтални шарки на темна најчесто црна основа.

Чорапи –  волнени плетени, долги до колена, богато орнаментирани, особено оние за девојки и млади невести; за посебно впечатливи се сметале чорапите: „ѓувезната калинка”, „шутата калинка”, „старавинцките”, „клучовите”, „крушата”, „боравените”, „калинките со накрс црно” и др.; од Втората светска војна наваму започнале да се плетат најмногу чисто црни.

Пинци- од говедска кожа, домашна или занаетчиска изработка. Поимотните уште во почетокот на овој век носеле „чејли”, набавувани од градските занаетчии во Прилеп и Битола

detska_zenskaКоцел – украс за на коса. Се појавува во два вида: а) „коцле” – во горниот дел со „прцле” спелтено од природна коса и црвена волнена преѓа, а во долниот дел „кишчер” со рески и б) голем „коцел” – специјален невестински украс од црна волнена преѓа, составен од следните делови: „леса” исплетена од плетенчиња, „јаже со два „топа и долу „кушки со „главки .

Обрус – специјално невестинско покривало за на глава од бело правоаголно парче платно (30 см х 1,50 см), на двата краја украсено со „ткаен шар” на црвена основа и црвени реси долги 40-50 см; наоколу по рабовите извезен со „веѓи”. На главата се поставувал на следниот начин: едниот крај заедно со ресите се свиткува околу главата како чалма или во вид на венец, а другиот крај пуштен преку грбот се закачувал за десната страна од појасот. Како обележје на омажена жена се носи до крајот на животот.

Гaјтан – правоаголно бело парче платно, везено и накитено со пари и разнобојни мониста; се носел закачен за невестински „коцел” – под појасот; на долниот крај украсен со „ресулки” од мониста и бели „жапки”.

Шамијa – бела шамија „бел тулбен” – носеле девојките; невестите и младите жени носеле „аловен тулбен”; постарите жени носеле темно црвени или црни шамии; како знак за жалост се носела темно црвена, а најчесто црна шамија. Во време на жалост косата се носела расплетена

Накит: а) пафти со „подвеска” – ковани насреде со тока, кувенџиска изработка; б) „обетки” за на „чалма” – накит за на глава, украсен со „трепки” – кувенџиска изработка; в) „решме” -сребрен украс за на коцел со два реда „целки” – сребрени монети и две подресени алки; г) „копец” – украс за на пазуви и појас со два реда синџири подресени со сребрени пари; д) „шут копец” – со два синџира, кувенџиска изработка „тока-шута”, кована од сребро.


Облека, облековен дел, украс
Средината на XIX век Крајот на XIX век Почетокот на XX век Периодот меѓу двете војни Средината на XX век
Аба + + + + +
Кошула:

а) орнаментирана

+ + + + +
б) бела       + +
Гушале + + + + +
Калци + + + + ?
Ѕиври + + +    
Бечви + + + +  
Гаќи     + + +
Шалвари + + + + ?
Вутче – „прегача” + + + + +
Чорапи:

а) орнаментирани

+ + + +  
б) бели + + + + +
Подвески + + + + 9
Пртеници + + + + 7
Обвијала + + + + ?
Пинци + + + + +
„Чејли”     + + +
„Џамадан” („ќурдија”): а) од бел шајак + +      
б) од црн шајак + + + + +
Гуна + + + + +
Сакма + + + + овчари
Капи:

а) бела „валаница”

+ + + +  
б) црна „валаница” ? + + + 7
в) црвен „тунус” со пискул + + +    
г) купечка платнена или шубара     + + +
Обрус + + + само стари само стари

Облека, облековен дел, украс
Средината на XIX век Крајот на XIX век Почетокот на XX век Периодот меѓу двете војни Средината на XX век
Аба + + + + +
Кошула:

а) орнаментирана

+ + + + +
б) бела       + +
Гушале + + + + +
Калци + + + + ?
Ѕиври + + +    
Бечви + + + +  
Гаќи     + + +
Шалвари + + + + ?
Вутче – „прегача” + + + + +
Чорапи:

а) орнаментирани

+ + + +  
б) бели + + + + +
Подвески + + + + 9
Пртеници + + + + 7
Обвијала + + + + ?
Пинци + + + + +
„Чејли”     + + +
„Џамадан” („ќурдија”): а) од бел шајак + +      
б) од црн шајак + + + + +
Гуна + + + + +
Сакма + + + + овчари
Капи:

а) бела „валаница”

+ + + +  
б) црна „валаница” ? + + + 7
в) црвен „тунус” со пискул + + +    
г) купечка платнена или шубара     + + +
Обрус + + + само стари само стари

 

Booking.com