Ѓавол го сокинал семето попско! – предание

Booking.com

Имаше једен поп. Ќе оји да глава момок. Оди, оди, и на пато го најде једно дете; то не било дете, веќе бил ѓавол! „А, бре! Каде, бре, синко?” – „Ќе одам, пoпe”, рече, „да се главам”.

— „Ај, да те главам јаз”. — „Ами, глави ме!“  — „До кога ?” — „Дур да ти завијат голи волци дома!” — „Ами, како те викаа?” — „Штркле”. — „Ах”, рече, „ќе ји сакам штрклиња!” — си дупна коњо и си продолжава пo пато. А тој заобиколи околу наоколу, и па пред попо излезе. „Каде, бре, синко?” — „Ќе одам, дедо-попе, да се главам”. — „Ами, ајде да те главам јаз”. — „Ма, главај ме!” — „До кога?” — „Дур да кукни кукавица!” — „Добре! Како ти беше името?” — „Штркле, дедо-попе”. — „Е, рече попо, „ќе те главам сега; сете се штрклиња, кај да барам друг?” — „Ќе си направиме”, му кажува Штркле, „једен сенет: ако се лутиш — ќe те дерам; ако се лутам — ќе ме дераш ти!” Сторија, ајде, дојде.
Утре ќе орат на орање. „Момочко”, рече попо, „ќe појдиш на нивата, ќe ти ја кажам; до кај ќe легни кучката, до тамо ќe ораш”. Орај, орај, а таја кучка помести се!
Орај, орај па, а таја кучка помести се па! „Ај”, рече момоко, ,,ќe те поместим јаз!” Ји забра воловите, отиде кај што лежеше: кроце, кроце — ја отепа кучката! И си отиде вечер дома. „Ма, камо ја кучката, момочко?” — „Тамо је, дедо-попе, лежи”.
Утре ќe одат заједно на орање. „Земи го”, рече попо, „паличнико”. А тој момоко го остави зад вратата! Отидоа на нивата тамо. „Море, пoпe”, му вели момоко, „да ли го остави паличнико јаз?” — „Ај, брго”, рече, „земи го!” Тој си отиде. Попадија си го викнала: „Побратиме!” — ,Попадије, отвори!” — „Што си дојде?” му викна попадија. — „Кај да се скријам, посестримо?” ји вели момоко. — „Во кацата пикни се!” И се пикнале обајица во кацата! „Попадије, ме пушти попо да ји наклавам ‘вије кољето во кацата”. Крени једнијо — шибни го, крени другијо — пикни го, и го нашиба колко што му беше доста! Го зеде паличнико, си отидна тамо на нивата, муабет не збори.
Си ораа дента, си дојдоа вечерта. My се пришета на попово дете за по нужда, и поп рече: „Море, момочко, скапи го надвор! Изнеси го, тамо нека се скапи! Го вати момоко за нози детето, го удри о дзидо једнеш, уште једнеш, и го врли! „Камо го, момочко, детето?” — /Ма”, рече, „го скапа јаз, ти кај што ми рече; да л’ се лутиш, пoпe?” — „Не се лутам!”
Вечераја. „Мори, мајко”, рече попо, „да појдиш утре порано, да се качиш на дабо, да викниш: ,,„Ку-ку, ку-ку, ку-ку! Да л’ неќе си појди момок, да туа је главен, оти не запусти!” Утре рано мајка му отишла тамо, се качила на дабо и зела да кука: „Ку-ку, ку-ку, ку-ку!” — „Момочко”, рече попо, „слушај ја кукавица!” — „Море, ќe си ја слушам”, рече момоко, „сеа, стред зиму, ќe кука!” Отиде кај дабо и ја отепа мајка му па попо. „Да л’ се лутиш, пoпe?” — „Не се лутам!”
Попо го вати стра: дете му отепа, мајка му отепа, ќe дојде редо и на него! „Мори, жено”, рече попо, ,,ќe бегаме утре! Белки ќe се мани овој ѓавол?” Вечераја. „Тргни ја вратата, ако сакаш”, попо му вели на момоко. И тој ја тргна, искрши вратата, ја исфрли надвор!
Утре рано тргнаја попо и попадија да бегаја. А тој момоко киниса по ни. „Мори”, ји вели попо на попадија, „Вечер ќe лежиме на мосто. Ќе го клавеме на крајо момоко, и јаз ќe ти викам: „„Потаки, попадије!”” И ќe те потурујам, а ти да го потурујеш него, да ли ќe падни од мосто?” И тије легнаја сете тројица да спијат. Легна момоко на крајо, вистина. Како заспаја, стана момоко, се пикна стреде! И зеде да вика попо: „Потаки, попадије!” И момоко вика: „Потаки, попадије!” Она чува оти попо вика, потурнува, и падна во реката! „Попадије, го сотреме момоко!” вели попо сега. А момоко му вели: „Ја сотреме, пoпe, попадијата!”
—    „Зер уште си жив?” — „Сум жив! Се лутиш ли, пoпe?”
—    „Се лутам”, рече попо; „цела Kyќa ми ја запусти, бре, Штркле!” — „Ај, стани,” рече момоко, ,,ќe те дерам сега, да го сокиниме семето попско! Така ни беше зборо, така направиме сенето”. И на тоа озгора, го одра! Си го видоа есапо Штркле и попо: ѓавол го сотрел попетаната!

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com