ГОРНА КУЌА МОМИ ПРЕДАТ – лирска песна

Booking.com

Горна куќа моми предат
долна куќа Турци седат;
моми предат лав си прават:

коа бакната ил штипната,
коа в пазува посегната.
Одговори Џандавина:
-Фала богу до денеска
ни бакната ни штипната,
ни в пазува посегната!
Што ја дочу Асан-бего,
се промени невестинско
и си појде на вратата:
-Ој сестрице Џандавино,
отвори ми мала врата,
маш ме брка ќе ме бие,
му изгорев машко дете!
Се излага Џандавина,
му отвори мала врата,
 му кладоа да поседи
и фурката да попреде.
He ми седи како жена
туку седи како машко!
– Џандавино, посестримо,
ај постели да легнеме;
не постилај за двоица,
а постилај ти за еден
и за еден клај перница.
Си легнаа со невеста,
ја соломи ја содроби
и сокрши две јаболка,
две јаболка илинденски!
Ко ми стана Џандавина
устето и подгорело,
танка снага сокршена,
бело лице искасано,
руса коса измрсена!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Booking.com