Откријте го Мариово
ГОРСКИ БОСИЛЕК – NAPETA NUDA (ДИВ БОСИЛЕК, ДИВ ГОМНЕЛ)

Горскиот босилек е повеќегодишна зељеста билка која расте до 1 метар, има исправено четириаглесто стебло.

Листовите се јајчести и назабени на врвот остри.
Расте на суви, каменести места, планински ливади, до 1200 метри надморска висина.

gorski-bosilek

 

УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел, во време на цветење од јуни до септември.
во народната медицина се употребува против нервни болести, бидејќи делува смирувачки на нервниот систем, а особено при душевни заболувања, при кризни состојби за време на лекување на зависности, грутка во градите, тага, секирации, против несоница и смирување.
Билката има пријатен мирис и ги привлекува пчелите.
Народот вели: БИЛКА ЗА СÉ.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu