Откријте го Мариово

Готви моме, готви,
бре слатка вечера,
вечер ќе ти дојдам
на слатка вечера!

– Дојди лудо, дојди,
дојди да не дојдеш,
скорни да не носиш,
скорните тропајат,
калдрми ропајат,
мајка ќе не чуе
мене ќе ме кара.
 Сега не е тука
таја ми отиде
во горнине лозја,
грозје да набере,
грозје бубулина,
стара старушина,
за да ти дадеме,
тебе мило либе.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu