Извориштето на Градешка Река се наоѓа во подножјето на македонско – грчката граница, во планинската месност наречена Уруп, при што во горниот водотек се вика и Урупска Река.
Извориштето се наоѓа на 1.600 метри надморска височина. Нејзина притока е Коселска Река и други помали извори и чешми. Должината на самиот водотек на Градешка Река изнесува 26 километри.
Градешка Река во с. Градешница
Правецот на истекување е кон запад и тече низ с. Градешница, североисточно се пробива низ Старавинската клисура и од селото Зовиќ свртува кон север, каде се спојува со реката Сатока.
Мостот во близина на с. Зовиќ на Градешка Река
Од десната страна Градешка Река прима поголема притока, Бешишка Река. Зголеменото водотечение на Градешка Река се влива во Црна Река на котата од 410 м. и тоа низводно на 3 километри од Чебрен. Површината на сливот изнесува 116 км2. Во изворната делница падот на Градешка Река изнесува 7,28%, а на последната делница падот изнесува 5,58%.
Booking.com