Учесници: Група од над три деца или младинци.
Материјал: За секој учесник по еден стап.
Опис на текот на играта: Секој учесник од определена линија “откуцува” со својот стап, настојувајќи што подалеку да го оддалечи. Оној учесник што најмалку ќе го оддалечи својот стап од определената линија губи и затоа лежи со затворени очи и со лицето кои земјата.
Тогаш оној играч чиј стап бил најмногу оддалечен од линијата на “откуцување” ги зема еден по едеп стаповите удира по грбот на оној што лежи и пика: “Гррр чииј стап”?!. Задачата на играчот што лежи е да погоди за секој стап чиј е.
Штом ќе заврши со детекцијата на стаповите и со нив фрла по останатите играчи. Целта е да погоди некој од учесниците. Тогаш оној што е погоден лежи и играта се повторува, нo ако не погоди никој, тогаш лежи истиот играч.
Во оваа игра доаѓа до израз мотивот за успех и толерантпоста на неуспех. Но се развива и концентрацијата на вниманието при детекцијата па стаповите.
Преземено од:
„ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИГРИ НА ДЕЦАТА ВО МАРИОВО“
Автори: Стојан Ѓуровски, Прилеп
Стојан Дарковски, Скопје
Ристо Сукаровски, Битола
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com