За време на Првата светска војна, во близина на село Груниште се одвивала познатата битка за Грунишки Вис.
Грунишки Вис бил запоседнат од бугарската војска како стратешко место. Бугарите изградиле од камен многубројни бункери, митралески гнезда, ископале ровови во должина од неколку километри. Од другата страна, нивни противници биле Србите. Во составот на српската војска дејствувал и Одредот на српските доброволци, кој броел околу 2.000 борци, предводени од познатиот четнички војвода Војин Поповиќ викан Вук Војвода.
Српската војска била стационирана околу Груништа, a се војувало кај местото викано „Црна чука“.
Во текот на битката двете страни имале огромни човечки загуби.
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
На 29 ноември 1916. година при еден јуришки напад, кај местото викано „Сива Стена“ загинал Вук Војвода. Војвода Вук бил погребан во српските гробишта „Зејтинлук,, во Солун, од каде во 1923 година е подигнат и закопан во „Новите гробишта“ во Белград.
Во составот на Одредот на српските доброволци била и познатата српска четничка Милунка Савиќ, која ја преживеала битката за Грунишки вис.
Во рамките на селските гробишта во село Груниште, во горниот дел има над 50 гробишта од српската војска, од загинати во текот на битката. Исто така
и низ селото има десетина српски гробови со надгробни споменици.
Во средишниот дел на гробиштата погребан е висок бугарски старешина, генералот Климент Џеров. Загинал на 03.12.1916 година, во престрелка со српските доброволци,
во близина на с. Груништа, еден ден по погребот на Вук Војвода.
Посмртно бил унапреден во чин генерал.
Мртвото тело на генерал Климент Џеров
Погребот на генерал Климент Џеров во близина на црквата Св. Димитриј.
Гробот на генерал Климент Џеров
Интерес побудува фактот што за неколку дена, во Груништа згаснале животите на двајца значајни историски личности. Вук Војвода загинал на 29.11., a генерал Климент Џеров на 03.12.1916. година.
По завршувањето на битката „Кај завојот на Црна“ дел од српската и руската војска имале задача да се префрлат на Кајмакчалан, со комплетното наоружување. За таа цел, тие пробиле пат – крак за Груништа кај местото викано „Рамништето“ каде на Бела Река во близина на вирот „Лочката“ изградиле мост, кој месното население го нарекол „Рускиот Мост“. На мостот, од градителите поставена е плоча со посвета, датирана, која и денес може да се види. Исто така и во делот под мостот сеуште постојат 3-4 српски гробишта со надгробни споменици.
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
![]() |
From Груништа, Битолско Мариово |
Текст: Стојко Мишевски
Booking.com