Груништа (Grunista) – Битолско Мариово

Booking.com

Село Груништа се наоѓа на десната страна на Црна Река, на надморска висина од 742 м, 52 км од Битола.

grunista-mariovo-01

Во Груништа егзистираат две цркви, Св. Димитрија и Св. Петка.
Црквата Св. Димитрија е изградена 1860 година. Претходно во неколку наврати месното население се обидело да ја изгради, но истата била туркана од турските власти. До црквата има изградено камена камбанарија, а во рамките на црквата се и селските гробишта, каде се закопани српски и бугарски војници од Првата светска војна.
sv-dimitrija-grunista-mariovo-04
Црквата „Света Петка,, изградена е 1925 година од извесен Ристе Венин, кој на влезот на црквата поставил спомен плоча, која и денес се наоѓа на истото место. Во црквата има извор со вода, за кого месното население верува дека е света – лековита вода.
sv-petka-grunista-mariovo-02

За време на Првата светска војна, ова село се наоѓало на Солунскиот фронт и тука се одвивала познатата битка за Грунишки Вис. Грунишки

 

From Груништа, Битолско Мариово

Вис бил запоседнат од бугарската војска како стратешко место. Бугарите изградиле од камен многубројни бункери, митралески гнезда, ископале
ровови во должина од неколку километри. Од другата страна, нивни противници биле Србите. Во составот на српската војска дејствувал
и Одредот на српските доброволци, кој броел околу 2.000 борци, предводени од познатиот четнички војвода Војин Поповиќ викан Вук Војвода. Српската војска била стационирана околу Груништа, a се војувало кај местото викано „Црна чука“. Во текот на битката двете страни имале огромни човечки загуби.

Војвода Вук бил погребан во српските гробишта „Зејтинлук,, во Солун, од каде во 1923 година е подигнат и закопан во „Новите гробишта“ во Белград.

Во составот на Одредот на српските доброволци била и познатата српска четничка Милунка Савиќ, која ја преживеала битката за Грунишки вис. На 29 ноември 1916. година при еден јуришки напад, кај
местото викано „Сива Стена“ загинал Вук Војвода.

Во рамките на селските гробишта, во горниот дел има над 50 гробишта од српската војска, од загинати во текот на битката. Исто така
и низ селото има десетина српски гробови со надгробни споменици.
Во средишниот дел на гробиштата погребан е висок бугарски старешина, генералот Климент Џаров. Загинал на 03.12.1916 година, во престрелка со српските доброволци,
во близина на с. Груништа, еден ден по погребот на Вук Војвода. Посмртно бил унапреден во чин генерал.
Интерес побудува фактот што за неколку дена, во Груништа згаснале животите на двајца значајни историски личности. Вук Војвода загинал на 29.11., a генерал Климент Џаров на 03.12.1916. година.

По завршувањето на битката „Кај завојот на Црна“ дел од српската и руската војска имале задача да се префрлат на Кајмакчалан, со комплетното наоружување. За таа цел, тие пробиле пат – крак за Груништа кај местото викано „Рамништето“ каде на Бела Река во близина на вирот „Лочката“ изградиле мост, кој месното население го нарекол „Рускиот Мост“. На мостот, од градителите поставена е плоча со посвета, датирана, која и денес може да се види. Исто така и во делот под мостот сеуште постојат 3-4 српски гробишта со надгробни споменици. 

From Груништа, Битолско Мариово
From Груништа, Битолско Мариово
From Груништа, Битолско Мариово
From Груништа, Битолско Мариово
From Груништа, Битолско Мариово
From Груништа, Битолско Мариово

 Текст: Стојко Мишевски

 {oziogallery 253}

 

Број на жители по години:

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во

Име на селото

Груништа

Дефтер бр. 4 од 1476/77

Хане

6

Неженети

 

Вдовици

 

Годиш. приход

275

Дефтер бр. 16 од 1481/82

Хане

6

Неженети

 

Вдовици

 

Годиш. приход

163

Дефтер бр. 73 од 1519

Хане

18

Неженети

2

Вдовици

 

Годиш. приход

914

Дефтер бр. 149 од 1528/29

Хане

10

Неженети

2

Вдовици

1

Годиш. приход

639

Дефтер бр.232 од 1544/45

Хане

12

Неженети!

 

Вдовици

1

Годиш. приход

637

 

 

 

Вкупно

Македонци

Албанци

Турци

Роми

Власи

Срби

Бошњаци

Останати

Груништа 42) (-) 1948

240

..

..

..

..

..

..

..

..

Груништа 42) (Старавина) 1953

264

254

0

10

0

0

0

0

0

Груништа 42) (Мариово) 1961

225

223

0

0

0

0

2

0

0

Груништа 42) (Битола) 1971

84

84

0

0

0

0

0

0

0

Груништа 42) (Битола) 1981

26

26

0

0

0

0

0

0

0

Груништа 42) (Битола) 1991

20

20

0

0

0

0

0

0

0

Груништа 42) (Битола) 1994

3

3

0

0

0

0

0

0

0

Груништа (Старавина) 2002

3

3

0

0

0

0

0

0

0

Фуснота: 
Извор: Државен завод за статистика

 

СТАТИСТИЧКИ   ПОДАТОЦИ за Мариовската нахија во

Име на селото

Груништа

Дефтер бр. 4 од 1476/77

Хане

6

Неженети

 

Вдовици

 

Годиш. приход

275

Дефтер бр. 16 од1481/82

Хане

6

Неженети

 

Вдовици

 

Годиш. приход

163

Дефтер бр. 73 од1519

Хане

18

Неженети

2

Вдовици

 

Годиш. приход

914

Дефтер бр. 149 од 1528/29

Хане

10

Неженети

2

Вдовици

1

Годиш. приход

639

Дефтер бр.232 од 1544/45

Хане

12

Неженети!

 

Вдовици

1

Годиш. приход

637

Booking.com