НА НЕВЕСТА HA КОЈА САКААТ ДА И ГИ ПРЕДОЧАТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕВЕРНОСТ – лирска песна, свадбарска

Booking.com

Сневеста се Марко подиграва,

Подиграва, наговара

На негова премлада невеста:

Кога одиш на Дунав за вода,,

Кој ти крева кованото ведро,

Кој ти дава дунки и калинки?

Ми кревајат дунавките моми,

Ми давајат дунки и калинки.

Изнеси ми, бре млада невесто,

Да с промена, млада да с’нареда

Во твоето невестинско руо.

My изнесе млада Марковица,

My изнесе нејно бело руо.

Се промени Марко, се нареди,

Си опаша таја остра сабја

И си крена кованото ведро,

Ми отиде на Дунав за вода.

Се наведе Марко да залее

Се зададе Дојчин добер јунак:

Чекај, чекај, млада Марковице,

Да ти крена кованото ведро,

Да ти дада дунки и калинки!

Ни постоа Марко, ни почека,

Си извади сабја колаклија,

My пресече таја руса коса,

Си ја кладе в’кованото ведро,

Та си дојде Марко дури дома.

На невеста Марко и велеше:

Дали свекја, млада, ќе ми светиш?

Или слуга, млада, ќе ми служиш?

Ја не можа слуга да ти служа

Да н’ти чаша, Марко бре, преплна,

Ами свеќа, Марко, ќе ти света.

Тогај Марко бргу си соблече,

Си соблече нејно бело руо

И накладе оно до два огна,

А невестата меѓу ни а кладе

И зафати она да ми гори.

Ка изгоре горе до колена

Она удри молба да се моли:

Дали, Марко, тебе не т’је жалба

Тежка жалба за твојата става 29)

29) Бидејќи оваа песна продолжува уште, од неа се пеат само првите неколку стихови.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Booking.com