Имелата е полупаразитска зимзелена билка која има изгледа на грмушка.
Се развива на зимзелени и листопадни дрва. Лисјата се наспротни, дебели и без дршки. Цветовите се заленкасто-жолти. имелата цвета во март и април.
Плодовите се тркалезни бели лепливи бобинки и се отровни.
УПОТРЕБА:
За лек се употребуваат исушени лисја и млади гранки. Имелата се употребува во народната медицина, фито-терапијата и во научната медицина. Клинички е докажано дека имелата има хипотензивно дејство, а покрај тоа има и склеротично, кардиотолично и антитуморозно дејство. Имелата се употребува за регулирање на крвниот притисок, ја подобрува циркулацијата на крвта, запира крварење на бели дробови, артеросклероза, шеќерна болест, астма, епилепсија, одземеност, смирување на централниот нервен систем, тифус, зуење во уши, пореметување на видот, несвестица, лупање на срце, тешко дишење, стерилитет, а исто така лечи од рак, во комбинација со други чаеви.
Плодот од имела може да се користи за подготвување на мелем против замрзнатици на нос, прсти, уши и слично.
Имелата поволно дејствува на работата на жлездите и го поттикнува метаболизмот, поволно делува и на панкреасот и на хормоналните пореметувања.
НАЧИН НА ПРИПРЕМА:
1 супена лажица иситнета билка се става во 250 мл. ладна вода, и се остава да кисни 12 часа. Потоа се процедува, се загрева и се пие голтка по голтка.
Имелата во некои случаеви на предозирање може да предизвика труење и смрт, затоа да се употребува внимателно и под контрола на лекар.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com