Откријте го Мариово

Испадна Делчев војвода,
војвода во Шар Планина.
Таму ми најде овчарче,
овчарче младо чобанче.

Делчев му вели говори:
-Дејгиди младо овчарче,
дали не виде дружина?
Овчарче вели говори:
-Видов Делчев как не видов,
под една бука седеа,
рудо си јагне печеа,
лута ракија пиеја,
пушки манѕерки чистеа,
тебе те Делчев думаа:
-Нема го Делчев да дојде,
да руча јагне печено
да пие лута ракија,
да чисти пушка манѕерка
во борба за да влеземе!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: комитска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu