Откријте го Мариово
Итар Пејо и Анџиката Стојна – хумор од Мариово

Пејо беше познат во Мариово и Прилеп и како маж кого го сакаат посестримите поради неговата како тие велеле машкост.

Анџиката Стојна од Прилеп дознала оти со Пејо може да си офнува од наслада колку што си има прсти и отповеќе. Таа го подлажила, го втерала во аурот, го легнала на сламата и му наредила да трае се додека не изофка колку што си има прсти. Пејо прашал како ќе знае колкупати е офнато, а таа му одговорила дека за секое леснење ќе има по еден прст свиткување. Пејо простичок и добричина чинел како му се наредило. Анџиката нечесна и алчна го лажела: за две офкања еден прст виткање, и го осудувала оти не знае да брои до десет. Пејо се сложил со нејзиниот напад и и предложил да отпочнат со прсти виткање отпочеток. Кога слушнала за предлогот се стаписала и побегнала.

itar-pejo-mariovo 

Преземено од:

„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“

Автор: Трајко Огненовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu