Откријте го Мариово
Итар Пејо и богатата англичанка – хумор од Мариово

Bo Австралија Пејо ce вработил прво кај една богата Англичанка. Работата не била тешка, ама смешна, што велел тој.

Во летно време кога сонцето печело таа одела на плажа каде што се капеле голи без ништо на снагата. Пејо облечен во куси гаќи одел по неа и носел куферче со кремови, крпи и други марифети за мачкање и триење, чадор за сонце, разни сламени шамки, гумени работи кои и тој отпрво не им ги знаел ни името, ни употребата. Оди Пејо по неа и се варди да не го видат нашинците. А тие (Мариовци) чиниш се смешале со народијата гола и очи не видат од Пејка нивни. Англичанката ќе одберела ситен песок, и ќе му покажела на Пејо, а тој ќе го наместел сонцебранот, ќе испостелел и откако таа ќе се спружела ќе почнел да ја мачка со разни мачкала. Мачка Пејо и трие од горе до долу по плеќите, крстот, дебелите месишта, ноѕете и пак од почеток. После таа ќе се превртела на плеќите и мачкањето продолжувало. Таа се кроти и се смешка. Кога ќе дојдел со триење таму долу, кај што била лепена, демек кај срамното место, ќе вртел околу него загледан во волништето. Сеирџиите мариовски ќе се доближеле до него и го задирале: “Што правиш бре Пејко?”. А тој “Орам”, “Ами кога ораш бре ископачи ги трљето?”. “Кои трње бре простаци?”. А тие: “Овие море кај што ја држиш раката!”. Кога ќе видел Пејко каде му е раката, кај што не е голо, ами обраснато, ќе се здрвел од срам и ќе ги збркал. Од тој ден Пејо го викале “Пејо бањарот и мачкалото”. Такви се Мариовци негови, свој леб јадат, туѓи трље, демек срамни месишта гледаат”, се лутел човеков и од нив бегал ден далеку за да не го задираат. (раскажал: Перо Миленковски, во Битола во 1988 година).

 itar-pejo-mariovo

Преземено од:

„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“

Автор: Трајко Огненовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu