ИТАР ПЕЈО И ГОСТИЛНИЧАРОТ – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com
ИТАР ПЕЈО И ГОСТИЛНИЧАРОТ
Пошол Пејо една сабота на пазар во Прилеп со своите Мариовци и излегол в чаршија да се прошета и да ја разгледа. Се запрел пред една гостилница: вриеле тенџерињата со разни манџи. My потекле слинки од убавата миризба, ама немал парички да влезе да повечера. Затоа си извадил од торбата едно парче лебец и отишол кај тенџерињата и почнал да си го топи лебецот на пареата што излегувала од нив, та така поомекнат почнал да си грицка од него. И таман сакал да се истави од тенџерињата, почнал гостилничарот да му вика однатре:
– Еј, побратиме, камо пари што си го натопли лебот?
Пејо се зачуди што му побара пари кога не сркна ни една лажица од манџата. Но гостилничарот истрча надвор и го грабна да го тресе и да му бара да плати за пареата. Пејо почна да се брани и да докажува дека нема зошто да плаќа, но овој го нападна и му рече:
– Ќе платиш како попче што си го натопли лебот. Ако не беше оганот под тенџерињата, немаше да има пареа, а за огнот се потребни дрва за кои јас сум дал пари. И затоа ќе платиш, или ќе ти удрам десет стапови.
Виде Пејо дека на правина ќе јаде ќотек и почна да мисли, па наеднаш ја погледна својата сенка од вечерното сонце и му вели:
– Е, добро де, добро. Ќе ми удриш, ќе ми удриш. Ајде земај го стапот.
Гостилничарот изнесе еден голем стап и сакаше да го налегне Паја за да му ги удри десетте стапови, но Пејо го фати за раце и му вели:
– Удри, побратиме, ако сакаш и сто стапови, по мојата сенка, зашто ако не сум овдека нема да ја имаше и неа.
Сите присутни слатко се насмеаја и го пофалија Пеја, а гостилничарот го викна во гостилницата и го навечера од најслатките манџи поради мудрата Пејова одбрана.
 
Дошол другпат Пејо кај гостилничарот и си порачал една ваганка манџа да си појаде. Кога се наручал Пејо, дошол гостилничарот, си ја зел ваганката и лажицата и му побарал пари за манџата, велејќи:
– Е, побратиме, некни ме измами ти и не плати што си го натопли лебот на пареата, ама сега не можеш да мрткаш. Давај го грошот ваму.
Гледајќи го Пејо како си ги собира ваганите и лажиците, наеднаш се присети на некаква досетка и го извади грошот. Но наместо да му го тури во раката на гостилничарот, тој го удри силно од масата и веднаш си го зеде назад и си го тури в џеб, велејќи:
– Мене грошот, а ти земи си го звукот од него, зашто и ти си ги прибра ваганките и лажицата.
Кога гостилничарот почна да протестира што не плаќа, Пејо го потсети на понапрежниот случај со пареата, па му вели:
– Да не беше мојот грош, немаше да има и звук – и пак измрда од плаќањето.

Пошол Пејо една сабота на пазар во Прилеп со своите Мариовци и излегол в чаршија да се прошета и да ја разгледа. Се запрел пред една гостилница: вриеле тенџерињата со

разни манџи. My потекле слинки од убавата миризба, ама немал парички да влезе да повечера.

Затоа си извадил од торбата едно парче лебец и отишол кај тенџерињата и почнал да си го топи лебецот на пареата што излегувала од нив, та така поомекнат почнал да си грицка од него.

И таман сакал да се истави од тенџерињата, почнал гостилничарот да му вика однатре:

– Еј, побратиме, камо пари што си го натопли лебот?

Пејо се зачуди што му побара пари кога не сркна ни една лажица од манџата.

Но гостилничарот истрча надвор и го грабна да го тресе и да му бара да плати за пареата.

Пејо почна да се брани и да докажува дека нема зошто да плаќа, но овој го нападна и му рече:

– Ќе платиш како попче што си го натопли лебот. Ако не беше оганот под тенџерињата, немаше да има пареа, а за огнот се потребни дрва за кои јас сум дал пари.

И затоа ќе платиш, или ќе ти удрам десет стапови.

Виде Пејо дека на правина ќе јаде ќотек и почна да мисли, па наеднаш ја погледна својата сенка од вечерното сонце и му вели:

– Е, добро де, добро. Ќе ми удриш, ќе ми удриш. Ајде земај го стапот.

Гостилничарот изнесе еден голем стап и сакаше да го налегне Паја за да му ги удри десетте стапови, но Пејо го фати за раце и му вели:

– Удри, побратиме, ако сакаш и сто стапови, по мојата сенка, зашто ако не сум овдека нема да ја имаше и неа.

Сите присутни слатко се насмеаја и го пофалија Пеја, а гостилничарот го викна во гостилницата и го навечера од најслатките манџи поради мудрата Пејова одбрана.

itar-pejo-mariovo
Дошол другпат Пејо кај гостилничарот и си порачал една ваганка манџа да си појаде.

Кога се наручал Пејо, дошол гостилничарот, си ја зел ваганката и лажицата и му побарал пари за манџата, велејќи:

– Е, побратиме, некни ме измами ти и не плати што си го натопли лебот на пареата, ама сега не можеш да мрткаш. Давај го грошот ваму.

Гледајќи го Пејо како си ги собира ваганите и лажиците, наеднаш се присети на некаква досетка и го извади грошот.

Но наместо да му го тури во раката на гостилничарот, тој го удри силно од масата и веднаш си го зеде назад и си го тури в џеб, велејќи: