Откријте го Мариово
ИТАР ПЕЈО И НЕГОВИТЕ НАСЛЕДНИЦИ – смешки и шеги

Работел Пејо долги години и најпосле затиштил и тој извесна сумичка пари. Затиштил и се задумал што да прави со нив.

 „Да ги купам земја (ниви, ливади), им помина модата; само даноци да плаќам на гладно срце” — си заклучи правилно Пејо. „Да ги оставам на банка, и најмалите (децата мои), макар и потсвесно, ќе чекаат што побргу да умрам за да наследат по нешто од оваа моја готовинка.

За да не дојде до таму (децата да чекаат да умре) Пејо реши да им ги раздели парите дури е жив. И ги повика сите.

„Еве, синковци, ќерки, зетови, снаи. Еве колку пари имам. Ви делам дури сум жив, да не чекате да умрам. Ви ги давам парите, но ве задолжувам сите подеднакво да учествувате во трошоците околу погребот мој”.

Co овој аманет Пејо сакаше да ги натера своите наследници да молат бога да си живее подолго време, едно, како родител да не ги задолжи,а друго, да не ги клава во трошок околу погребот. И, навистина, и тие така си мислеа и се разговараа:

—           Mope, нека си живее стариот подолго да не не кладе во мастрав околу погребот,

—           велеше едниот му син на сестра си. — И така нема што да наследиме по неговата смрт; тоа што беше, еве, ни го подели на животи.

И сосема наместо му беше зборот. Нека си живее Пејо и сто години ако му дал господ век. Никој немаше зошто да го чека да умира.

Арно ама, другаот му син дојде на друга мисла:

—           Mope што да се протегнува таа работа со години? Гледајте да се сврши дури имаме по некој динар од овие што ни ги даде тој. Инаку (ако поживее подолго), ќе ги потрошиме овие, па ќе треба од наши да даваме.

И сите се сложија со овој предлог, само Пејо, се разбира, HE.

—           Да си поживеам јас уште десетинадваесет години, после кој сака нека умира,

—           одговори Пејо, кога се поткрена ова прашање по негова адреса!

 itar-pejo-mariovo

Преземено од: Раскази I том, СОБРАНИ ДЕЛА

Автор: СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник: ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

Редактор: ДИМИТАР МИТРЕВ

НИК „НАША КНИГА’ СКОПЈЕ, 1976

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu