ИТАР ПЕЈО И СТАРИОТ АРАМИЈА – хумор од Мариово

Booking.com
ИТАР ПЕЈО И СТАРИОТ АРАМИЈА
Некојси прочуен арамија слушнал за итроштините на Пеја Итроманецот и решил да го испроба својот- арамиски- занает. Го нашол еден ден в чаршија и му предложил да го научи да краде.
– Добро – му одговорил Пејо, мислејќи си во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе. И тргнал со арамијата.
Поткраднале што поткраднале ситни работи по чаршијата, отишле и в село. И тука украле по некое јагне, jape, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пеја и за оваа работа, и решил да го подложи на најзрел испит, па му рекол:
– Знаеш што, Пејо. Ти го испече донекаде мојот занает, но денеска треба уште нешто да ти кажам и да те испробам, па ако излезеш и тука како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот. Ене ондека на врбана има страчкино седело, во него има јајца на кои лежи страчката. Гледај ти сега како ќе и ги украдам јас јајцата, а да не сети страчката и да летне. – И се качил стариот арамија, го продупил седалото одоздола и и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне.
Арно ама, во тоа време Пејо се качил по него. Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека-полека му ги збутнал, та слегол и ги скрил во трњето крај врбите.
Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол:
– Дај ми ги, Пејо, бечвите и оди ми со здравје. Го положи и овој испит одлично.
Така Пејо здобил уште еден занает, но никогаш со него не се користел, зашто не бил арамија по душа.

Некојси прочуен арамија слушнал за итроштините на Пеја Итроманецот и решил да го испроба својот- арамиски- занает. Го нашол еден ден в чаршија и му предложил да го научи да краде.

– Добро – му одговорил Пејо, мислејќи си во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе.

И тргнал со арамијата.Поткраднале што поткраднале ситни работи по чаршијата, отишле и в село.

И тука украле по некое јагне, jape, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пеја и за оваа работа, и решил да го подложи на најзрел испит, па му рекол:

itar-pejo-mariovo

– Знаеш што, Пејо. Ти го испече донекаде мојот занает, но денеска треба уште нешто да ти кажам и да те испробам, па ако излезеш и тука како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот. Ене ондека на врбана има страчкино седело, во него има јајца на кои лежи страчката.

Гледај ти сега како ќе и ги украдам јас јајцата, а да не сети страчката и да летне.

– И се качил стариот арамија, го продупил седалото одоздола и и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне.

Арно ама, во тоа време Пејо се качил по него.

Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека-полека му ги збутнал, та слегол и ги скрил во трњето крај врбите.

Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол:

– Дај ми ги, Пејо, бечвите и оди ми со здравје.

Го положи и овој испит одлично.

Така Пејо здобил уште еден занает, но никогаш со него не се користел, зашто не бил арамија по душа.

Booking.com