Како сите владици, така и битолскиот ја посетуваше својата „паства” барем еднаш годишно, та еден ден тргна и по Мариово. Патот го одведе и во Пејовото село Градешница.
Селаните го пречекаа, како што се пречекува владика: со зелници, со мазници, со кокошки, со јајца итн., и му се испоплакаа од разни зулумџии, та дојде редот да му се поплачат и од Пеја.
– Каде не газат агите и беговите, дедо владика -рече коџобашијата – па и од овој нашиов Пеја дерман немаат селаните.
Често ги напаѓа, ги кара, та дури и ги пцуе.
Ни е стемнето понекогаш пред очите, та ни иде да се селиме од селото.
My расправи за разни Пејови кавги и пцости, и во името на селаните го помоли владиката да му го бара чарето на Пеја, ако не сака сите да го напуштат селото.
Владиката. како владика, ја сфати сериозно работата, ги смири селаните и му нареди на протуѓерот да му го викне Итар Пеја.
Овој му кажа на Пеја дека селаните се жалат на него и дека ќе треба да се поправи. да не ги навредува, да не ги кара и пцуе.
– Така си е, дедо владика – одговори Пејо.
-Ама послушај ме и мене што ќе речам, па после пресуди.
И почна да си ги брани своите постапки:
– Ако молчи човек кога моите селани тресат глупости, го прават будала.
Ако почне да им се смее, што си заслужуваат, го прават улав.
А еден умен човек не може да дозволи будалите да го прават од нив побудала и да го газат како што сакаат тие, та ќе гледа некако да се одбрани.
И мравката, што е мравка ако ја нагазиш, ќе се заврти да те укаса: а не пак јас жив човек!
Морам со нешто да се бранам, па најпосле дури и со пцости.
А дека тие го заслужуваат, ќе се увериш и сам ако сакаш.
Кога го ислушал владиката Пеја, му рече:
– Добро, Пејо. Ги слушнав тужбите од селаните, те слушнав и тебе, но јас би рекол да се откажеш ти од тој твој табиет и да не се караш со нив.
– He може, дедо владика, не може!
Треба да сум глув или спеп,па да не ги слушам и да не ги гледам нивните глупости, та да не им давам по капата.
Нека излезе некој од моите селани и нека докаже пред тебе дали сум го навредил без причина?
Тогаш, еве, овде е тенко – и покажа на својот дебел врат – земи го ножот, заколи ме на сретсело.
Владиката поразмисли малку па му рече:
– Слушај, Пејо. Бидејќи сите селани викаат на тебе, а за да се смири селово, ќе дојдеш ти со мене. a јас ќе се погрижам да те одучам од таа мана.
Пејо се согласи и тргна со владиката по другите мариовски села.
Уште на крајот на Пејовото село владиката му даде едно бело камче на Пеја и му рече:
– Кога ќе се налутиш нешто и гледаш дека не ќе можеш да се воздржиш, клај го камчево в уста и држи го под јазик дури да ти помине лутината.
Пејо го послуша владиката и го кладе камчето во устата уште тука, та цело време не проговори ни збор.
На враќање патот го наведе владиката пак преку Пејовото село и Пејо излезе до крај село да го испрати и да се прости со него.
Токму на излегување од селото, од последната куќа истрча едно девојче пред владиката и почна да го моли:
– Дедо дуовниче, дедо попе – мислејќи дека владиката е некој калуѓер или поп.
– Мајка ми многу те моли да почекаш малку.
Запрета една погача во огнот и ете бргу ќе биде готова, ќе ти ја донесе да ти се најде за патем.
– Тоа го рече девојчето и си отрча дома.
Владиката застана со сета дружина на патот да јачека топлата погача.
Помина доста време, но од куќата никој не излегуваше.
Најпосле почна да вика владиката:
– Ајде моме, ајде побргу, ќе задоцниме. Далеку е Битола.
На тоа викање излезе девојчето на вратата и почна да се смее:- Ха, ха, ха!
Ама сте биле будали! Та каква погача чекате?
Таман мајка ми почна да ја насадува квачката и си рече:
..Их. да има сега некој поп да излажам, сите пилиња црни ќе ми се испилат”. и вие поминавте па јас ве излагав.
Туку одете си. одете си, не чекајте ја погачата. зашто не е ни месена, a камоли печена. – и се скри дома смеејќи се слатко.
– Е, дедо владика?
Што ќе речеш ти сега на ова?
Да го плукнам ли сега камчево?
– му се обрати Пејо.
Овој се насмевна, го благослови Пеја и му рече:
– Оди. Пејо, и прави како што си правел и досега.
Ти си умен и итар човек.
Така Пејо го испратил владиката и се вратил да се расправа со селаните.
II
Кога одел Итар Пејо со владиката по мариовските села овој го навредил нешто Пеја, и Пејо, по свој обичај, не сакал да му остане должен, ами намислил веднаш да му се одмазди. Почнал да мисли како ќе го стори тоа и го скроил планот.
Кога беа близу до едно од мариовските села, Пејо го помолил владиката да го пушти малку понапред, да му соопшти на попот дека иде владиката, да се потсуреди домаќинката, да ја подзачисти куќата, да позамете, па… нешто и за вечеринка да приготви. He е шега – владиката иде.My се свиде на владиката предлогот од Пеја и му дозволи.На разделбата Пејо како да се поприсети нешто, се врати и му вели на владиката:
– Знаеш што, свети владика. Попчето во ова село има стар татко на кого непара му се дослушува, та ако дојде редот со него да проговориш некој збор, ќе треба повеќе да подвикнуваш ако сакаш да те слушне.
– Добро – рече владиката и си го кладе в ум ова што му го кажа Пејо.
Пејо се раздели од владиката и неговата дружина и се истрча напред да му јави на попот дека вечер ќе има гостин владика.
Но не заборави потајно, со дикат, да му шепне на стариот попов татко дека владиката е глув, та ако сака нешто да проговори со него, ќе треба мошне да подвикнува ако сака да го чуе и да го разбере.
И стариот си го кладе ова во умот.И, како што се пречекува владика, излезе попот со фамилијата и со други селани пред портата. Владиката го виде старецот и се сети што му рече Пејо за него – дека ќе треба да подвикне кога ќе зборува со него.
А и старецот исто, та почнаа да се надвикуваат.
– Добро вечер, старчееееее – почна прв да вика владиката колку што може и не може.
Старецот го слушна силниот глас на владиката и си помисли:
„Навистина бил глув”, та со уште посилен му одговори:
– Дал ти бог, добро, свети владикоооооо!
– Како си, старчееееее!
– Сполај богу, свети владикоооооо!
– Што правиш, што чиниш, се крепиш ли со староста?
– го распраша владиката старецот со викање, а овој со уште посилен глас му одговараше.
„Навистина бил глув стариов”, си помисли владиката кога го слушаше стариот како вика.Влезе владиката дома, седна на поставената трпеза, стариот како домаќин седна спроти него, водат разговор за разни работи, но куќата се цепи од викотници.
Најпосле му удри в ум на владиката да го праша стариов:
– Ами одамна ли си глув, старчеееее?
Овој запна уште повеќе да вика и му одговори:
– Ами јас не сум глув, туку ти одамна ли си глув!?
Владиката ја разбра работата и го спушти гласот па му вели:
– А бре и јас не сум глув, туку на душа нека не има Пејо.
Обајцата си ги искинавме гркланите викајќи.
Нејсе, нејсе. Пејова работа.
Навистина човек со него не требало да сади краставици – се насмевна владиката и го симна гласот и разговорот почна „како господ што рекол”, пополека.
За сето ова време Пејо и другите селани во другата одаја се држеа за стомак кога ги слушаа како се надвикуваат владиката и стариот попов татко.
Booking.com