Откријте го Мариово
ИТАР ПЕЈО КМЕТУВА – хумор од Мариово
ИТАР ПЕЈО КМЕТУВА
За време на Првата светска војна навратија неколку бугарски војници во Пејовото село и го побараа кметот.

За време на Првата светска војна навратија неколку бугарски војници во Пејовото село и го побараа кметот.

Кметот Пејо се истрча и учтиво ги праша со што може да ги услужи јунаците. Еден од војниците се претставил како водач на дружината и во името на законот и власта побара од Пеја веднаш да му најде пет-шест магариња за да може некои работи да пренесе до фронтот.

itar-pejo-mariovo

Кметот, како одговорно лице, ја прими наредбата и им вети дека ќе ја исполни, но рече дека тешко ќе оди таа работа, бидејќи селото е малечко, малку добиток има, па и тоа што е, нема достатно спрема – самари. Им го рече ова и ги замоли да останат тука пред крчмата, а тој ќе оди да ја изврши работата.
Како секое село, така и Пејовото имаше зборно место. И Пејо се качи на ритчето откаде што мо-жеа да го слушаат селаните и откаде што ги издаваше сите наредби; го издолжи долгиот врат, собра воздух во градите и извика колку што може посилно:
E, u, u, u, j, Селани брееееееј, yyy ooooo!
Дојдоа Бугариња, сакаат магариња, брееј!
Кој има магариња со самарчиња
Нека тера низ долина!
Кој има магариња без самарчиња
Нека тера пред општинааааааааааа!
Сите селани многу убаво го разбраа и ја извршија неговата наредба. За неполн час сите што имаа способен товарен добиток веќе беа низ долиштата, а оние што имаа по некое доодено, мршаво, криво, слепо и без самар, ги дотераа пред општината.
Се разбира, дека ниедно не можеа Бугарињата да земат, зашто требаше и него да го носат, а не да го товарат.
Така кметот Пејо ја изврши наредбата од воените власти и ги спаси своите селани од јавен грабеж.
 
 
 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu