ИТАР ПЕЈО ЛЕКУВА СЕЛАНЕЦ УКАСАН ОД ЗМИЈА – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com
ИТАР ПЕЈО ЛЕКУВА СЕЛАНЕЦ УКАСАН ОД ЗМИЈА
Во Пејовото време живееле двајца браќа, и, како сите живи луѓе, и тие купувале сол. Арно ама, им се видела солта скапа, та гледајќи како расте житото, решиле да посеат и сол и да не даваат пари за неа. Намислиле и направиле. Посеале цела нива сол, но на нивно „големо чудо” не никнала.
„Ајде, белки семето не чинеше оваа година -си рекле браќата и в година посеале друго семе, поодбрано, но и тоа не никнало. На третата година -исто. Најпосле си рекле браќата:
„Треба нешто да го јаде семето во земјата та што не никнува” и отишле на нива да видат што може да го јаде ова семе.
Почнале да копаат и случајно удриле на една змија.
– Ах, еве го штетникот! – радосно извикале браќата во еден глас. Но за да се уверат дека змијата им го упропасила семето, едниот брат му рекол на другиот:
– Чекај, јас ќе ја лизнам змијата, да видам дали е солена. Ако е солена, значи таа го јаде семето. – И се наведнал да ја лизне змијата. Но како секоја змија, така и оваа, гоукасалаовега за јазикот. Отровот си го направил своето, и овој почнал да стенка, да офка и да се грчи од болки и тежини и да фрла пена од устата.
Здравиот брат се видел в чудо и почнал да го прашува укасаниот што сака да касне.
Извадил од торбата лен и му подал, но тој ни да го помириса.
– Белки сакаш лук, бре брату? – го прашал здравиот и му дал едно главиче лук, но болниот и него не го помирисал. Најпосле го качил на магарето и го однесол дома да го лекува.
Mope, му баеле бајачки; море, го пеал попот за здравје; море, го понадувале со разни понади – но нема лек од ништо.
Ех, кога ни тиква што е тиква не јаде, значи болеста е неизлечива, утврди една од бајачките.
Најпосле се сетил некој од присутните да го викаат Пеја Итроманецот. Тој ако не најде лек, отиде човекот, нема спас.
Пратија човек и по Пеја, и тој дојде. Го разгледа болниот убаво – убаво, ја разбра работата, па им вели:
– Тешка болест, ама ќе се обидам – и го побарал ножот што ги колат маториците. Го понаострил од плочата под огниште и му го даде на брат му:
– На – рече – пресечи му ја главата, да се спаси телото, па после јас друга ќе му турам, ако остане жив.
Мавна братот и му ја отсече главата на болниот брат.
Почекаа сите околу трупот и бидејќи тој без глава не мрдна. Пејо немаше зошто да му клава друга глава на мртвото тело.

Во Пејовото време живееле двајца браќа, и, како сите живи луѓе, и тие купувале сол. Арно ама, им се видела солта скапа, та гледајќи како расте житото, решиле да посеат и сол и да не даваат пари за неа.

Намислиле и направиле. Посеале цела нива сол, но на нивно „големо чудо” не никнала.

„Ајде, белки семето не чинеше оваа година -си рекле браќата и в година посеале друго семе, поодбрано, но и тоа не никнало.

На третата година -исто.

itar-pejo-mariovo

Најпосле си рекле браќата:

„Треба нешто да го јаде семето во земјата та што не никнува” и отишле на нива да видат што може да го јаде ова семе.

Почнале да копаат и случајно удриле на една змија.

– Ах, еве го штетникот! – радосно извикале браќата во еден глас.

Но за да се уверат дека змијата им го упропасила семето, едниот брат му рекол на другиот:

– Чекај, јас ќе ја лизнам змијата, да видам дали е солена.

Ако е солена, значи таа го јаде семето.

– И се наведнал да ја лизне змијата.

Но како секоја змија, така и оваа, гоукасалаовега за јазикот.

Отровот си го направил своето, и овој почнал да стенка, да офка и да се грчи од болки и тежини и да фрла пена од устата.

Здравиот брат се видел в чудо и почнал да го прашува укасаниот што сака да касне.

Извадил од торбата лен и му подал, но тој ни да го помириса.

– Белки сакаш лук, бре брату? – го прашал здравиот и му дал едно главиче лук, но болниот и него не го помирисал.

Најпосле го качил на магарето и го однесол дома да го лекува.Mope, му баеле бајачки; море, го пеал попот за здравје; море, го понадувале со разни понади – но нема лек од ништо.

Ех, кога ни тиква што е тиква не јаде, значи болеста е неизлечива, утврди една од бајачките.

Најпосле се сетил некој од присутните да го викаат Пеја Итроманецот.

Тој ако не најде лек, отиде човекот, нема спас.Пратија човек и по Пеја, и тој дојде.

Го разгледа болниот убаво – убаво, ја разбра работата, па им вели:

– Тешка болест, ама ќе се обидам – и го побарал ножот што ги колат маториците.

Го понаострил од плочата под огниште и му го даде на брат му:

– На – рече – пресечи му ја главата, да се спаси телото, па после јас друга ќе му турам, ако остане жив.

Мавна братот и му ја отсече главата на болниот брат.

Почекаа сите околу трупот и бидејќи тој без глава не мрдна.

Пејо немаше зошто да му клава друга глава на мртвото тело.

Booking.com