ИТАР ПЕЈО МУ ВАДИ ЗАБ НА СЕЛАНЕЦ – хумор од Мариово

Booking.com

Еден од Пејовите селани го заболел заб. Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја. Отишол и го праша:

—           Знаеш ли, Пејо, да вадиш заб?

—           Знам како да не знам, — одговори Пејо. — Од тоа полесно што има? Само ти седни на столчево и биди мирен, — и му го подаде смрековото столче со три нозе на кое беше провртена на средината дупка да си ги закачуваат жените вртешките кога вијат основа или јаток.

Седна селанецот, а Пејо се засука да работи. Наостри еден кол и го заколка во земјата пред селанецот. Потоа осука еден дебел конец и го врза едниот крај за колот, а другиот за забот од селанецот. Се заврте зад He¬ro и си зеде една игла бабушка та полекаполека го боцна од дупката од столот, а забот остана на конецот.

Фаќајќи се селанецот за боцнатото место почна да вика:

—           Тиии! Колкав корен имал овој заб, дури долу ме заболе, — и си отиде задоволен од Пејовиот мајсторлак, уверен дека коренот од забот бил долг дури до дебелото месо и дека болките од иглата се болки од извадениот заб.

 itar-pejo-mariovo

Преземено од: Раскази I том, СОБРАНИ ДЕЛА

Автор: СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник: ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ

Редактор: ДИМИТАР МИТРЕВ

НИК „НАША КНИГА’ СКОПЈЕ, 1976

Booking.com