ИТАР ПЕЈО МУ ВАДИ ЗАБ НА СЕЛАНЕЦ – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com
ИТАР ПЕЈО МУ ВАДИ ЗАБ НА СЕЛАНЕЦ
Еден од Пејовите селани го заболел заб Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја?! Отишол и го прашал:
– Знаеш ли, Пејо, да вадиш заб?
– Знам, како да не знам – одговорил Пејо. – Ор тоа полесно што има? Само ти седни на столчево и биди мирен – и му го подаде смрековото столче со три нозе на кое беше провртена на средината дупка да си ги закачуваат жените вртешките кога вијат основа или јаток.
Седна селанецот, а Пејо се засука да работи. Наостри еден кол и го забоде во земјата пред селанецот. Потоа исука еден дебел конец и го врза едниот крај за колот, а другиот за забот од селанецот. Се заврте зад него и си зеде една игла бабушка та полека-полека го боцна од дупката од столот, а забот остана на конецот.
Фаќајќи се селанецот за боцнатото месо почна да вика:
– Т-и-и-и! Колкав корен имал овој заб, дури долу ме заболе – си отиде задоволен од Пејовиот мајсторлак, уверен дека коренот од забот бил долг дури до дебелото месо и дека болките од иглата се болки од извадениот заб.

Еден од Пејовите селани го заболел заб Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја?! Отишол и го прашал:- Знаеш ли, Пејо, да вадиш заб?- Знам, како да не знам – одговорил Пејо.

– Ор тоа полесно што има? Само ти седни на столчево и биди мирен

– и му го подаде смрековото столче со три нозе на кое беше провртена на средината дупка да си ги закачуваат жените вртешките кога вијат основа или јаток.

Седна селанецот, а Пејо се засука да работи.

Наостри еден кол и го забоде во земјата пред селанецот.

Потоа исука еден дебел конец и го врза едниот крај за колот, а другиот за забот од селанецот.

Се заврте зад него и си зеде една игла бабушка та полека-полека го боцна од дупката од столот, а забот остана на конецот.

Фаќајќи се селанецот за боцнатото месо почна да вика:

– Т-и-и-и! Колкав корен имал овој заб, дури долу ме заболе – си отиде задоволен од Пејовиот мајсторлак, уверен дека коренот од забот бил долг дури до дебелото месо и дека болките од иглата се болки од извадениот заб.

itar-pejo-mariovo

Booking.com