Итер Петре поитер од Насрадин-оџа! – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Итер Петре ош како дете ошол од Градешница, од Маријово — од тамо бил роден, слугинче кај Насрадин-оџа да биди.

Насрадин-оџа ји учил децата, а детето Итер Петре било поитро од него! Од тоа на оџата му било криво. Једен ден му веле Насрадин-оца на друзите деца шо училе при него: „Децо, да идете вије дома, по једно јајце да си земите од кyќa”. Отидоа, зедоа. И му веле Насрадин -оџа на децата: „Ај, сеа да ми снесите по едно јајце сите, и да викате: „„Кат-ка-дар, кат-ка-дар, кат-ка-дар!” А кога ќe станете, под секоје дете јајце да најдам!” Сторија. И ‘вије сите снесоа пo једно јајце — од дома земено, и викат: „Кат-ка-дар, кат-ка-дар, кат-ка-дар! Сите снесоа, а негово слугинче Итер Петре немал јајце! И, за да не му рече оцата: „Оти не ми снесе јајцето?” — он си плусна раците, како петле со крилја, и му викна: „Ку-ку-ри-гу!” А оџата му вика: „Камо ти јајце тебе !
— „Е, вије се кокошки, a јаз сум петел: без петел можат ли кокошки да бидат?!” И детето Итер Петре, ош малечко кога беше, па поатик, па поитер испадна од Насрадин-оџа, тогај и довек!

 

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com