ИТАР ПЕЈО НЕ ГЛЕДА НОЌЕ – хумор од Мариово

Booking.com
ПЕЈО НЕ ГЛЕДА НОЌЕ
Го виде нашиот Пејо жешкото на фронтот и почна да си крои план како да измрда некоја и друга недела.

Го виде нашиот Пејо жешкото на фронтот и почна да си крои план како да измрда некоја и друга недела. Крои – шета, не знае што мана да си најде и најпосле дувна во тутунарката која беше полна тутун и си ги наполни очите.

Ги растрлка и ги закрваве, па му се јави на лекарот.

 Какво има, бре момче? – го праша четниот санитар, гледајќи го инаку здрав.
itar-pejo-mariovo
 He ми се види ноќе, господине поручник, очите ме болат нешто – одговори Пејо и ги овргали големите граорести очи.
Поручникот го изгледа сомнително, но бидејќи не беше специјалист за очи, го испрати во локалната амбуланта. Оттаму во дивизиската болница, но и тука се кажа дека нема специјалист за очи, ниту пак инструменти – апарати за проверка. А Пејо секаде вика дека ноќе не му се гледа.
Мораа да го Испратат дури во Софија кај специјалист – очен лекар.
Се повтори прашањето „какво има, бре момче?” и одговорот „не ми се гледа ноќе, господин докторе”.
Лекарот се насмевна незабележително и го воведе во една темна одаја каде што изврши подробен преглед. Кога сврши прегледот го удри по плеќи и му рече:
– И мене не ми се гледа ноќе, момче. Но нели си дошол дотука, еве ти два месеца боледување да се одмориш и не турај тутун во очите да не престанеш да гледаш и дење.
Така Пејо протутна два месеци далеку од окопите меѓу своите Мариовци и Мариовки во родното место.
Booking.com