Откријте го Мариово
Итар Пејо нудист – хумор од Мариово

Пејо, како и сите нудисти во Австралија во слободното време, кога Англичанката се одмарала се слекол огул гол,

легнал и се покрил со песок, оставајќи ја само главата да му ја пече сонцето и да гледа голи жени. Врви една: прескокни го, друга: препни се и на него и падна врз него, трета се опчекорила над неговата глава, а нему му текнало и му се кренало да простите таквото она де мочалото. Народот полегнал еден до друг како риби во конзерва а на Пејо тоа срамотното му се исправило како кол, тики како стожер во гумно. Врват редарите за да чинат ред на плажата и го забележуваат Пејовото мочало исправено и извишено над песокта. Еден од нив го подудрил и го опоменал: “Што е бре ова, не смееш овде на плажава да правиш демек срамни работи!”. “Кое бре? – одговорил Пејо, тоа не е море бреј што мислите вие, ами е саат”. “Каков саат бре?”, тие налутено пак прашаат. “Саат што работи на сонцето”, одговорил Пејо. “Кога е саат кажи колку е часот?”, налутено викнал редарот. Пејо погледнал во сенката и одговорил: “11, 30″ мин.”. Редарот погледнал на својот часовиик и забележал: “Назад е, сега е 12,30”. А Пејо на тоа: “Бре, јас будалиика, заборавив да го курдисам”. И почнал да го лачка и точка. Тоа пустинското нараснало уште повеќе и тој задоволно додал: “Е сега е точмо 12,30 часот” и си прилегнал. Редарите се насмеале и го оставиле мирно да се одмора.

itar-pejo-mariovo 

(Анегдотата е раскажана во 1989 година од Драги Огненоски, печалбар од Демир Хисарско во Гелонг, Австралија)..

 

Преземено од:

„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“

Автор: Трајко Огненовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu