Itar Pejo – ОБЛОГ – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com
ОБЛОГ
Две – три прилепски бежиња разбрале за итроштините на Итар Пеја и таман дошол Пејо во Прилеп на пазар, го нашле на анот и, за да го насамарат, му рекле:
– Ајде, Пejo, да се обложиме дека не можеш да преседиш ноќеска на ќерамиди. Ако преседиш, ќе ти дадеме сто лири.
Било зима и многу студено та бежињата си мислеле дека Пејо не ќе се согласи со облогот. Па и ако се согласи да остане ноќеска на јасникот, нема да остане жив.
Арно ама, Пејо го заскокоткаа ребрата за сто лири и си вели:
„Стопанка му. Јас сум сиромав, па сиромав. Ако останам жив, ќе и речам збогум на сиромаштијата, а ако умрам од студ – ќе се спасам од неа. Кога да видиш, жив – умрен, на ќар сум!” И реши да се обложи со бежињата.
Го качија ноќта на една куќа на ќерамиди. Ни сакме ни гуне, ништо не му дадоа да си земе. Тресе Вилици Пејо, тенџере клинци и плочи цела ноќ. Нели пукна зора – се осамна, достиска душа, не умре!
Кога дојдоа изутрината бежињата, за чудо, Пејо еве ти го каде мртка на ќерамидите. Слезе кутриот, се порастрча нагоре – надолу да му се пуштат дамарите, да се позатопли, и им отиде да им ги бара парите.
Овие небаре се зачудија, па му велат:
– А бре, Пејо, како остана жив ти ноќеска? Можеби навали оган на ќерамидите, што ли?
Пејо почна да се брани, па им вели:
– Mope ни оган запалив, ни ништо, туку давајте ги парите, не играјте си мајтап со мене, сиромав!
He, брате. Бежињата сакаат да измрдаат од облогот, а Пејо сака да си ги земе заслужените сто лири. Почнаа да се расправаат: – Бре, си се греел негде! – Бре, не сум ни видел оган. – He, си се греел? – Бре, јок. Најпосле му падна на ум на едно од бежињата и го праша Пеја:
– Ама ич нигде не виде оган ноќеска, бре Пејо?
– А бре, агачко, видов таму негде во планината под Крушово, туку оттаму доовде колку е далеку?
– A, a, а, ах! – повикаа сите бежиња во еден глас. – Ти си се греел, ќерата, цела ноќ, па сакаш од нас пари да земаш, а? Ај, сиктер оттука да не ти ги скршиме коските.
Што ќе прави Пејо, сиромав. Си киниса, си заплака. Се греел од триесет километри далечина. Но што ќе прави: кај е сила – нема правдина.
Оди време, оди, дојдоа истите бежиња на лов по Мариово и ги донесе ѓаволот и во Пејовото село.
Бре ош, бре дрш. Пејо ги пречека како што се пречекуваат бегови, но му падна на ум нивната подигравка па си намисли да им врати мило за драго. Ќе ги вика Пејо, денеска на ручек!
Тие одвај дочекаа мувте ручек, се надеваа дека ќе падне и ракија, алва, и најмногу од се – белки Пејовица е млада да ги послужи. И дојдоа кај Пеја. Се вртка, се шутка Пејо, домаќин е. Носи ракија, кафе и излегува понабргу да види дали е готов ручекот.
Помина дванаесет часот, ручекот уште не е готов. Помина едниот, па двата, па трите, се стори ужина, ручекот од Пеја никако да втаса!
– Ајде бре, ќерата, Пејо, зошто не го носиш ручекот? – прашаа бежињата.
А Пејо се насмевнува под мустаќи и им вели:
– Уште малку, агачко, уште малку, беже, – и излегува почесто да види дали е печено телето. (Така ги излага, дека ќе им пече теле).
Најпосле им се стемни на бежињата, ги сви цревцето за јадење и станаа да видат каде се пече или вари ручекот.
Кога го прашаа Пеја каде е ручекот, тој ги зеде по него и им вели:
– Елате да видите! – И ги одведе во градината под една топола. Под тополата навален оган, а нигде нема ни котел да вари, ни ражен да се врти, ниту пак нешто да мириса на манџа.
– Каде е телето, бре пезевенк? – се разлутија бежињата на Пеја. А Пејо одвај го дочека прашањето, па им вели:
– Ене го ене-е-е-е котелот од телето – и им го покажа со главата на врвот од тополата – туку уште малку не е доварено месото!
Бежињата се налутија и почнаа да се готват да го маваат што ги излага, па му вели едно од нив:
– Кога се видело и чуло, бре ќерата, на врвот од тополата месото, под тополата оганот, па да се свари?
– Ами како се греев јас, беже, од Прилеп, а огнот во Крушево?! Парите, пезевенци низаедни, зашто сите сега ќе ве исколам – им се пофали Пејо и го извади од чорапот својот анџар, со кој си го тераше тромото магаре, дупејќи го во вратот.
Видоа не видоа, бежињата ги одврзаа ќесињата, му дадоа на Пеја сто лири и си тргнаа гладни, та дури во Прилеп.

Две – три прилепски бежиња разбрале за итроштините на Итар Пеја и таман дошол Пејо во Прилеп на пазар, го нашле на анот и, за да го насамарат, му рекле

:- Ајде, Пejo, да се обложиме дека не можеш да преседиш ноќеска на ќерамиди. Ако преседиш, ќе ти дадеме сто лири.

Било зима и многу студено та бежињата си мислеле дека Пејо не ќе се согласи со облогот. Па и ако се согласи да остане ноќеска на јасникот, нема да остане жив.

itar-pejo-mariovo

Арно ама, Пејо го заскокоткаа ребрата за сто лири и си вели:„Стопанка му. Јас сум сиромав, па сиромав. Ако останам жив, ќе и речам збогум на сиромаштијата, а ако умрам од студ – ќе се спасам од неа. Кога да видиш, жив – умрен, на ќар сум!” И реши да се обложи со бежињата.

Го качија ноќта на една куќа на ќерамиди. Ни сакме ни гуне, ништо не му дадоа да си земе. Тресе Вилици Пејо, тенџере клинци и плочи цела ноќ. Нели пукна зора – се осамна, достиска душа, не умре!Кога дојдоа изутрината бежињата, за чудо, Пејо еве ти го каде мртка на ќерамидите.

Слезе кутриот, се порастрча нагоре – надолу да му се пуштат дамарите, да се позатопли, и им отиде да им ги бара парите.Овие небаре се зачудија, па му велат:- А бре, Пејо, како остана жив ти ноќеска? Можеби навали оган на ќерамидите, што ли?Пејо почна да се брани, па им вели:- Mope ни оган запалив, ни ништо, туку давајте ги парите, не играјте си мајтап со мене, сиромав!

He, брате. Бежињата сакаат да измрдаат од облогот, а Пејо сака да си ги земе заслужените сто лири.

Почнаа да се расправаат: – Бре, си се греел негде!

– Бре, не сум ни видел оган.

– He, си се греел?

– Бре, јок.

Најпосле му падна на ум на едно од бежињата и го праша Пеја:

– Ама ич нигде не виде оган ноќеска, бре Пејо?

– А бре, агачко, видов таму негде во планината под Крушово, туку оттаму доовде колку е далеку?

– A, a, а, ах! – повикаа сите бежиња во еден глас.

– Ти си се греел, ќерата, цела ноќ, па сакаш од нас пари да земаш, а?

Ај, сиктер оттука да не ти ги скршиме коските.

Што ќе прави Пејо, сиромав. Си киниса, си заплака.

Се греел од триесет километри далечина. Но што ќе прави: кај е сила – нема правдина.

Оди време, оди, дојдоа истите бежиња на лов по Мариово и ги донесе ѓаволот и во Пејовото село. 

Бре ош, бре дрш. Пејо ги пречека како што се пречекуваат бегови, но му падна на ум нивната подигравка па си намисли да им врати мило за драго.

Ќе ги вика Пејо, денеска на ручек!Тие одвај дочекаа мувте ручек, се надеваа дека ќе падне и ракија, алва, и најмногу од се – белки Пејовица е млада да ги послужи.

И дојдоа кај Пеја. Се вртка, се шутка Пејо, домаќин е. Носи ракија, кафе и излегува понабргу да види дали е готов ручекот.

Помина дванаесет часот, ручекот уште не е готов.

Помина едниот, па двата, па трите, се стори ужина, ручекот од Пеја никако да втаса!

– Ајде бре, ќерата, Пејо, зошто не го носиш ручекот? – прашаа бежињата

.А Пејо се насмевнува под мустаќи и им вели:

– Уште малку, агачко, уште малку, беже, – и излегува почесто да види дали е печено телето.

(Така ги излага, дека ќе им пече теле).

Најпосле им се стемни на бежињата, ги сви цревцето за јадење и станаа да видат каде се пече или вари ручекот.

Кога го прашаа Пеја каде е ручекот, тој ги зеде по него и им вели:- Елате да видите!

– И ги одведе во градината под една топола.

Под тополата навален оган, а нигде нема ни котел да вари, ни ражен да се врти, ниту пак нешто да мириса на манџа.

– Каде е телето, бре пезевенк? – се разлутија бежињата на Пеја.

А Пејо одвај го дочека прашањето, па им вели:

– Ене го ене-е-е-е котелот од телето – и им го покажа со главата на врвот од тополата – туку уште малку не е доварено месото!

Бежињата се налутија и почнаа да се готват да го маваат што ги излага, па му вели едно од нив:

– Кога се видело и чуло, бре ќерата, на врвот од тополата месото, под тополата оганот, па да се свари?

– Ами како се греев јас, беже, од Прилеп, а огнот во Крушево?!

Парите, пезевенци низаедни, зашто сите сега ќе ве исколам – им се пофали Пејо и го извади од чорапот својот анџар, со кој си го тераше тромото магаре, дупејќи го во вратот.

Видоа не видоа, бежињата ги одврзаа ќесињата, му дадоа на Пеја сто лири и си тргнаа гладни, та дури во Прилеп.

Booking.com