Итар Пејо за прв пат клава гаќи – хумор од Мариово

Booking.com

За прв пат Пејо става гаќи на себе кога решил да се жени.

Купил платно, мајка му му сошила гаќи и тргнал право во другото село кај својата свршеница. На пат му се посакало “да се олесни”, ги слекол белите гаќи и ги обесил на еден трн. Во тој момент видел зајак и потрчал по него, заборавајќи на обесеното на трнот. Кога стигнал кај мајката на свршеницата ја поткренал кошулата и се пофалил: “Погледни бабо, дома имам уште четири метра”. Секако Пејо мислел на платно. Бабата се изненадила кога погледнала, а кога слушнала и за четирите метра оставени дома се прекрстила и помолила богу за спас”.

itar-pejo-mariovo

Преземено од:

„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“

Автор: Трајко Огненовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Booking.com