ИТАР ПЕЈО СИМУЛИРА – хумор од Мариово

Booking.com
ПЕЈО СИМУЛИРА
Како на сите војници така и на Пеја наш, колку и да беше „патриот” непара му се седеше во окопите, та реши да поклинчи некој ден и друг во заднината. Се знаеше дека здрав војник тешко пуштаат на одмор.

Како на сите војници така и на Пеја наш, колку и да беше „патриот” непара му се седеше во окопите, та реши да поклинчи некој ден и друг во заднината. Се знаеше дека здрав војник тешко пуштаат на одмор.

„Болест му е мајката, болест. Да се разболам, та да полежам малку во болницата, а оттаму ќе можам и на боледување два-триесет дена” – си мислеше тој една ноќ стоејќи на стражарското место. А никаква болест, ете, не го фаќа, освен што е гладен.

„Таму во болницата и ќе се најадам. Ама како да појдам дотаму?”
И почна да размислува на таа тема.
itar-pejo-mariovo
He оди долго време, околноста го наведе на подгреваната мисла. Го прати ротниот командир во блиското селце по некаква ситна работа, а Пејо виде на еден чардак низалки црвени пиперки. Се прикраде некако и смота две-три од низалките. И кога здроби една во гравот на ручек, толку го олуте што не можеше ни лажица од него да сркне. Дробејќи ја пиперката, се фати некако за нос и овој му се запали и оцрве повеќе од неа. Кога го погледна Пејо на огледалцето, беше се направил карневал за на Велики поклади. Ронејќи солзи, се плиска цел час со ладна вода, но носот се повеќе му го гореше и црвенилото се ширеше:
„Еве ја болеста да исклинчам малку”, си брбна тој и утредента се јави на рапорт за лекарско, откако го истрлка носот со една од пиперките. Овој се вивна уште толку, та црвенилото му ги зафати и образите.
Отиде на лекарско и ротниот санитар не можеше да му напише „симулант” оти болеста абеше на видело. И бидејќи тој не беше специјалист за вакви болести, го испрати полковиот лазарет, каде што докторот констатира една опасна заразна кожна болест „лупус вулгарис” од која можеле сите војници да се заразат и да го напуштат фронтот. Затоа го испратија Пеја во дивизиската болница на лекување.
Тргна Пејо во болницата со страшната дијагноза, но не заборави да си ги понесе низалките пиперки.
И пред да отиде во болницата, ги натрлка и ушите, да влезе во амбулантата сиот црвен.
Го прегледа еден доктор, викна и друг, се собраа сите од кожното одделение да ја утврдат дијагнозата, но ги поделија мислењата. Едни викаа: „црвен ветер”, други .,лупус вулгарис”, но едно беше јасно, дека војникот Пејо Јованов боледува од опасна заразна кожна болест и треба да се задржи во болницата. А Пејо друго и не сакаше.
Го пратија во приемната, го соблекоа, се избања убаво и некако добро му дојде на душата. Излезе од бањата замислен.
„Како да ги понесам пиперките, анасана!” – почна да се чуди. – Без нив арап ми е работата. За два-три дена ќе спласне црвенилото и ќе ме нападат овие пезевенци”, – со право се жалеше сиромав Пејо и почна да го крои планот како да ги смота „златните” пиперчиња, што ќе му овозможат да полежи барем пет-шест недели во болницата. Мозокот почна да му работи овде повеќе отколку кога беше на мртва стража; и веднаш измисли: да бара друга „болест”.
Почна да се жала од главоболие, да поткашлува; градите некако го стегаат, му се протега; ноќе се поти: Сите овие знаци зборуваа за лошата Пејова здравствена положба.
– Да ја измериме температурата, – рече едно утро докторот и му нареди на својот помошник да му стави еден топломер на Пеја, како и на другите болни. Помошникот му го стави топломерот под мишка и тргна по докторот да им става и на другите. И штотуку тие се зашуткаа крај други кревети, Пејо ја пипна чашата со млеко што му го донесоа пред малку, го извади набрзина топломерот и му го брцна врвот во млекото. Co истата брзина пак го врати на своето место. И кога се вратија докторот и помошникот да го видат резултатот што да видат, Пејо истерал 38,6.
Ја заврте докторот главата, ја забележа помошникот температурата на таблата и донесе лекови.
Пејо ги сврши пиперките и „кожната болест” тргна на арно. Почнаа носот и ушите да се бистрат, но температурата никако да спадне. Час 38,8, час 39,1, 37,6 – се разбира колку што беше жешко млекото.
Арно ама на се има крај, па дојде крајот и на Пејовата температура. Едно утро задоцни тој пезевенк собарот со млекото; го донесе кога веќе топломерот му беше под мишка на Пеја. Пејо не ја пресмета како ќе излезе и пак го брцна во жешката чаша. И кога го извадоа што ќе видат. Рипнал на 42.
Тогаш дури докторот се сети. Го фати Пеја за рака, го подржа минута-две, па посегна и ја пипна чашата со млеко. My ја покажа со очи на Пеја и со слатка насмевка го праша:
 Го брцна во неа?
 Е море, го брцнав, господин докторе. Што не покрил господ, не можам јас да покријам, – си призна Пејо и сам побара да го испишат од болницата.
На докторот му се допадна искреноста на Пеја и му вети дека нема да му пишува „симулант” ако биде искрен да му раскаже како дојде на оваа мисла.
Пејо му раскажа и за првата мисла со пиперките, на што докторот слатко се изнасмеа и го пушти како излечен од „опасната заразна болест”, пропишувајќи му триесет дена одмор или отпуска.
Booking.com