Итар Пејо си имал посестримки во секое село и при едно минување покрај плевната на посестримата Дафина забележал дека таа со мажот и се качиле на покривот од плевната и го поправаат, ја дотеруваат ‘ржаницата Пејо гледа од долу во дебелите месишта на Дафина и се оближува Крои како да дојде до неа и привикува: “Еј вие таму шчо правите за страмота?”. Мажот се правда дека не прават ништо срамно. Пејо му вели да слези долу и да гледа кога тој ќе се качи на неговото место. Мажот долу, а Пејо горе и почнале да се грвалат со посестримата. Мажот гледа и се чуди велејќи дека “Пејо бил во право”.
Преземено од:
„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“
Автор: Трајко Огненовски, Битола
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com