Откријте го Мариово
ИТАР ПЕЈО CO ТУЃИ ЧИЗМИ HA ОРО – хумор од Мариово
ПЕЈО CO ТУЃИ ЧИЗМИ HA ОРО
На еден Велигден Пејо немал чевли за на оро, та позајмил едни чизми од соседот – чорбаџија

На еден Велигден Пејо немал чевли за на оро, та позајмил едни чизми од соседот – чорбаџија , дошол на сретсело и се фатил на танец.

Се разиграл Пејо, се раскршил на сретселото, камења корне со чизмите.

itar-pejo-mariovo

Го видел чорбаџијата со чизмите и му се сторило дека ќе ги искине Пејо со играњето, па му рекол:
– Mope, Пејо, полека, ми ги искина чизмите, што ќе обујам јас утре!
Слушнал Пејо, ама слушнале и сите на орото дека Пејо игра со туѓи чизми.
Се навредил Пејо и веднаш ги собул и му ги фрлил чизмите на чорбаџијата.
Тоа го гледал друг чорбаџија, го повикал Пеја настрана и му шепнал да отиде кај него дома и да и рече на жена му да му ги даде неговите чизми.
Отишол Пејо кај чорбаџијата и за миг се вратил и пак го повел танецот.
Кога поминал пред овој чорбаџија, тој уште посилно од првиот почнал да вика:
 Рипај, Пејо, нарипај се, искини ги, стопанка им, јас не ги жалам, Ми дал господ, нови ќе си купам.
Кога Пејо го слушнал овега, веднаш застанал, ги собул и овие чизми и му ги фрлил и на овој чорбаџија како првиот, велејќи му:
 На ти ги, чорбаџи, твоите чизми, јас ќе си играм со моите – и го повел танецот бос.

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu