ИВА ТРЕВА – TEUCRIUM MONTANUM (ПЛАНИНСКО ПОДАБИЧЕ)

Booking.com

Ива трева е низок жбун, со полегнато стебло, со мали ливчиња, линеарно ланцетасти, долги до 2 см а широки до 2 мм.

На лице се голи сјајни, а на другата страна прекриени со беличести влакненца. Цветовите се во соцветија, на кратки дршки, со жолтеникаво-бела боја. оваа билка расте во планински суви места, на надморска висина од 800 до 1500 метри.

 

СОСТАВ:
Ива трева содржи флавоноиди, горчливи материи, танини и етерско масло.

iva-treva

УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел. оваа билка има горчлив вкус.
Во народната медицина е многу ценета билка, која се употребува за лекување на разни заболувања на органите за варење и дишните органи, за лекување на бубрезите и многу тешки болести, рак. Поради големата лековита моќ на ова растение во народот постои поговорка:
„Трева Ива и од мртва прави жива”

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com