ИВАЊСКО ЦВЕЌЕ – GALIUM VERUM (ЗАДУВЛИЈА ТРЕВА, ЖОЛТЕНОВЕЦ, ГАЛИУМ)

Booking.com

Ивањското цвеќе е повеќегодишно зељесто растение, кое има четириаглесто стебло високо и до 1 метар.

Лисјата му се тесно лацентни, поставени во пршлени. Цветовите се ситни и во метлечки соцветија.
Билката има пријатен мирис, сличен како мирисот на медот. Расте на суви и влажни места, покрај патишта и напуштени ниви.

ivanjsko-cvekje

УПОТРЕБА:
За лек се употребува надземниот дел од билката.
Ивањското цвеќе има диуретично дејство па затоа се употребува за лекување на заболени уринарни органи. Го подобрува апетитот и ресорпцијата на храната, го зајакнува организмот од тешки болести и истоштеност.
Исто така, се употребува и кај болести на црниот дроб, панкреасот, против бледило, против крварење од нос (се шмука прашок од билката). Надворешно, ивајнското цвеќе може да се употребува кај рак на лимфните жлезди, грлото и јазикот, против разни кожни болести, рани и чиреви.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com