ИЗНИКНАЛЕ ДВА БОРЈА ЗЕЛЕНИ – лирска песна

Booking.com

Изникнале два борја зелени
меѓу борје една вишна ела.
He ми биле два борја зелени

тук ми биле два брата родени
меѓу ними мома Ангелина;
мома седи невестинско носи,
од милоси браќа не ја мажат.
Се чудила кучка Павловица
се чудила как да ги омрази
Ангелина и нејните браќа.
Што ми влезе зелени керали,
испуштила девет бочви вино,
уште толку баш лута ракија;
трча плаче на Павла му кажва:
-Ој ти Павло, Павло, мој стопане,
што сторила вашта мила сестра,
да би кусур Павле се сторила!
-Нека, и нејна е татковнина!
Се чудила кучка Павловица,
се чудила как да ги омрази
Ангелина и нејните браќа;
што ми влезе темна коњушница,
ми убоде коња шарконога,
трча плаче на Павла му кажва:
-Ој Павло, Павло, мој стопане,
што сторила вашта милна сестра,
да 6и кусур Павле се сторила,
убодила коња шарконога!
-Ако, и нејна е татковнина!
Се чудила кучка Павловица
се чудила как да ја омрази
Ангелина и нејните браќа:
си убоди нејно машко дете.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: семејна

Booking.com