Откријте го Мариово

Изникнало жолто цвеќе
на моминото пенџере,
дење го моме садеше,
ноќе го лудо крадеше;

моме се шега биеше:
– Ти незнајш моме да љубиш,
тук знаеш цвеќе да крадеш!
Луто се лудо налути:
– Дејгиди моме без вера,
кога си вера немало
зошто си мене лагало,
ноќе на полноќ да идам
да ти го крадам цвеќето!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu