Откријте го Мариово

Извикнал Марко подвикнал
од француските болници:
– Почуј ме либе Трајанке,

 чивлигот да го продадеш
и пари да ми испратиш,
до стојпедесет долари,
се српски ситни динари!
– He можам Марко да дојдам,
широко поле крај нема,
длабоко море дно нема,
ситната песок број нема,
јагне калешо грев нема,
жена вдовица срам нема,
дете сираче греј нема,
убаво моме род нема!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: семејна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu