Извор – Манастир Св. Илија (Брен) во близина на с. Градешница

Booking.com

До самата црква Св. Илија (Брен) во близина на село Градешница се наоѓа извор, познат по бистрата и лековита вода.

Интересно за овај извор е верувањето кај месното население, дека „Вода од Брен, не се носи за дома“. Така, често може да видите како месното население, се одмара во манастирот и се освежува со бистрата и лековита вода, но сепак, за дома вода никој не полни од овој извор.

sv-ilija-bren-gradesnica-izvor

Исто така постои верување дека водата со која се снабдувала тврдината Пешта, надалеку попозната по приказната за Калеш Анѓа, доаѓала токму од овој извор. Тоа го знаело месното население, но не го знаеле Турците кои што долго време не можеле да ја освојат тврдината, а тоа му успеало дури по лоцирањето на подземните канали со кои се снабдувала со вода тврдината.

Booking.com