Откријте го Мариово

Ja украле Ѓеља, ja украле,
ja украле Ѓеља арамии,
ja украле Ѓеља од постела,
ја однесле Ѓеља, ја однесле,

ја однесле Ѓеља в планината;
в планината, Ѓеља, под син шатор,
под син шатор, Ѓеља, капеданов;
дури таму Ѓеља се разбуди,
ми посака Ѓеља барде вода:
-Мори мила мале, дај ми вода!
Проговори џанам капеданот:
-Дејди Ѓељо, мори мало моме,
не си Ѓељо мори кај мајка ти,
туку си ми Ѓељо в планината,
в планината, Ѓељо, под син шатор,
под син шатор, Ѓељо, капеданов;
не си Ѓељо појќе од мајка ти,
тук си лична Ѓаљо само моја!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu