Откријте го Мариово

Девојко, мори,
Душа да немаш!
Изведи коњо,
Напој го вода;
Коњо со ведро,
Мене со грло! —

 

Деј, ѓиди, лудо,
Лудо и младо!
Нe зборвај, лудо,
Такви зборови,

 
Да не те дочујат
Моји девет браќа,
Да те сосечат
Залаг по залаг,
Залаг по залаг —
Најголем залаг,
Најголем залаг —
 Мраво што носи!-

Девојко, мори,
Душа да немаш!
 Ак ме сосечат
Залаг по залаг,
Ти да ме збериш
Ново чолтарче,
Ти да ме туриш
Ваша градина:
Јаз ќе изникнам
Секакво цвеќе,

Ем ќе излезам
Вода студена!
Кога ќe идат
Вода да лејат,
Китки да берат,
Мене да думаја,
Ем да думаја,
Веќе памет’ваја!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu