Кајмакчалан на Ниџе Планина

Booking.com

Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе во Република Македонија (2,521 м) и во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт.

Организирани екскурзии до Кајмакчалан – 4×4 Off Road Доживување>>>

kajmakcalan 01

Од врвот Кајмакчалан се гледаат Островското езеро и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.

kajmakcalan 02

За топонимот Кајмакчалан

Постои предание дека врвот Кајмакчалан името го добил според арамијата „Кајмак” (најдобриот) кој со другарите од својата чета се искачил на врвот, носејќи го собраното злато од извршените акции по селата и патиштата. Кајмак ископал дупка и го скрил златото. Кога го закопале златото, војводата го убил Кајмак и рекол дека вака ќе биде вечен чувар на закопаното богатство. (Кајмак+чалам = најдобар што краде). Постојат и други легенди и преданија за топонимот Кајмакчалан.

Битката за Кајмакчалан

Врвот Кајмакчалан во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарската и српската војска, кои една спроти друга биле стационирани на овој дел на фронтот.
И во двете војски имало голем број на присилно регрутирани Македонци.
Дека врвот Кајмакчалан бил важна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле „Борисов град“ (по престолонаследникот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле „Капија на слободата“.
Битката за Кајмакчалан е водена помеѓу 12 и 30 септември 1916 година. Помеѓу 26 и 30 Септември борбите биле особено жестоки, се додека српската војска не го зазела и задржала на 30 септември.
Човечките жртви биле огромни и на двете страни, пред се поради битката гради во гради.
Со заземањето на Кајмакчалан, на војските на Антантата им е овозможено да продолжат со понатамошните операции, во кои што подоцна на 19 Ноември 1916 ќе ја заземат и Битола.

ww1-bulgarian-assault-on-kajmakcalan-1916

ww1-kajmakcalan-bulgarion-troops

ww1-kajmakcalan-Kaimaktsalan-battle-01

Капелата на Кајмакчалан ја чува и приказната за Рудолф Арчибалд Рајс, швајцарски професор, криминолог, фоторепортер и дописник за весници во неколку земји, кој за време на Првата светска војна бил ангажиран од страна на Србија да известува директно за настаните од фронтот. По завршувањето на војната, тој останал да живее во Белград во својата вила „Добро Поле“и последен пат го посетува Кајмакчалан во Септември 1928 година, по повод 10 години од завршувањето на Првата светска војна. Негова желба била по неговата смрт, вечно почивалиште на неговото срце да биде Кајмакчалан. Така и било направено, односно по неговата смрт на 8 Август 1929, неговото срце било извадено, сместено во стаклен сад и во посебна урна било однесено на Кајмакчалан.

И ден денес урната може да се види во капелата, но за жал срцето на Др. Рајс го нема. Според некои кажувања, него го однела бугарската војска за време на Втората светска војна, а според други срцето го зела ЈНА при повлекувањето од Македонија.

kajmakcalan 04

Во близина на врвот Кајмакчалан за време на Втората светска војна се случил уште еден немил настан за Македонскиот народ, т.е. во напад на бугарската караула загинуваат седум борци на Седмата македонска бригада меѓу кои и народниот херој од Битола, Естреја Овадија – Мара.

Како до Кајмакчалан

Бидејќи врвот Кајмакчалан се наоѓа на самата македонско – грчка граница, потребно е претходно да се извади дозвола за движење по граница.

До Кајмакчалан води шумски пат кој е во исклучително лоша состојба и е прооден само за теренски возила единствено во месеците Јули – Септември. Иако врвот е оддалечен приближно 70 км од Битола, возењето во еден правец трае околу 5 часа.
Пешачењето и велосипедските тури, поради оддалеченоста од градски населби и нестабилни временски услови (2521 м.н.в) се препорачуваат само за професионалци.
Најдобра опција за посета на врвој Кајмакчалан е ангажирање на 4х4 теренско возило (повеќе информации на линкот)>>>

 

Save

Save

Save

Save

Booking.com