Itar Pejo – КАКОВ БИЛ ИТАР ПЕЈО – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com
КАКОВ БИЛ ИТАР ПЕЈО
По кажувањата на „очевидци” (кои никогаш не го виделе) Итар Пејо бил ваков.
На слика: низок, шишкав, со голема глава одоколу бричена, на средето кинеско перче, со широко испупчено чело, со големи широки уши и големи воловски очи, со дебели образи, широка уста, шеплест нос, со надолу наведени рунтави мустаќи. Нозете му биле криви – пајмаклии што се вели за кај коњите, и куси, стапалата мечкини, рацете куси, но дебели во прстите. Широк во плеќите, дебел, а кус во вратот.
Од облека Пејо носел: на главата бела валаница – капа слична на арнаутско кече, широка бела кошула опашана преку половината со сиџимка. Гра-дите, и зиме и лете му биле разградени, но заштитени од студот од честите и дебели влакна – козина. На нозете носел волнени бели гаќи на голо месо, та да не ја стега сиџимката со која ги врзувал и да не го глода по колковите, повеќе ги придржувал со десната рака да не му навртат под колена. Зимно време носел истуткани чорапи и свински опинци, а лете одел бос само по опинци. Одел од кол на кол и во снегот си правел пат со колениците. Спиел по зајачки – со отворени очи, а кога јадел ја кривел долната вилица, наместувајќи ги залаците на здравите заби.
Каков бил во умот Пејо, ќе ни го претстават приказните во оваа книшка.

По кажувањата на „очевидци” (кои никогаш не го виделе) Итар Пејо бил ваков.На слика: низок, шишкав, со голема глава одоколу бричена, на средето кинеско перче,

со широко испупчено чело, со големи широки уши и големи воловски очи, со дебели образи, широка уста, шеплест нос, со надолу наведени рунтави мустаќи. Нозете му биле криви – пајмаклии што се вели за кај коњите, и куси, стапалата мечкини, рацете куси, но дебели во прстите. Широк во плеќите, дебел, а кус во вратот.

 itar-pejo-mariovo

Од облека Пејо носел: на главата бела валаница – капа слична на арнаутско кече, широка бела кошула опашана преку половината со сиџимка. Гра-дите, и зиме и лете му биле разградени, но заштитени од студот од честите и дебели влакна – козина.

На нозете носел волнени бели гаќи на голо месо, та да не ја стега сиџимката со која ги врзувал и да не го глода по колковите, повеќе ги придржувал со десната рака да не му навртат под колена. Зимно време носел истуткани чорапи и свински опинци, а лете одел бос само по опинци.

Одел од кол на кол и во снегот си правел пат со колениците.

Спиел по зајачки – со отворени очи, а кога јадел ја кривел долната вилица, наместувајќи ги залаците на здравите заби.Каков бил во умот Пејо, ќе ни го претстават приказните во оваа книшка.

Booking.com