Калеш Анѓа од Стале Попов – Цела книга – дел 2/2

Booking.com

Калеш Анѓа (XI дел)
ПО РАСПРАВИИТЕ со кадијата и ослободувањето на Анѓа ослободувачите се вратија дома заедно со неа.

Уште во дворот таа се прегрна, се избакна и исплака со мајка си и сите влегоа во ниската сиромашна селска куќичка каде што наеднаш се постави трпеза и сите испоседнаа околу неа. Татко и на Анѓа – Трајко Сирме, кој учествуваше во нејзи-ното ослободување и нареди на мајка и да го донесе пагур-чето. Оваа, како домаќинка, весело се рашета – влегуваше – излегуваше и донесе што требаше на трпезата, покрај пагурчето, нешто за мезе, сирење, расол, пиперки. Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо. Се изредија и неговите помагачи во делото, кога на вратата се појавија и двајца попови, две девојки и осум мажи, меѓу кои двајца младежи. Пристапија кон софрата, седнатите изнастанаа, се испоздравија, а Трајко им го отстапи местото на поповите и ги покани другите да наседнат околу софрата. Во тоа време девојките во ќошот на другиот кат ја прегрнуваа другарка си Анѓа, се бакнуваа и исплакуваа, радувајќи се за нејзината слобода, засипувајќи ја со разни неврзани прашања.

 

За среќното избавување на Анѓа се приреди кај нив веселба, пиење – јадење. По ручекот се заредија грнчињата со вино. Луѓето се ќефледисаа и удрија во песни.

Еден од поповите – Јаков, го зеде грнето и почна да благословува:

– Ајде, за здравје и долгиот живот на нашата Анѓа. Но за да не стане повторно плен на волците, јас сакам овдека пред сите да проговорам еден чесен домаќински збор ако ми дозволите.

– Да чуеме, дедо none, да чуеме – се провикнаа речиси сите од трпезата кои со внимание го слушаа.

– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата… Сакам да речам, море, нашата Анѓа да му ја дадеме на овој јунак овде Стојана, што се жртвува за нејзиното спасување. Што велиш ти, Трајко? – се обрна поп Пејо кон Трајка.

Трајко стана и со просолзени очи му одговори:

– Co се срце, оче. Стојан ја изнесе на своите раце од пеколот. Зошто јас да не му го дадам тоа што си го спечали тој по цената на својот живот?

Стојан рипна од местото, ја пречекори трпезницата и се најде пред деда си Трајка. My бакна нему рака, пречекори пак на другата страна и го прегрна татка си.

Сите настанаа од своите места, а поп Јаков отиде пред младоженците и почна да ги благословува, ставајќи по една од своите тешки раце на нивните глави:

– Да сте благословени, од мене и од Ристоса. Бидете живи и здрави, сакајте се целиот ваш живот и помагајте си еден на друг како досега – и се врати на своето место, седна. По него изнаседнаа и другите гости, а зетот и невестата им бакнаа рака на сите со ред, со што се потврди нивното арманисување.

Веселбата продолжи по ручекот за сметка на армасувањето.

По две недели од армасувањето, Трајко и Велика Сирмеви правеа две свадби. Планот што си го кроеја порано им се исполни, макар и нешто подоцна. My ја дадоа Анѓа на Стојана Ристев, а за Јована ја зедоа Сирма Попова. Пиеја гостите, јадеа, се веселеа, како на свадба, но мајката, ни во овие најсреќни за неа часови не можеше да го заборави своето најмило чедо – Гелето. Гледајќи ја Анѓа нагиздена „како невеста”, веднаш и тропнуваше срцето и си помислуваше.

– Ете, да не ми го грабнеа силниците, и него можев вечерва да си го венчам. Боже! Каде ли е сега? Дали е живо? Каде живее? Дали не ме има заборавено? – се прашаше сама со себе Велика и во сред радосниот занес солзите и навираа на очите, та беше принудена да се секне и да си го брише носот за да си ги избрише и солзите. Но не остана незабележана од Анѓа. И кога се качи на коњот Анѓа за да ја напушти татковата куќа, се качи и мајка и да се „исплачат” што ќе се разделат. И тие навистина се исплакаа цели десет-петнаесет минути прегрнати во цврста прегратка. Но не плачеше ни Велика за ќерка си Анѓа, ни Анѓа за мајка си Велика, што ја остава. Ами и двете уште кога се прегрнаа во еден глас и еден миг си шепнаа: „Каде ли е сега тој?” И писнаа гласно да тажат. Присутните не им пречеа зашто така е адет. Невестата – ќерката – да плаче што ја остава родителската куќа, мајката што си го дава чедото на друга куќа. Ги оставија, и тие се наплакаа до наситка, жалајќи го своето најмило -мајката – чедото, а ќерката – братето Гелета.

А каде беше тогаш Ангеле? Никаде. Ангеле веќе пет-наесет години не постои, но затоа постоеше Арслан веледи Сирме. Но не во Старавина, не во Мариово, ами далеку, далеку во „вит-виделија”. Постоеше Арслан Сирме, јани-чарски ага, на служба при румелискиот беглер-бег Мехмеда и воспитуваше други „аџами оглан”. Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Муха-меда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски. Така него го воспи-туваа десет години, и тој си достоја на дадениот збор во конакот на прилепскиот кадија пред самиот себе дека се ќе слуша што ќе го учат и ќе прави што ќе го тераат, само и само да остане голем човек-кадија, баш на местото на оној што го плени. И ете го веќе во своите дваесет и три четири години, дотера до ага. My се допадна на Мехмеда уште со првата средба и овој го зеде под рака. А кога ја виде неговата би-стрина, послушност и храброст во неколку борби околу

Сингидум, го засака како вистински син. А Ангеле ја заслу-жуваше таа љубов и наклоност од големиот јаничар Мехмеда, кој по истиот пат беше се искачил до највисоката функција на силниот Сулејмана. И тој, земен на дванаесет години и потурчен, стана страв и трепет за султановите непријатели. И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед. Секогаш и секаде беше прв во борбите со „неверните” и секогаш излегуваше победител, благодарејќи на вакви како Арслана.

Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мех-меда и не еднаш си разговараа со својот господар.

– Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает? Мајка, татко? Имаш ли браќа, сестри? – го праша една вечер Мехмед Арслана.

– Паметувам, паша ефенди. Имав и мајка, и татко, и брат, и сестра – одговори Арслан и некако го скисели лице-тб. Се присети за своето детство и слатките мајчини милу-вки, се натажи, што на Мехмед-паша не му откина од окото.

– He жалај се, Арслане. Да бидеме живи и здрави, ќе ги прибереме и твоите родители и браќа кај нас, како што ги прибрав јас моите. Само ти биде умен, слушај ме мене, да дотераш и ти до паша на некој вилает. Тогаш ќе можеш да правиш се по твојот ќеф.

– He верувам да ја менат моите родители верата. Колку што ги знам, тие се цврсти во неа… Па којзнае! – воздивна Арслан и се пренесе во далечното Мариово да ги гледа родителите, браќа му, сестра му и целиот тој народ како се бори против секоја сила и насилство што сака да им наметне друга вера и насилничка власт. И навистина така беше. Мариовците се готвеа да ја заштитат својата вера и својата слобода. Знаеја дека со насилното ослободување на Анѓа ги разлутија агите во Прилеп и почнаа да се подготву-ваат за одбрана.

На Митровден таа година пак се собраа по еден од куќа во малото селце Бзовиќ и едногласно пак го избраа за земски коџобашија Димитрија Сатле од Сатока.

Овој им се заблагодари што го избраа и во оваа година, им напомна дека по ослободувањето на Анѓа кадијата сигурно ќе ги нападне, та според тоа им претстојат тешки борби. Им предложи да ја зголемат својата вооружена одбранбена дружина од триесет на сто земски сејмени. A која ќе стане нужда, сите да трчаат со оружје в рака и да ја бранат својата слобода.

Сите го прифатија предлогот и определија од секое село потребен број млади луѓе што ќе служат по една година во таа народна војска само за лебот и облеката, а ќе се гри-жат селаните на таа слободна оаза да работат невознемирени од никаква сила и насилство.

Собранието реши секоја година да се носи храна: жи-то, грав, маст, сирење во тврдината Пешта, каде што беше седиштето на земскиот коцобашија и неговата чета сејмени. Реши, секој способен човек да се снабди со оружје и да е готов на повик од коџобашијата и да тргне во одбрана на своето Мариово. И сите решенија почнаа да се исполнуваат со најтанка точност по планот што го подготвуваше коџо-башијата со другите советници што беа околу него. Се под-готвуваа и зачекаа. И не се излагаа.

Калеш Анѓа (XII дел)
СУЉ-АГА СЕ ВРАТИ од Истанбул по истиот пат по кој и отиде и му го донесе на кадијата, тој веќе беше пооздравен, светото решение за фаќањето на бунтовничките водачи.

И овој нареди да се формира голема експедиција. Затоа во еден од мариовските денови на 960 (1552 година) во дворот на прилепскиот кадилак вриеше од сејмени. Двесте души крволочни азијати нервозно шетаа. Некои ги прегледуваа пушките, други ги точеа јатаганите со камени острила, трети ги притегаа ремењето на опинците, четврти ја сместуваа храната во тагаџиците. И сите вревеа, викаа, пцуеја ѓаурски мајки и се фалеа кој колку ѓаури ќе заколе.

На вратата од конакот се појави кадијата, a пo него буљукбашијата Суљо-ага, богато облечен и вооружен. Кадијата ги викна раштрканите сејмени кои направија куп пред вратата и им рече кратко:

– Момчиња! Еве го Суљо-ага. Тој беше лично до нашиот падишах и од него донесе свето решение разбојниците во Мариово да се фатат или поништат. Сите вие сега ќе бидете под негова команда и ќе го слушате што ќе ви заповеда. Суљо ги знае кои се – а кон Суљо:

– Суљо-ага! Co овие двесте ‘рслани сакам да го покориш Мариово и да ми ги доведеш водачите. Живи или нивните глави, таа е твоја работа.

– Разбравте ли синови на пророкот! – се провикна кон купот кадијата, а Суљо му направи длабоко темане, слезе меѓу сеј мените и го јавна црниот арапски ат што му го подари лично падишахот и тргна напред низ широката порта. По него кинисаа сејмените во неред, натпреварувајќи се кој поблиску до Суља да оди.

Суљо излезе од Прилеп и се запати кон Мариово по оној истиот штавички пат, по кој пред две години отиде кадијата да го ограбува Мариово и ја плени Анѓа во Чаништа. Се качи тој на Слива и преку Чашка наврте во изгореното Чаништа, но го помина селото и преку чанишкото поле наврати на Чебренскиот Мост. По полето Суљовите луѓе стрелаа по орачите, отепаа каде вол каде човек. Воловите ги собраа да им се најдат за јадење, а две човечки глави од отепаните орачи ги навреа на два стапа и ги понесоа како воен трофеј пред Суља за да ги исплашат со нив бунтовниците.

Од искуство Суљо сега реши дење да преминува преку мостот. Претпазливо наврати до самиот мост и под големата јасика го пушти коњот и седна да го крои планот за понатака. Го погледна мостот и се успокои, бидејќи овој беше од камен-свод, та не можеа бунтовниците да ги насечат диреците како на оној на Светецот пред осум месеци. Разгледаа над мост, под мост, но и тука положбата беше благопријатна за него – немаше буен врбјак каде што би се скриле бунтовниците. Се успокои, па викна дури и запеа. После спокоен, им дозволи на другите да се изладат во бујната Црна, која беше полноводна и пролетва, како есеноска.

Во ова време на другата страна на мостот, високо над карпите, во тесното магарешко патче беа веќе наместени на своите метерзи две-три стотини вооружени Мариовци, меѓу кои и Анѓа со Стојана зад еден голем камен најгоре на пусијата. Каменот зад кој стоеја Анѓа и Стојан беше сосема надвиснат и со малку буткање можеше моментално да се растркала надолу по збрдниот брег. Сите ги прегледуваа пушките и пиштолите скриени од очите на Суља зад големите карпи, држејќи цела редица врски со очите еден во друг. Најблизу до мостот, зад една спила, беа земскиот кмет Димитрија, двајцата попови, Трајко и сват му Ристе, татковците на Анѓа и Стојана. Тие требаше да дадат знак кога да почне одбраната.

Суљо испрати пак стража тројца од своите луѓе, но ништо сомнително не се случи, та заповеда сите да преминат преку реката на мостот. Преминаа и застанаа; провикаа пак „нерде сан сен бре ѓаурлари”, но пак ништо, ни слушнаа ни видоа и Суљо го јавна својот коњ и тргна пред тајфата, пропуштајќи пред него само двајца.

Бидејќи патчето беше тесно, се наредија јаничарите еден по еден. Под пат амбис, над пат спили, та не можеа еден со еден да се заминат. Така наредени како ортома, со пушките на рамо, припечени од сонцето, кое по Црна и во март може добро да припече, си ја бришеа потта од челото. И веќе се накачија стотина метри нагоре по тесното патче. последните им дојдоа пред пушки на поповите, Трајка и Ристета, а првите со Суља на Стојана и Анѓа. И поповите почнаа да се крстат. Та го видоа сите во заседата и се прекрстија. И веќе ги зазедоа сите на нишан тие што беа пред нив. На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.

Од секоја пушка падна по еден сејмен а од Стојана и Анѓината – самиот буљукбашија – Суљо-ага. Неудрените и лесно удрени нададоа да бегаат надолу еден преку друг да го фатат мостот и да преминат отаде река. Почнаа поединечни пукања, а Стојан и Анѓа ја поттурнаа карпата зад која стоеја, и оваа се растркала надолу по самото патче, смачка еден што се влечкаше надолу и се раскрши на стотина ситни парчиња бркајќи ги другите што бегаа. Избезумени, одвај половината, сејмените го претрчаа мостот, оставајќи и на него петшесетина од пушките на бунтовниците и избегаа надолу по реката за да му ја однесат и оваа несреќна вест на кадијата како есеноска Суљо што му ја однесе онаа од Светецот.

И овој пораз кадијата го прими со големо чудење, но не се откажа од понатамошните напади. Праќаше десетина години со ред казнени експедиции во Мариово, но сите пропаѓаа. Најпосле се замисли длабоко и си рече во својот учен ум:

– Овдека треба и марифети, не само сила – па како да се присети нешто по долго мислење и кроење, си рече:

– Јас треба точно да ги научам сите водачи на овој бунт и од нив да разберам со каква сила располагаат и кои им се слабите страни, а за таа работа ми треба човек, што ќе отиде кај нив и ќе разбере што треба – и плусна со рацете.

Влезе гавазот Акиф и го изговори вообичаеното:

– Бујрум кади-баба!

– Оди, Акифе, викни ми ги Аџи-Јанета и Аџи-Рампа. Ги знаеш оние двајцата каури што седат со мене на кафе.

– Евет, кади-баба – изусти Ариф и излезе како што му е редот – назаднички.

По извесно време влегоа кај кадијата двајца луѓе во средна возраст, богато, но по каурски облечени. Во широки бечви пропуштени во седлата, со широки дебели појаси, елеци од волна, со чевли на нозете и бројници во рацете, на чиј крај висеа, малечки крвчиња од кедрово дрво, знак за аџилак. Тазе избричени, со добро засукани мустаќи и фесови на главата. Едниот беше калеш со црни очи, веѓи и коса, a другиот русникав, со зелени очи. Обајцата добро згоени и здрави. По се изгледа добро живеат и нема зашто да му се поплачат на кадијата, кој често седеше со нив на кафе и ги пиеше порачаните од нив кафиња.

Co влегувањето и двајцата направија темане, а кадијата стана и ги покани на еден од миндерлаците, а сам седна на својот стол и почна разговор.

– Знаете ли што ве повикав, аџи?

– Да чуеме, кади баба – одговорија во еден глас двај-

цата.

– Да чуете, да чуете. Ама ќе чуете пријатен глас. A можеби веќе толкупати чувте што стана со наши луѓе во она пусто Мариово.

Аџиите се позамислија, та нејасно одговорија, а во исто време и прашаа:

– Слушаме нешто, кади ефенди, но салам не знаеме. Навистина што стана? Пак некоја ѓурлутија направиле тие пезевенци? – праша аџи Јане сам.

– Стана што стана таму овие десетина години, ама јас сакам да не се повтори уште еднаш. Знаете, Суља го испра¬raja уште пред десет години каЈ алахот, a no него и стотици други, и ние се направивме за резил. Ако разбере падишахот ќе не избеси сите. Но да не одиме понатака. Суљо падна со стотици свои другари и сега се наоѓа кај големиот пророк во рајот, но јас ве викнав денеска да ве замолам за една ра-бота. И ако се согласите да ја свршиме, ви ветувам дека навистина ќе ве правам бегови на тоа Мариово.

– Да чуеме, кади ефенди.

– Да чуете, да чуете. Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да раз-берете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме. Ја свршивте ли оваа работа, јас ќе ви дадам од моите чифлизи по еден, а кога ќе ги покориме тие сурови планинци, ќе ве направам нивни бегови до жив животи.

– Јас мислам да се направите дервиши, или калуѓери како ги викате вие, и да ги прошетате тие злогласни села, сетики ќе можете нешто да исчепкате.

– Ти благодариме на милоста, кади ефенди. Co се срце ќе му помогнеме на нашиот падишах што сме вредни -одговори пак аџи Јане.

– Летово, ако сме живи и здрави, ќе ја свршиме оваа работа – додаде и аџо Рампо, и станаа та си кинисаа. На вратата го предупредија кадијата да не ги заборави кога ќе ја свршат работата, а овој се заколна во брадата и мустаќите, што беше знак дека ветувањето ќе се исполни.

Помина летото и настанаа богородични пости. По патот за Штавица одеше црн калуѓер со бело коњче по него, на кое висеше обесена торба и дисаѓи, а од торбата се гледа-ше иконата на Богородица. Тргна по селата да проси мило-стина за манастирот Трескавец и дури ги ишета овие села по ново Мариово, веќе дојде и денот Богородица, панаѓур на Старавина.

Уште рано премина и тој преку Црна на Чебренскиот Мост, каде што му излезе во пресрет поп Пејо со десетина вооружени момчиња од земската чета. Го погледна попот калуѓерот, се прекрсти пред иконата и ја бакна, a no него истото го направија и селаните.

– Каде вака сабајлево, оче дуовниче? – го праша поп Пејо калуѓерот и го погледна некако со извесна недоверба.

– Од Трескавец, света Богородица, да ни е на помош -одговори калуѓерот. – Мислам дека им е денот на Стара-винци ваши, та ќе накачам да пишам некој шиник ако милу-ваат – и тргна со коњчето нагоре по тесното и стрмно патче каде што настрадаа Суљо и неговата дружина.

Во селото Старавина утринава поп Јаков служи литургија, држи проповед, та досега доцна ја „пушти” цр-квата, од која почна да излегува народ, крстејќи се пред иконата на св. Богородица над самата врата. Излегоа мом-чиња и девојки убаво напроменети, баби, дедовци, мажи, жени, деца како на најглавен сведен.

Пред самата црква на плочите од гробовите на старите попови наседнаа десетина мажи навреме, два тројца пристари луѓе и 7-8 деца и го дочекаа поп Јакова, кој последен излезе.

Калуѓерот го врза коњчето за портата од црквениот двор и се запати кон групата луѓе што седеа на гробовите.

– Христос посреди нас, браќа!

– И јест и будет, оче дуовниче – му одговори поп Јаков и сите настанаа и со ред се прекрстија пред иконата на Бого-родица, која калуѓерот ја симна од коњот и ја понесе в раце, па ја бакнаа.

– Од кој манастир идеш, оче? – го праша поп Јаков калуѓерот.

– Од света Богородица – Трескавец, нека не има во раката – одговори калуѓерот и приседна и тој на плочата од еден гроб спроти селаните. Наседнаа пак и селаните и поп Јаков и почна да го распрашува калуѓерот.

– Е, добро дојде оче, да те прашаме. Ти сигурно ќе знаеш да ми кажеш нешто за Прилеп. Одамна ли си излезен отаде?

– Има десетина дена, оче!

– Таман ни бргу, ни одамна… Се слушна ли што напра-вивме ние со агите на Црна?

– Како да не, како да не! Се слушна дури во Крушево и Битола, не само во Прилеп. Убаво сте ги наплескале, да ви се сурови рацете. Туку… ние рисјаните се чудиме како се решивте да дигнете рака на силниот ислам? Нели ви е страв да не ве исколат, изгорат? – одговори, во истовреме и праша калуѓерот.

– Е море! Ке не исколат, ќе не изгорат, ако дојдат. Ама ете, толку пати како се обидуваат, но не ги пуштаме да припарат од оваа страна на реката, а за тоа отаде… нека им се стегаат прекуреканци – одговори поп Јаков и пак праша:

– Е, што се слуша, ќе имат ли пак да ги пречекаме во Црна или ќе се откажат.

– А бре, оче, јас толку не се разбирам од овие ваши работи, туку еве што се слуша. велат дека многу сте го налу-тиле кадијата, та му пратил абер дури и на султанот, а овој издал наредба да се смири таа раја. И сега собираат војска, башибозуци, ќе треба да им се надевате. Што ќе правите? Co гола рака се фаќа ли змија? Или со глава се турка ли ѕид?… Ете цел свет го покорија, помош не можете да очеку-вате, до кога ќе се борите сами?

– Дури сме живи, оче дуовниче – им се испушти на сите од грлата, та дури и децата извикаа.

– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му:

– Ако милуваш да подариш нешто за света Богоро-дица, запиши во него.

Попот го зеде тефтерот и моливот од калуѓерот и почна да пишува:

„Во лето од рождество не плоти господа и спаса нашега Исуса Христа 1563 прииде во веси сеи богомолец – чер-норизец, – (како се викаш, оче? – го праша калуѓерот.

– Отец Серафим – одговори овој, а попот продолжи да пишува: Отец Серафим собра милостину од…

– Нека е на помош света Богородица – благослови калуѓерот и си го затвори тефтерот, па божем некако загри-жен за овие добри рисјани што дадоа олку жито за Богоро-дица, запраша:

– Е, што мислите да правите ако ве нападнат пак Агар-јаните? – и си го кладе тефтерот во торбата со имињата на водачите на бунтот.

– Што мислиме, ние рековме, оче. Ке се бориме дури сме живи и не пуштаме да ни ја поганат светата земја и вера.

– А не се плашите дека ќе ве надвладеат?

Поп Јаков се испушти пред „скромниот” калуѓер.

– Само по еден начин можат, оче, да дојдат кај нас ако нападнат од сите четири страни. Тогаш ќе се умира. A додека идат по досегашните патишта на Чебрен и Светецот, не им се плашиме.

„Аха!”, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба”. И продолжи:

– А од каде од друго место можат да ве нападнат?

– Е, од каде! Еден пат е овој ти што дојде на Чебрен, друг оној на Светецот преку Лисиче за Витолишта, Полчиш-та, Сатока и Градешница; трет пат има од Скочивир, Буди-мирци, Старавина, а четвртиот од Тиквеш од Клино-Рож-ден-Витолишта. Ако се сетат оттаму да не нападнат, може и да не надвладеат – му кажа поп Јаков на калуѓерот што го интересираше и им се обрна на селаните:

– Ајде, браќа, да стануваме и да си се разодиме денеска по гости, повелете и кај мене е денот, па после секој по своите села, збирајте го народот околу себе, вооружувајте што можете што повеќе луѓе; ти Ристе, што повеќе барут подготвувај, а ние ќе вардиме и ќе ви сториме абер, кога ќе притреба да сте готови – а кон калуѓерот:

– Ајде, оче дуовниче, повелете вие со света Богоро-дица кај мене на ручек, нека ни е на помош, денеска ни е денот, како што гледаш.

Настанаа сите селани и се простија од поп Јакова, вету-вајќи му дека сите до еден се готови и ќе тргнат по неговиот повик, а калуѓерот, задоволен што ги најде сите водачи на куп, кои и самиот поп Јаков му го запиша во тефтерот, тргна со попот и направи еден добар ручек кај него, та си отиде во Прилеп да му се пофали на кадијата како мајсторски ја сврши оваа важна работа.

Калеш Анѓа (XIII дел)
КАДИЈАТА му се израдува на извештајот од Аџи-Јанета, но за ваква голема акција од сите четири страни, едно што немаше доволно вооружена сила, и друго, едната страна на нападот не беше под негова власт.

За напад од Тиквешието требаше да се подигне скопскиот беглер-бег, a трето, кадијата се исплаши сам на своја глава да ја подига таа акција да не претрпи пак пораз кој може да го налути султанот та да настрада. Затоа реши пак да го извести султанот со едно вакво писмо:

 

„Од кадијата од Прилеп, до мојот Падишах Султан Сулејман-Истанбул”.

Честите царе, сонце наше сјајно!

Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата. Се додека не се фатат овие лоши луѓе нема да има мир меѓу рисјаните во овој дел од нашата голема царштина. Што да правам понатака со овој пис милет?

Паѓам на нозете на честитиот наш калиф и го молам за совет и прошка што му додевам во неговите тешки работи.

Дадено на устабашијата Сефедин 7 сефер 9734 год. во Прилеп”.

Како што се гледа од писмово, кадијата не смееше да му ја изнесе на султанот вистината, дека не може да ги покори бунтовниците, ами го излага дека избегале водачите и од иланина ги бунат христијаните.

Устабашијата Сефедин, како и Суљо-ага пред четиринаесет години однесе писмото лично до султанот и пак доби еден ферман кој гласеше:

„До скопскиот бег и до кадијата во Прилеп.

Заповед.

Ти кој си кадија, ни пиша во писмото, дека Димитрија Стале од село Сатока, поп Димитрија, Мате Никола од село Пешино, Стојан Пејо и поп Јаков од Старавина биле разбојници и по нивно наговорување населението во прилепската нахија се кренало и бидејќи тие не се потчинале на законот бевме испратиле свето решение за нивното фаќање, но тие избегале.

Сега пак ни соопштуваш, дека немало да стане ред и мир меѓу каурите во споменатата нахија ако тие не бидат накажани.

Решив споменатите христијани да се фатат.

Штом ќе ја добиеш мојата заповед, здраво да се зафатиш со нивното фаќање, и за нивните бунтовнички дејства, некои од нив да накажеш со смрт, други да испратиш во столицата за да бидат испратени на веслање по бродовите. Ова прашање заслужува да внимаваш. Така да постапиш и да ги фатиш споменатите бунтовници.

Дадено на ќаата на везирот Мустафа 26 сефер 973 5.

И Сефедин доби еден арапски коњ од султановото ергеле, го кладе ферманот во џебот и за дваесетина дена се врати во Прилеп.

По враќањето на Сефедина од Истанбул, кадијата свика мезлич со своите бегови и агалари, на кој го покани скопскиот беглер-бег; праќајќи му го копието од ферманот што го донесе Сефедин за него. Овој дојде на определениот ден по своите бегови и агалари и кадијата го отвори мезличот со читањето на ферманот, а „калуѓерот” Аџи-Јане му објасни за се што разбра во Мариово. Им ги кажа сите имиња на водачите на бунтот, а особено подвлече каде е слабата страна на отпорот – да се нападнат од сите четири страни: на Чебрен, на Светецот, откај Скочивир и Тиквешко.

Беглербегот, кадијата и другите мезличари, меѓу кои беше и Аџи-Рампо, со внимание го ислушаа разузнавачот и почна советувањето за решавачкиот напад.

– Така значи? – почна прв кадијата.- Само од сите страни ако ги нападнеме ќе можеме да ги совладаме, а?

– Така рекоа, честити кадијо? – одговори Аџи-Јане.

– Тогаш да се зафатиме здраво за работата, како што вели падишахот наш, да му е честит образот – проговори скопскиот беглербег.

– Значи, овој сефер ние ќе треба да се разделиме на три дела, а ефендијата Расим-беј ќе биде четврт – предложи кадијата и со почит покажа на својот сизерен скопскиот беглербег, па продолжи:

– Јас лично ќе поведам еден табур со своите луѓе и луѓето од Бајрам-бег, Сефедин и Мамут-ага. Нашиот пат нека биде на најстрашното – на Чебренскиот Мост каде што е најголемата нивна сила. Другиот табур на чело со Селима, Фазли и Даута да го фатат мостот на Светецот а да го стегнат обрачот преку Витолишта – Полчишта – Сатока кон селото Градешница и Старавина; а третиот табур нека го поведат Мехмед, Муарем и Фета со своите луѓе преку Скочивир

– Будимирци, пак Старавина – Градешница. Ќе ги повикаме сите правоверни од чифлизите да дојдат и да му помогнат на нашиот калиф да туриме еднаш крај на овие бунтови да не ни се смеат ѓаурите на очи.

– Што велите вие на овој план – запраша кадијата.

– Со колку луѓе ќе излезете секој табур?

– Еве јас ќе соберам триста души без оние сами што ќе дојдат. Ке ветите богата пљачка, пари, стока, алишта, убави жени. Кој што ќе заплени – негово ќе биде, се обрна кадијата кон агаларите од неговиот кадилак.

– Ние со Фазли и Даута двесте – се јави Селим-бег од вториот табур.

– И ние двеста до триста – ветија и водачите од третиот табур Мехмед, Муарем и Фета-бег.

– Јас пак – рече скопскиот беглер-бег – ќе кренам еден дел од аскерот од Скопје и сите правоверни од Тиквешието ќе нападнам со петстотини, илјада души од таа страна.

Денот на тргнувањето ќе ви го соопштам јас – рече беглер-бегот и им се обрна на аџиите.

– А вие, Аџи-Јане и Аџи-Рампо ќе гледате да разбе-рете каде ќе биде поголема нивната сила да можеме и ние со поголема таму да удриме – а кон беговите се обрна со последната заповед:

– Гответе се ефендилер, да не се посрамотиме и овој сефер како досега, зашто за нас веќе нема место во царштината на големиот Падишах.

Со овие зборови мезличот се заврши и беговите се разотидоа по чифлизите да собираат луѓе за решавачкиот напад.

Калеш Анѓа (XIV дел)
ПРЕСЕДОА АГИТЕ преку зимските месеци, појадоа, попија, се науживаа на кулите по чифлизите со младите измеќарки, а во конаците во Прилеп и Битола со младите кадани и се подготвија да ја дочекаат пролетта, која ги отвори вратите на дејствата.

Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран -уште на 26 март. Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.

Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.

Скопскиот беглер-бег беше и паша – командант на скопскиот гарнизон, та нареди, еден табур од двеста души платена редовна војска да тргне во оваа експедиција, а во Кавадарци го пречекаа и му се придружија тиквешките бегови на чело со Јашар-бег со петстотини свои луѓе и уште толку башибозук, собран по целата Тиквешија за пљачка по Мариово.

И на пет дена пред празникот тргнаа четири табури до заби вооружени отоманци во четири правци кон Мариово, палејќи и ограбувајќи секој табур секое христијанско село што им се испречуваше на патот. Но главната цел беше определена од водачите на експедицијата, т.е. селата Градешница и Старавина.

Кадијата со првиот табур, Селим, Фазли и Даут со вториот за два дена стигнаа до реката Црна, првиот на Чебренскиот Мост, а вториот на оној на Светецот, а Мехмед, Муарем и Фета веќе ја фатија реката Коњарка над Скочивир и се накачуваа преку карпите кон Будимирци и Груниште, за да се појават над самото Старавина.

Кадијата нареди јуриш преку Чебренскиот Мост и поп Јаков со своите старавинци, градевци, бзовичани и саточани два дена го држеа преку река, но на третата ноќ Турците го освоија мостот и почнаа да настапуваат преку самите карпи во кои беа бунтовниците, а некои од Турците преку Бзовиќ веќе им се кажаа зад грб, та беа принудени да отстапат за да дадат друга битка на Баба пред самата Старавина. И тука, како и на Црна, паднаа доста Турци, но бројот беше толку голем – над 500 – та бунтовниците со сите жители од Старавина се повлекоа во старата римска тврдина Пешта. Кадијата ја зазеде Старавина, ја ограби, ги изгоре куќите на бунтовничките водачи, па се запати по реката нагоре кон Градешница. И од градевци доста се засолнија во Пешта, доста избегаа во планината, а во селото останаа по некој старец и баба. Бидејќи Градешница не даде отпор, а требаше и орадијата од кадијата да се засолни некаде, тој го ограби селото, но не запали ниедна друга куќа, освен на водачите Петре, Митре и Ристе Најде.

Дури кадијата ги водеше овие операции за да ги покори овие села, Селим, Фазли и Даут ја прегазија Црна над Светецот, бидејќи мостот беше урнат од порано и со малку жртви ги нападија нагоре бунтовниците, кои, гледајќи ја големата сила, побрзаа да ја соопштат катастрофата по тие села и да ги спасуваат жените, децата и старците во честите гори. На тој начин и овој табур напредуваше и ги зазеде селцата Манастир и Мелница, ги ограби, и кога дојде до Витолишта, го најде во него скопскиот бег со илјада души сила кој го правеше истото.

Од јужната страна на третиот табур со Мехмеда. Муарем и Фета, по ограбувањето на Будимирци и Груништа се стави со кадијата во Градешница и веќе и се готвеа да ја нападнат тврдината Пешта.

Скопскиот паша го смири Витолишта, Жуово и Врпско. Ги изврза младите мажи и жени, некои истепа, искла, ограби и запали по некоја куќа и преку Полчишта, тргна за Сатока.

И тука паднаа доста Турци од востаниците на Мате Никола и Димитрија Стале, но тие беа совладани; двајцата водачи со останатите живи селани побегнаа од селото, кое беше до темел изгорено и разурнато. И веќе, на самиот ден Велигден се составија сите четири табури во Градешница и Старавина и заеднички ја опсадија Пешта.

Во тврдината Пешта се собраа речиси сите водачи што останаа живи и ги затворија тешките железни порти.

Тука беа: поп Јаков, Димитрија Стале, Мате Никола, Стојан Пејо, поп Димитрија, поп Пејо, Васил Петко, Ристе Најдо, Стојан Трајко и други со сите вооружени луѓе што го бранеа Чебренскиот Мост како и засолнетите жени, деца и старци, меѓу кои и Анѓа со Стојана, син и Анѓелета, татка и Трајка, мајка и, брат и Јована и снаа и Сирма.

Водачите одамна го предвидуваа овој случај, знаејќи ја силата на Турците и законите на прилепскиот кадија, затоа и беа готови подолго да се држат во тврдината.

Тие секоја година носеа таму со товари жито, брашно, грав, сол и други продукти за јадење, да им се најде во зол час, кој ете сега настапи.

– За јадење еднаш, за цела година има да издржиме -изјави Стојан Пејо, еден од бунтовните селани, член на овој востанички „штаб”.

– Дрва за горење има за две години – рече Васил Петко од истото село на кого му беше возложена оваа задача.

– Десет бурила барут не се начнати – се јави Илко Весков од Мелница во чија „барутница” се правеше барутот и секоја година по неколку товари се носеа во тврдината.

– Тогаш нека вршат агите наоколу – со извесна иронија проговори поп Јаков. – Ние ќе си седиме, ќе си јадеме, ќе си пиеме цело лето, а назиме, ќе даде господ студ, ќе видат невидат, ќе го напуштат нашето златно Мариово и ние ќе си излеземе на пролет како гуштеричките.

Кога поп Јаков ги изговори зборовите: „ќе си јадеме и ќе си пиеме”, на последниот сите се погледнаа право в очи, а поп Димитрија направи една песимистичка забелешка:

– Ами со вода како стоиме, бре луѓе?

– Тече чешмата како досега, што има да стоиме, попче! – проговори Ристо Најдо, но лицето веднаш му пребледе, што кај сите предизвика голема загриженост.

– Е-е-е-е! Тука, браќа, ја оплескавме работата! -проговори пак поп Јаков и длабоко се издиши. – Ете тука. Ако ни ја секнат водата, готови сме, пропаднати… Ајде белким ќе не запази Ристос и света Богородица мајчица, та не ќе им падне на ум да го направат тоа. Па најпосле, изворот на чешмата малку кој го знае и од нашите белким не ќе го најдат и ако се сетат – го поутеши поп Јаков загрижените свои другари, но ова прашање остана да им гори во душите на сите луѓе во тврдината и сите се обеспокојуваа од него.

Нападнаа агите на тврдината првиот пат со петшестотини души; се јазеа по ѕидовите, носеа скали за да се качат и префлат внатре, но од тврдината пукаа пушки и пиштоли навреме, и ги испраќаа кај големиот пророк сите оние правоверни што успеваа на некој начин да ги појават главите на ѕидиштата.

Вториот напад го извршија со повеќе луѓе, но и тој го одби одбраната со уште поголеми загуби за противникот. На третиот ги фрлија бегот и кадијата сите луѓе што ги имаа на располагање. Направија скали само од луѓе, најзгора можеше само еден да се појави, та на одбраната и беше лесно да се справи со нив бидејќи и внатре беа малку луѓе засолнати и вооружени. Машките ги фатија сите метеризи на тврдината, а жените, старците и децата ги полнеа испразнетите пушки и им ги даваа на борците. Сета среќа беше таа што напаѓачите не можеа да употребат пет, десет и педесет души свои луѓе на еден од бунтовниците, па секој бунтовник се расправаше само со по еден – со тој што ќе успееше да се појави на тврдината. А на овој што чека лесно му беше да му ја испука полната пушка и да го турни надолу од високиот ѕид. За да се качи на друг требаше време, за кое одбраната добиваше готова полна пушка, и така не даваше да се префрли никој преку високиот и дебел ѕид.

По третиот најголем и најжесток, и пак безуспешен напад, командата на опсадата се откажа од други напади и бунтовниците останаа на своите места по тврдината да седат, да вардат и да јадат што имаше за јадење.

Беглербегот, кадијата и другите водачи на турската војска се вратија во Градешница да обмислат како да ги принудат бунтовниците на капитулација. Својот гнев и бес го истураа на фатените селани по блиските села и колиби на старците што останаа надвор од тврдината. Фатените старци и баби ги тераа врзани под тврдината и таму ги тепаа и мачеа на очиглед на бунтовниците – нивните деца и браќа, терајќи ги да ги наговоруваат да се предадат. Некои од нив ги тераа како парламентарци да тропаат на портата, да им ги отворат за да им однесат порака од беглер-бегот и кадијата дека ќе им простат ако се предадат со добро, но сето тоа бунтовниците го знаеја однапред и не се лажеа. Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека „на Турчин вера не се дава”.

– Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете не, дерете не, бесете не, печете не, а сами да се фр-лиме во вашите вилици никогаш.

Кадијата чкртна со забите и му се заколна во големиот Алах дека ако го фати навистина ќе го дере и пече… Но за некое фаќање со сила и борба не можеше ни збор да стане под тие околности.

„Нема што, ќе се држат опсадени дури не изумрат внатре за јадење – констатираа беглербегот и кадијата и решија да распуштат добар дел од дружината, бидејќи за сите немаше работа околу една тврдина од 300-400 метра и две-три-стотини вооружени луѓе. И така направија. My дозволија прво на башибозукот, кој и без дозвола почна да се враќа по своите села со богатата пљачка од овци, кози, говеда, коњи, алишта, жито, бакар, маст, сирење и се друго што претставуваше некаква вредност. He еден од тиквешките бегови собра и по пет-шест – десет души луѓе што ги фати по изгорените села и ги отера да му работат по чифлизите.

По оваа дозвола останаа само беговите со своите луѓе и војската на скопскиот паша. А времето веќе се одмакна. Фатија Петрови пости, наближи и Петровден, та и беговите побараа дозвола да се вратат по чифлизите да ја соберат сеидбата. Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.

Но „кога работи ѓаволот – што ќе прави господ” -вели народната поговорка.

На кадијата му удри мисла да се послужи пак со Аџи Јанета и Аџи Рампа и испрати човек да му го доведе, а тие се израдуваа мислејќи дека се покорени Мариовците и кадијата ги викна да ги направи мариовски бегови.

Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.

Аџиите веднаш се наредија во редот на прилепските, битолските и тиквешките бегови и се избакнаа со нив во знак на братство и рамноправност. Првиот услов тука го исполнија. Се заколнаа дека го напуштаат Ристоса и му се поклонија на Мухамеда, менувајќи ги своите имиња од Јане на Јунус, од Рампо на Рифат; а за вториот услов Аџи Јане -Јунус бег, предложи да им се остави рок од месец, два, најмногу до Митровден, работата ќе биде свршена. Живи -умрени, ќе ги има кадијата в раце бунтовниците, или нивните глави. Побара, од сета војска да останат само триста души, а командата да ја земе забитот од редовната војска и да работи со неговата согласност.

– Вие – им рече – ефендии, одете си и спијте си слободно. На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа.

– Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглер-бегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив. И утредента ја тргна ордијата по истите патишта од каде што дојде пред три месеци.

Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните.

– Mope кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.

Оние од Сатока што останаа живи не се вратија веќе во изгореното и испустено селце; но останаа во долот каде што беа засолнети од опасноста и го нарекоа своето ново село Бежиште – куртулиште. Една група од десетина семејства од тврдината Пешта пребегаа дури преку Црна и засели ново селиште кое го нарече Пештани.

Навистина, опасноста не беше наполно отстранета, но оние од опсадата не додеваа по другите села, освен на Градешница и Старавина, та животот се обнови по другите села. Луѓето се прибраа, и бидејќи останаа без водач, и не помислија да им притекнат на помош на опсадените. Па и да сакаа, немаа со што, бидејќи оружјето што го имаа се собра со време во тврдината и сега тие беа раат работа долу, по Воденско и Солунско Поле, за да можат да ја пречекаат суровата зима по нивните изгорени и ограбени куќурки.

Калеш Анѓа (XV дел)
Поради тие причини некако се ублажи положбата и луѓето се поразмрдаа.

Наближи и денот Илинден, селскиот панаѓур на Градешница. Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија „да ги има во раката” нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта. И не малку сите се изненадија кога влезе во црквата истиот оној калуѓер што дојде едно време во Старавина на Богородица.

Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата. Старците му ги отворија своите намачени и настрадани души, се исплакаа од големите зулуми што ги претргаа летово и уште што ги тргаат, и го замолија да им помогне некако ако може.

Овој ги излажа, им сочувствува и рече дека не може ништо да направи за нивно олеснение, освен да им советува на затворените да се предадат па да молат за милост. Дедовците и бабите беа согласни да се предадат бунтовниците -нивните синови и внуци – но никаква гаранција не гледаа во црниот калуѓер, дека ќе бидат помилувани.

Така разговарајќи го поканија калуѓерот еден дедо и една баба да преноќева кај нив за денов, макар што немаа што да го нагостат и напојат како порано.

Кај старите калуѓерот разбра дека бунтовниците се готови да ја издржат опсадата и цела година, но бабата се испушти и го наведе на една пакосна мисла:

– Ако не им ја секнат водата – рече таа – ќе можат и две години да издржат.

Кога старата ги изусти овие зборови, калуѓерот пот-скокна од местото како со игла убоден, но се направи рамно-душен и го продолжи разговорот:

– Зар немаат вода во тврдината? Од каде се снабдуваат сиромаси овие три-четири месеци? – божем сожалително праша тој.

– Mope како немаат! Златна чешма шупори внатре, туку се плашиме да не ја намирисаат главата та да ги остават без вода. Дури тогаш, или ќе исцркаат за вода или ќе се предадат – избрбори пак бабата.

„Сега или никогаш” – си помисли калуѓерот. „Ако не-маат извор или бунар во тврдината, сигурни ми се како лисица во стапица” – и почна да ја распрашува бабата, небаре загрижен дека може да ги стигне зло нејзините бунтовници.

– Ами од каде чешмата што шупори во тврдината? Може е водена со ќумци однадвор?

– Ете, таа е маката, оче, таа!!! Што е водена со ќумци, и тоа оддалеку е водена, та ако го разберат ова агите – отидоа децата – почна да се жали бабата и да го гледа некако сомнително калуѓерот, на чие лице јасно се покажа задоволство, а на устите скриена насмевка.

„Готови се”, си рече Аџи Јане во себе и за малку што не скокна од столчето да отиде кај буљукбашијата и да му го изнесе планот за победата. Но се задржа кај старците цел ден и ноќта преноќева тука во дворот под ведро небо и точно разбра дека водата во тврдината е доведена со ќумци од Беренското Чешмиче, кое е надвор од тврдината 400-500 метри, та уште утре ќе им ја запре и ќе ги принуди да се предадат.

Утрото уште рано в зора стана калуѓерот, се прости со домаќинот и домаќинката и си тргна кон Старавина.

Бабата и дедото пак отидоа в црква и пак запалија свеќи и му се прекрстија на свети Илија да им ги чува децата.

Околу четири часот по „алатурка” се зададоа од Старавина десетина аскери со забитот и ја преминаа реката токму кај малото црквиче во кое вчера палеше свеќи калуѓерот. Влегоа в село, и првиот старец што го видоа во еден двор го повикаа кај нив. Забитот зборуваше по турски, a еден од аскериве – вчерашниот калуѓер – му ги преведуваше на стариот прашањата:

– Од ова село си старче? – праша забитот.

– Од него сум, да се запусти, и селото, и јас – одговори старецот тресејќи се од страв и веднејќи ја главата готов да го дочека грбачот од забитот.

– He плаши се, старче, не плаши се, му проговори забитот. – Знам јас дека ти не си лош човек, но сакам да ми кажеш нешто.

– Ако знам зошто да не ти кажам – намуртено одговори старецот.

– Ех! Ако знаеш. Сигурно го знаеш Бренското Чеш-миче каде е. Ете тоа сакам да ми кажеш. Ми се припило вода од него.

Старецот уште повеќе ја наведна главата и си замисли. Сети дека ова прашање може да биде смртоносно за неговите деца што се во тврдината и им ја погоди пакосната мисла, па почна да се прави на „три и половина”.

– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори:

– Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче. Ако сакаше од Попова, сега таму помина, туку ајде напред да не заведеш на чешмичето и да ја изгориме оваа кошарка.

На старецот веќе му беше јасна намерата на агите и почна да ги стега рамениците.

– Јас не знам никакво Бренско Чешмиче, ефенди, во нашево село.

Војникот му го преведе одговорот на забитот и овој ги стисна вилиците.

– Ај анани… ана! Вие сите сте разбојници овдека, бре, од старец до дете… – и почна да мава со грбачот по стариот со сиот глас: чек бре ќерата! Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.

Од кошарката излезе стара жена и писна да тажи, гле-дајќи го налегнат дедото во дворот. Кршејќи ги прстите и приближувајќи се кон сцената во дворот, со тажен глас запраша:

– Што е, ефенди? Што сакате од стариот што сте го налегнале како вол за ковање?

Војникот веднаш се сврте кон бабата и божем сострадателно и одговори:

– Што сакаме? Ништо! Го прашаме каде е Бренското Чешмиче да ни го покаже, а тој запна, не знам па не знам. Ете затоа јаде ќотек.

И дури стариот да се заврти и да и даде ишарет да не кажува, оваа наеднаш се испушти и му рече на војникот:

– Mope, пусто да остане и чешмичето, ами ако е за него, елате по мене, јас ќе ви го кажам, не дека е далеку!!! – и тргна напред преку дворот.

Забитот ја разбра работата и го остави старецот во сред двор да се витка од болки и ќотекот, та тргна со сета дружина по бабата. И само што излегоа од селото, оваа им покажа со рака на север и им рече:

– Ене го, ен-е-е-е! Ене го пусто да биде. Над лозјата во присојот. Тоа го викаме Бренското Чешмиче.

При овие зборови војникот ја прегрна бабата, ја избаци силно и и рече:

– Оди си, оди си дома, излекувај го стариот, не ни требаш веќе – и како ветар се згрна напред преку долот прв да стигне до чешмичето. По него тргнаа забитот и другите војници и за пет-десет минути се најдоа сите под покажаниот брест во присојот.

Неопишана радост ги опфати забитот и Аџи Јанета кога го забележаа каналот како се вие низ лозјата, и ледината како зелена порачка. Веднаш испратија двајца војници в село да донесат копачи, и уште во истиот ден до ужина каналот беше откриен и водата секна во тврдината.

– Е, сега нека мрдаат како риби на песок – му се испушти на Аџијата од гради една длабока воздишка. – Од два-три дена, најмногу пет, повеќе без вода не можат да живеат, па камили да се сторат – и се вратија назад во Старавина да го чекаат дејството од денешното лукавство, оставајќи тројца од војниците да стражарат да не ја пушти некој водата по каналот.

Веднаш испратија извештај за успехот до пашата во Скопје и кадијата во Прилеп, и од обајцата добија заповед бунтовниците да се доведат живи во Прилеп доколку се предадат живи.

Непријатната новина – што ја донесе Анѓа денеска во бунтовничкиот „штаб” дека водата престанала да тече, удри како молња од ведро небо. На сите лица се покажа загриженост и очаеност. Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба.

– Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета. – Ете четири месеци јуначки се боревме и уште три години ќе се боревме ако не ни напакостеа со водава.

– Ами чаре, дедо попе! – повикаа во еден глас сите присутни.

– Чаре, не чаре, тоа е! Еден господ златен ако ни прати некое изабавление. Инаку – готови сме. Без вода што ќе правиме. Ќе исцркаме како глувци.

Но изгледа дека и поп Јаковиот господ по тоа време беше некаде далеку, та ни капка дожд не капна цела недела.

Уште на вториот ден несреќата дојде! Вода за миење немаше од каде да дојде, та почнаа децата да лижат брашно и да зобаат неварена пченица. Но тоа предизвика жед и тие почнаа да пиштат за вода.

– Вода! Вода! Вода! – се заори хорска пискотница во тврдината од стотина-двесте деца, и старите почнаа да ги оближуваат сувите усни, да ги понаквасат со слинките од јазиците. Бедните мајки собираа плунки од јазиците и им ги плукаа на своите мили рожби во устите, колку-толку да им ја ублажат жедта, но и тие немаше од каде да најдат сокови во себе за да ги спасат своите деца.

На третиот, четвртиот, а особено петтиот ден очаеноста беше ужасна. Речиси сите деца се тркалаа во несвест и само едно се слушаше: вода, вода-а-а-а!!!

Ожеднети и очајни, луѓето ги напуштија метеризите од тврдината и се собраа околу водачите со разни предлози и протести. Сите да се предадат и барем вода напиени да умрат; други предлагаа да отворат, да се бијат и кој ќе успее да побегне, арно, кој ќе умре, нека умре јуначки.

За ова време Аџи Јане ликуваше со забитот и целиот екипаж. Тој веќе се виде во положбата бег на Мариово и господар над сета таа раја, та се породи во неговата глава една егоистичка мисла, но и благородна – спасителна барем за децата, жените и старците. Нему му удри в ум мислата да ги заштити овие невини суштества кои ќе му требаат за работа на неговите нови чифлизи, а да му ги испрати на кадијата и бегот само водачите на бунтот, што ги познаваше многу добро од средбата со нив во Старавина на Богородица. И почна во тој правец да дејствува кај буљукбашијата. My го образложи овој план, и овој се согласи, толку повеќе што и неговиот паша од Скопје му пиша бунтовниците живи да му се испратат, до колку ќе се предадат живи.

На истиот ден од прекинувањето на водата Аџи Јане сам отиде на портата од тврдината и почна да го вика и бара да дојде поп Јаков на преговори. Co циничен смев ги покани да се предадат и му вети дека жените, децата и старците се под лична негова заштита, а водачите ќе се испратат лично на султанот во Истанбул тој да им пресуди. My се заколнаа во стариот господ Ристоса, и во новиот Мухамеда, но поп Јаков му го повтори секогашниот одговор „Дури стои главата на рамењата, нема никакво предавање”. Ги собра сите мажи, Мато Никола, поп Пеја и другите главни луѓе, сред тврдината и им ја објасни веќе јасната положба:

– Како што гледате, браќа, ние сме в стапица; во бези-злезна положба. Ако не излеземе одовде, готови сме; ќе испоцркаме за вода сите. Јас се придружувам кон оние дру-гари што рекоа да ја отвориме портата и да се бориме. Наши¬те животи и така и се ветени на слободата. Кој ќе умре -ништо не губи, а ако некој остане жив – многу ќе спечали. Тие што се плашат да излезат и да се борат, нека останат внатре и нека ги дочекаат агите; сигурно сите нема да ги исколат. Кој е со мене нека дигне рака и нека стори гајрет за последен пат, нека го спреми оружјето; барем да ги про-дадеме кожите поскапо.

Повеќето од мажите се сложија со предлогот, та дури и две жени грабнаа пушки.

Аџи Јане не ја напушти портата. Тропаше и викаше, сега не на поп Јакова, ами општо на сите:

– Предадете се, бре будали, што го слушате тој изве-треан старец. Еве, јас ви се колнам во својата вера, во својата чест и закон дека влакно од главите нема да ви падне. Попот ќе плати за сево ова. Вие не сте криви; тој со тие неколку ебепцази ве подмами да се земете на душа и уште кај ве мами. He слушајте го него: отворете ја портата и излезете барем вода да се напиете…

Тука беше слабата страна – водата – и затоа по збор-два ја споменуваше водата.

Но никој друг и да сакаше да ја отвори портата не можеше, бидејќи клучевите беа кај поп Јакова и само тој требаше да ја отвори.

И најпосле и поп Јаков отиде до портата да ја отвори. Да ја отвори, но не да се предаде и напие вода, ами со пиш-толот во левата рака и јатаганот во десната. Околу него се наредија и другите раководни лица, а зад нив оние што сакаа докрај да му служат на делото на слободата. А речиси, пове-ќето се определија да се борат до последна капка крв.

А времето веќе поодмакна. Во полнење на пушките и пиштолите, во подготвување и договарање фатија стари вечери, та дури и полноќ не беше далеку.

Од вриежот што се слушаше во тврдината Аџи Јане и забитот насетија дека нешто се подготвува во неа, но не беа начисто дали бунтовниците се готват за борба или да се предадат. За секој случај, опсадата ја држеа здраво. Три обра¬ча аскер ја опашуваа целата тврдина, а пред самата порта имаше наредено десет редици една зад друга. Аџиите со забитот и неколку чауши и башчауши правеа прва редица пред портата. Аџи Јане не престануваше да вика и да ги наговорува да се предадат.

Најпосле во црната темница се слушна гласот од коџо-башијата Димитрија:

– Сега, агачко, сега. Нели велиш да се предадеме, еве, нека биде на вашето, само – бесата бес! – и почна да чкрапа клучот на портата.

Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела. Така се заплатија за миг, оставајќи ги како прва редица пред портата своите чауши и башчауши, наредувајќи им да не пукаат дури не ги слушнат нивните кубури.

И, чекајќи да се отвори портата полека и да се појави напред со кренати раце некој од водачите, ако не поп Јаков, за миг и двете порти ширум се разгрнаа и се разнесе страшен вик придружен од грмеж на кубури. Бунтовниците со отво-рањето на портата го истурија првиот залп во првата редица и се џитнаа напред да си пробиваат пат со уште еден залп, a потоа со јатаганите и секирите.

Од првиот залп паднаа, смртно погодени или ранети чаушите и башчаушите и по некој војник од втората редица.

Но затоа, веднаш по пукањето и нурнувањето на бун-товниците низ портата, аџиите и забитот ги испразнија сво-ите кубури на тие што им дојдоа пред нив на два метра. Едниот смртно го погоди самиот коџобашија Димитрија, другиот познатиот водач Мате Никола, а третиот Ристета Сталев од Мелница.

По ова пукање се истури залп од пушки и пиштоли и од другите редици аскер во купот луѓе што навалија на портата. И од тоа пукање паднаа и пропиштеа неколкумина, но толпата однапред ги прегази во темницата и нурна напред, каде што веќе поп Јаков со Трајка Сирмев, сина му на овега Јована, зета му Стојана, ќерка му Анѓа, снаата му Сирма, Ристета Најдов од Градешница, Волче Паленза од Полчишта и други поглавни и похрабри борци веќе вртеа лево-десно со јатаганите да направат премин.

Но редиците пред нив се згустија и некои се фатија раце со раце да се борат. Се направи во темницата валкарница; пискотници и пцости го заглушуваа воздухот, а војниците од другите краишта на тврдината почнаа да се прибираат кон портата и да ги празнат и своите пушки и пиштоли, стрелајќи во неа т.е. во тие што излегуваат од неа.

Многумина од бунтовниците, гледајќи дека куршумите фрчат во портата, се стасаа назад во тврдината, оттаму ги испразнија своите пушки и очаени се разбегаа по кулите и зградите да се кријат. Поп Пејо и Петко Ѓорго не можеа да ја издржат очаеноста веднаш ги фрлија ортомите на брестот што беше сред дворот на тврдината и се обесија да не ја доживеат пропаста. Тие однапред беа се решиле живи в раце да не се дадат. И не се дадоа. Кога ги симнаа од бесилката, аџиите најдоа на нивните глави една мала штичка на која пишуваше: „Умираме за светата вера православна и златната слобода”.

Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници. Поп Јакова силно го удри еден со кундакот од пушката по тилот и тој се струполи; се онесвести и така го врзаа. Ги налегнаа и другите што останаа живи, а повеќето и загинаа. He ги колеа или убиваа налегнатите, зашто така беше наредбата со време издадена на војската: „колку што се може, повеќе живи да се налегнат, за да се исполни царската заповед”.

Кога веќе стивна борбата, забитот нареди да се запалат борини и веќе се шеташе со аџиите низ аскерот да видат што стана. Ги видоа сите налегнати борци и наредија да се исповрзат добро и да се затераат во тврдината; да се затворат во нејзиниот затвор и добро да се пазат. Се рашетаа по боиштето, ги изжалаа паднатите војници; ги исклоцаа и испцуја паднатите борци и се прибраа и тие во тврдината да ја чекаат зората, та на видело да решаваат што да прават со жените, децата и старците што се засолнија во зградите на тврдината.

Кога се осамна, излегоа пред портата и ја видоа страш-ната глетка од ноќешната борба. Ледината беше посипана со трупови и од едните и од другите. На се знаеше кој повеќе жртви даде. Наредија ранетите да се приберат и аскерот да ја запоседне тврдината. Самите тргнаа пред аскер и една по една ги претресоа сите простории пред зградите на тврдината и ги истераа во дворот сите луѓе, жени, деца и старци што ги најдоа во нив. Мажите ги исповрзаа и ги оставија да лежат наземи, а жените, децата и старците – да се тркалаат крај нив.

– Вода, вода, водааааа, ако знаете за бога! – пекаа во еден глас сите. Најпосле, околу пладнина, овие примија „за бога” и ги навртоа, како сурија говеда, на реката, каде што изналегнаа ничкум и си ги наквасија своите поцрнети и испукани усти.

Ги пуштија жените, децата и по некој старец што има-ше, а исто врзаните млади мажи ги вратија во тврдината да направат избор кого да му го испратат на кадијата во Прилеп за да се исполни царската заповед.

Први на листата беа тие што веќе беа во затворот на чело со поп Јакова. Одбраа и од другите што ги врзаа во тврдината: се на се тринаесет мажи и двете жени беа ноќеска во првите борбени редици. Другите убаво ги претепаа, ги одврзаа и ги натераа да ископаат јами, да ги закопаат истепаните. Потоа, околу ужина време, ги пуштија да си одат подома, но мирно да седат и да и се покоруваат на царската власт, за да не настрадаат како овие што ги изгубија главите пред тврдината.

Останаа поп Јаков со дружината во затворот од тврдината да чека со што казна ќе ги накажат аџиите и забитот, ако навистина не ги пратат кај султанот да им суди лично тој, како што им ветуваше аџи Јане кога ги наговоруваше да се предадат.

– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. He не остава тој пес кадијата; ќе не расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија. Но, сепак ги советуваше:

– Сигурно сите нема да не погуби. Ако случајно некого од нас испратат во Станбул и излезе пред царот или некого од неговите везири, машки да се држи. Да му објасни се потанко какви зулуми направи прилепскиот кадија над слободните царски луѓе. Држете се за за старите фермани. Ако ги немаме ние сега в раце, сигурно таму, ќе се најдат траги од нив и ќе се обелодени работата. Тогаш и кадијата ќе го добие заслуженото.

Така „правоверните” го задушија востанието во Мариово и му ги испратија водачите на бунтот на прилепскиот кадија и на скопскиот беглер-бег да се расправаат со нив понатаму, а Аџи Јане и Аџи Рампо почнаа да бегуваат над останатите живи мажи, жени, деца и старци под новите имиња: Јануз-бег и Рифат-бег од Мариово.

Калеш Анѓа (XVI дел)
ЕДНА НЕДЕЛА по Илинден, во еден од најжешките дни на месец август поминаа преку Прилеп тринаесет мажи и две жени исповрзани со дебели синџири за гуши,

за раце и за нозе, водени од по тројца сејмени и пазени од по десет наемни царски војници со исукани јатагани и остри маздраци, а напред јаваа двајца бегови и еден забит на три црни коњи.

Беговите гордо седеа во седлата на коњите и се ѕвереа лево-десно да видат дали ги гледаат луѓето од куќите и ду-ќаните каде што врвеа. Едниот го праша другиот:

– Велиш ќе си достои кадијата на зборот?

– Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот.

-Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска. Навистина живот ќе проживееме во Мариово како старите некогаш.

– Ке си имаме уште многу расправии со тие горјани, туку нели ги налегнавме овие- и покажаа со главата назад кон врзаните – другите ќе го наведат грбот да ги јавнеме. A и кадијата нека е жив. Ако ни потреба неговата помош, верувам нема да ни ја откаже.

Така си разговараа бившите аџии Јане и Рампо, сега прекрстени во Јунус и Рифат, и, гледајќи се во беговски алиш-та облечени, беа убедени дека се вистински бегови на Мари-ово. Успехот со задушувањето на бунтот си го препишуваа исклучиво на себе и беа сигурни дека кадијата ќе ги напра-ви салам бегови над покорените Мариовци. Тие веќе си пра-веа во умиштата свои и беговски кули по сите мариовски села и поставуваа ќаи и субаши на секој чифлиг.

Погледнуваа гордо во отворените пенџериња на ку-ќите и уште погорделиво се петлеа на седлата, но и ги наве-днуваа главите и ги вртеа на спротивната страна кога забе-лежуваа некој познат лик што плукаше гнасно кога ги пре-познаваше. Таквите слики не им беа пријатни и тие се чув-ствуваа некако виновни пред своите совести што ја напуш-тија верата и својот род, станаа предавници, заради удобен живот.

Врзаните пак бунтовници, откако влегоа во градот, ги кренаа главите високо и на секој сострадателен поглед од луѓето што беа појавени по прозорците одговараа со горда насмевка. Co тоа сакаа да им кажат на христијаните:

„Не жалајте не нас, ами жалајте се сами себеси што скапувате под топуците на агите. Ние си ја исполнивме нашата света должност и одиме на крстот за правдата. Сло-бодата со ништо не се заменува”.

И така одеа низ градот кој од кој погорди. Победи-телите – аџиите – горди со својата физичка победа над бун-товниците, а овие уште погорди со својата морална победа.

Турците пак се собираа по аскерот и џумле ги рас-прашуваа последните војници што луѓе се овие толку испо-врзани. Кога разбраа во што е работата, a се присетија на нападот што го направија Мариовците пред неколку години на кадилакот, сите збеснаа. Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури. Некои од нив се послужија со разно ѓубре од буништата, та дури и со изметот на во-ловите и коњите што се наоѓаше по сокаците. Но војниците го задржаа бесниот налет на раздразнетата толпа, и ги од-ведоа врзаните бунтовници пред кадилакот.

Слегоа од коњите беговите и забитот и еден ист онаков гаваз како оној пред петнаесет години што го при-јави Суљо-ага, влезе кај стариот кадија и по истите прописи ги пријави дојдените.

– Двајца и еден буљукбашија дојдоа сега и сакаат кај тебе, кади баба – смерно израпортира гавазот, правејќи темане.

Кадијата ја исправи наведнатата глава и го праша гавазот:

– Од каде идат?

– Од Мариово, рекоа.

– Од Мариово? Аферим бре, Аџи Јане! – се изненади кадијата и му заповеда на гавазот:

– Пушти ги нека влезат.

Овој излезе назадечки и на уште отворената врата се појави бившиот Аџи Јане, сега Јунус-бег и направи едно длабоко темане.

– Добар ден, кади ефенди. Дојдовме.

– Е, кажувај, најмлад синко на пророкот. Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздраву-вајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него.

– Готови се кади ефенди, готови!

– Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи:

– Бравос, бре синко Јунусе, бравос! Ете тоа се вика верен слуга на падишахот – па се поздрави со Рифата и буљукбашијата и почна да распрашува:

– Е, како, како? Каде се сега? Или ги суредивте таму? Камо барем главите да им ги видам. Ги познавам јас тројцата од нив. Беа кај мене пред десетина-петнаесет години, тој поп Јаков, поп Димитрија и некој си Димитрија Стале. Ќе ги познаам нивните лејќи ако ги донесовте.

– Сите живи ти ги доведовме, кади ефенди, сите. Само тој Димитрија Стале и Мато Никола не се дадоа живи, си го зедоа делот пред портата на тврдината; и еден друг поп Пејо и оној си Петко Горго беа се обесиле на брестот, но нивните глави не ги донесовме да смрдат на горештинава. А другите ене ги исповрзани како мечки каде дремат на сонцето во дворот.

– Аферим, аферим, бре синковци, ашколсум, по сто-пати аферим кога ја свршивте и таа работа – не можеше стариот кадија да ги нафали победниците и да се нарадува на нивниот успех.

– Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот.

Co злоба и гордост која може да ја има само средно-вековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите. Само врзаните не ги наведоа главите. Поп Јаков и Стојан Трајко дури ги поисправија. Се приближи до десната страна на редицата и го позна поп Јакова и почна иронично да му се врголи:

– Е! Е! Е!, папас ефенди! Мрда, мрда, домрда а? Што мислеше ти? Ке правиш каурско-попско царство сред отоманската царштина, стара будала, истресена. Виде? Те спетлале како мечка во синџири, каде ќе одиш сега, а? Ќе ти ја јадат кучињата мршата по буништата.

Попот прочкрта со забите и ја заврте главата настрана да не го гледа не кадијата, ами новиот бег Јунуса, кого уште кога се предаде го позна дека е ланскиот калуѓер од света Богородица и толку го замрази, што не можеше да му го гледа суратот, па ништо не му одговори на кадијата.

– He зборуваш, а? – му се врекна кадијата. Може за-неме овие години. Колку што знам, пред десетина години убаво зборуваше со оној и друтиот твој колега. Ми велеше тогаш дека ќе правиш поплаки, ами отепа толку мои луѓе? Гледаш? За сите сега царот ќе бара сметка од тебе.

– Нека е жив царот – процеди преку заби поп Јаков. – Ке му дадам јас сметка за сите негови, ама ќе барам сметка за сите неправди што ги направи и што ги прави прилепскиот кадија на рајата.

– Ха-ха-ха! Ке бараш попче, ќе бараш, и ќе најдеш. Справедлив е нашиот калиф. Ке даде сметка на еден бун-товник, како не! Само ќе видиме дали ќе го видиш ти него. Ми се чини ретко кој смртен достигнува до него – иронично му одговори кадијата, однапред решен да го осуди него на смрт и продолжи да ги гледа со ред врзаните, та дојде и до другиот крај на редицата каде што стоеја двете врзани жени.

Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа:

– Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха! Хи-хи-хи-хи и и и! – се смее кадијата, се витка доземи и се држи за стомак, не може здив да повлече од смеење. Откако се изнасмеа убаво, убаво, и се приближи на едната од жените, ја фати за долгите црни зулуфци, и ја исправи, и така исправената горда глава, и се заѕури одблизу во очите и почна пак тивко и пакосно да и се смее в лице, па низ смеа и се обрна со збор:

– Анѓо мори! Ти си Анѓо што побегна од мене, што те грабнаа или ме лажат очите! Ти си, ти си! Познавам јас колку за толку – и пак избувна да се смее.

– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите

– терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден

– и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.

Овие му раскажаа се потенко, кадијата ги пофали и богато ги награди од своја страна, напиша уште истиот ден писмо за скопскиот беглер-бег и го испрати, па се прибра вечерта во конакот да им раскаже на Ајша и каданите за повторното Анѓино ропство, а сужните ги затвори во својот затвор и ги држеше ни помалку, ни повеќе – токму три ме-сеци.

Калеш Анѓа (XVII дел)
АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.

За забележување беше дека сиот тој народ беше муслимански -Турци и Цигани. И што имаше по некој каурин, уште рано продаде што продаде, купи што купи и како без глава го напушти пазариштето да не го фати пладнина в град. Помина телалот рано-рано и објави дека денеска во шест часот по турски, на пладнина, ќе бидат погубени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово. Еден поп и еден мирјанин. За да не бидат присутни на страшната глетка, христијаните бегаа рано, а Турците и Циганите се заврвеа исто така рано, носејќи секој по заграб дрва и ги трупаа токму на она место од каде што пред дваесет и седум години кадијата го грабна Ангелета Сирмев и го прати за јаничар во Истанбул. Како за инает кадијата беше ја поставил кладата за татко му Трајка на тоа проклето место; и двајцата, син и татко, да пропаднат во истата јама. И за неполн час се направи карма од петстотини товари дрва. Кој како идеше, ги фрлаше дрвата на кармата, се тргаше на страна и мирно застануваше, чекајќи го интересниот настан. Така објави телалот. Интересен ќе биде овој настан, зошто досега така се нема видено во градов. Луѓе живи ќе се печат.

„Реков дека ќе го погубам така и алах ми ја исполни желбата”, си велеше во себе кадијата кога ги судеше бунтовниците и одбираше кого да го осуди на смрт освен поп Јакова, кој беше однапред определен како водач на бунтот. Кога разбра дека Трајко Сирме и бил татко на Анѓа, не можеше да се воздржи, а да не воскликне пред неа:

– Ами кога ти велев дека ќе ги изгубиш родителите, ти што велеше, а? – и пак ја покани да се потурчи, не да ја прави сега анама, ами да му помине инаетот, да биде на неговото.

Ги стави ќерката и таткото за да се насладува на својот садизам. Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба.

– Што велиш сега, Анѓо? Ќе се потурчиш да пуштам татка ти, или сега ќе речеш нејќум? Пред петнаесет години велеше „ако фатит кадијата татка ми и брата ми’\ Еве, фатив, најпосле… – и пристапи и почна цинички да и зборува, наднесувајќи и се над лицето.

Кога кадијата рече „и брат ми”, Анѓа претрпна, би-дејќи и брат и Јован беше во врзаните и дотерани бунтовници.

„Ами сега?” си рече и се стресе. „Ако разбере дека и тој е тука, сигурно и него ќе го погуби. Тогаш дури ќе се запусти татковата куќа”. Ожолте, омодре, капки жешка пот ја облеаја, но издржа да не ја покаже возбудата.

Но на кадијата ни на ум не му паѓаше да го бара и брата и во дотераните, ниту пак можеше да го открие и да сакаше. Татка и го препозна од нападот кога ја извадија неа од кај него, а и самиот Трајко не си го мени името како аџи Јане ги прочита сите имиња што ги запиша во својот тефтер на Богородица во Старавина. Тогаш и Трајко Сирмев го запиша поп Јаков во тој тефтер. И кога се предадоа во Пешта, аџијата се распраша за имињата и разбра дека Трајко Сирмев и е татко на Анѓа, а свекор на другата фатена жена – Сирма, што беше мажена за Јована Сирмев. Понатаму не ја изведе работата на чистина. Луѓето се кажаа на разни имиња, та и Стојана не го открија дека и е маж на Анѓа. Но, бидејќи по тефтерот од аџи-Јанета имаше шеснаесет водачи, тој врза тринаесет мажи и две жени и токму погоди: Анѓа со мажа и

Стојана и Сирма со мажа и Јована. И со тоа, речиси, Сир-мевата куќа навистина се запусте. Остана бабата Велика со двете внучиња Ангелевци. И Анѓа и Јован ги крстеа своите машки деца на името од пленетото братче Ангелета.

Кадијата и не го праша аџи Јанета кого дотера. Доста му беше што му го дотера поп Јакова, а другите водачи што се споменуваат во царскиот ферман загинале во борбите или се обесиле како што направија поп Пејо и Петко Горго. Добро сторил аџи Јане што дотерал други на нивните места да се пратат во Истанбул за веслање по бродовите. Затоа кадијата не сакаше да знае кои се другите дотерани, та не праша ни за брат и на Анѓа – Јована.

Анѓа и сега гордо ја исправи главата и внимателно го ислуша додека зборуваше тој. Кога го постави прашањето, таа ги сврте очите во татка си и тој го прочита нејзиното прашање:

„Што велиш, да се потурчам да не те погуби кадијата?”

Трајко го разбра макар Анѓа да не проговори ни збор. Тоа беше напишано со големи букви во нејзините очи и тоа јасно го прочита иако не беше писмен за обично писмо. Затоа веднаш ги свеси веѓите и ја замавна одречно главата, а во исто време извика силно, речиси ревна:

– He, Анѓе! Ти тргна по правиот пат уште пред пет-наесет години и оди по него додека ќе ти стои главата на рамењата. За мојот живот јас ќе си го берам гајлето.

Кадијата го слушна и го изнапцу:

– He прашам тебе, бре домус! – му се врекна и пак и повтори на Анѓа:

– Кажи де, кажи; што молчиш. Речи дека ќе се потур-чиш и ќе дојдеш на конакот мој, сега ќе пуштам него да одит дома.

– Тој кажа за мене – изусти Анѓа и го погледна татка си. – Ако не го примаш неговиот одговор, тогаш слушај аго – што не ти е драго: HE, HE и HE! Коли, беси, дери, печи, се што сакаш прави, ама тоа HE! Јас сум господар на својата душа. Снагата можеш и да ја испоганиш, ама душата не ти ја давам дури стои во мене – го повтори Анѓа одговорот и му плукна во лицето.

Кадијата почна да цука, и речиси, се замаја кога го слушна одговорот. Никако не му идеше в глава толкава упор-ност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. He можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на живо-тите. И реши да го осуди Трајка на смрт за да си ја излее омразата и спрема Анѓа. И навистина ги осуди двајцата со поп Јакова.

Пресудите на кадиите беа извршни, па и за смрт да се однесуваа. Што пресудуваше кадијата, тоа имаше да се ис-полни. Никакви жалби не можеа да ги одменат па ни оваа со која ги осуди Трајка и поп Јакова.

Затоа тој нареди да објави телалот дека денеска во шест часот – на пладнина – ќе бидат јавно спалени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово. Секој правоверен да излезе со еден заграб дрва и да присуствува на инте-ресното погубување на бунтовниците кога ќе бидат живи изгорени.

Телалот уште рано изутрината ги изреди сите сокаци по маалата, па дојде и во чаршијата која штотуку се отво-раше. Гласно „како телал” повика пред дуќаните, особено пред христијанските. Овие го слушнаа и веднаш почнаа да ги затвораат дуќаните, да ја избегаат глетката која ја при-готвуваше кадијата за сите „неверници”. А телалот отиде и на самиот Атпазар. Грмна тука од секаде посилно да го слуш-нат каурите – пазарџии – и повтори на сите четири краишта, а потоа отиде на средето каде што беа насобрани десетина-петнаесет сејмени со еден буљукбаша.

– Овдека, овдека ќе бидат изгорени, испечени, на ова местоооо! – се провикна и ги виде најревносните пророкови синови каде носат, не заграби или цепаници, ами товари суви буковици. Меѓу тие исполнители на наредбата од ка-дијата беа нашите познати бегови Јунус и Рифат во друштво со муфтијата, имамот и неколку оџалари и агалари, кои не сакаа да носат в раце дрва та затоа натоварија по еден коњ и ги растоварија на местото што им го покажаа сејмените. Ги вратија коњите по децата што дојдоа со нив, а тие ја формираа првата почесна редица од гледачи.

– Ке биде интересна денешната работа, зар не? -праша еден од агаларите и почна да ги тегне бројниците.

– Да гледаш живи луѓе да се печат, зар може да биде неинтересно? – му одговори аџи Рампо, сега Рифат-бег и тој вадејќи ги своите бројници што ги донесе од Ерусалим кога отиде да стане аџија.

– Жими вера, што ќедар му направија тие пезевенци на падишахот наш, и таа е мала џеза за нив. Јас да сум на местото од кадијата прво живи ќе ги одерам, после ќе ги печам, ја одобри Јунус-бег свирепата постапка, жалејќи се во себе што не се сети да му предложи на кадијата прво да ги одере, па после да ги пече, бидејќи тој му предложи да ги погуби на клада. И почна да им раскажува на новите колеги какви „злодела” му направија тие „проклети” Мариовци на султанот:

– Јас бев, ефендилер, очевидец кога стотици наши луѓе тие пезевенци испратија кај големиот пророк. Според мене, не двајца, ами сите што се дотерани, на огнот да се испечат…

Сакаше да каже сите Мариовци, до куче, да се испечат, но се сети дека тој е сега бег на Мариово, та ќе му требаат луѓе за работа. Затоа предлагаше барем фатените да се по-губат.

И кадијата беше на тоа мислење, но ферманот од сул-танот јасно зборуваше: „Штом ќе ја добиеш мојата заповед здраво да се зафатиш со нивното фаќање. И ЗА НИВНИТЕ БУНТОВНИЧКИ ДЕЈСТВА, НЕКОИ ОД НИВ ДА НАКАЖЕШ CO СМРТ. ДРУГИ ДА ИСПРАТИШ ВО ПРЕСТОЛНИНАТА ЗА ДА БИДАТ ИСПРАТЕНИ НА ВЕСЛАЊЕ ПО БРОДОВИТЕ”. И мораше да постапи по него. Реши да испрати повеќе во Истанбул. мислејќи со тоа повеќе да му користи на својот падишах, отколку да му соопшти дека толку и толку избесил, испекол, а помалку пратил таму за работа. Се разбира дека и тука беше сметкаџиството. Од обесените веќе никој немаше да има никаква корист, а од живите – царските галии најдуваа робови за веслање, што секако повеќе ќе му се направеше ќефот на султанот.

Затоа кадијата реши само двајца да погуби, башка од оние таму што загинаа во борбата со аскерот и самите што се избесија на брестот во тврдината. Да ги погуби најлутите свои непријатели поп Јакова и Трајка Сирмев; првиот како најопасен водач на бунтот, а вториот повеќе за инает на Анѓа. На нив да си ја излее сета омраза и со тоа да му олесни на душата.

Долго време се мислеше кадијата и се советуваше со своите мезличари со каква казна да ги накаже осудените бунтовници.

– Да им тргнам по еден пиштол в чело? – беше првата мисла, но му се виде блага казната според престапите на осудените. – Ке ги замижат очите, ќе го дочекаат куршумот и ќе умрат за пет декики. He, не! Нешто полошо, помачно, пострашно. Да им ги пресечам главите со јатаганот? – Исто! Да ги набијам живи на кол? – му светна во умот и ги развлече дебелите муцки, задоволен што намисли пострашна и „по-срамна” смрт, но пак се обрна кон собраните агалари и оџа-лари:

– Што мислите вие, ефендилер? Можеби некој од вас знае некоја друга казна, пострашна, понова, помодерна да ја наречеме?

Јунус не можеше да се воздржи:

– Јас знам, кади баба, јас една, ама којзнае дали не ќе ви изгледа каурска, зашто таа е сега најмодерна кај каурите. Тие нивните бунтовници живи ги печат на големи огнови насред пазариште. Ако мислите дека ќе излезе интересно, ајде и ние да погледаме малку сеир како се пече попчето живо на жарот.

– Да си жив,фре синко Јунусе – се провикна кадијата, задоволен од предлогот на новиот бег. – Навистина ти ќе одиш кај големиот пророк во рајот, што им правиш вакви услуги на неговите верни – а потоа се обрна кон другите агалари:

– Што велите вие, ефендилер? Убав предлог даде Јунус-бег, а? Мене ме бендисува. Толку повеќе што тој мари-фет го измислиле пак тие – каурите. Ете, со нивниот камен по нивните глави, а?

Сите го прифатија предлогот од аџи Јанета и затоа први донесоа по цел товар дрва на Атпазар за да се изврши свирепата казна над двајцата осудени бунтовници.

По нив се заредија сите правоверни од Прилеп – барем еден од куќа – со по неколку дрва в раце. Кој немаше дрва за горење, искорна по некое черчеве, праг или штица од трошните куќарки, само и само до припомогне во извршу-вањето на „свештеното” дело. Секое уништување на ино-верец, беше свештено дело за муслиманите. И сега таква беше пораката од кадијата: Секој да излезе на Атпазар со дрва за да се сврши оваа „свештена” работа.

И уште пред пладнина се насобрал народ колку што

не се очекуваше, a со тоа и купот дрва се направи пет метра

висок, а, можеби, десет широк. Сите се тискаа кој поблиску

до огнот да застане за да може подобро да гледа што ќе

прават осудените на жарот. Се направи обрач со луѓе што

го исполни целото пазариште, та дури и блиските сокачиња

од чаршијата. i

Околу десет часот обрачот го раскинаа десетина ссјј мени и му направија пат на самиот кадија, кој, како другите, донесе една мала цепаница и ја фрли на врвот на камарата.

– Нека е аирлија работата, ги поздрави присутните агалари, бегови и оџалари, кои му направија место во првата редица.

– За аир ќе биде, кади баба, ако сака алах. Ке требиме двајца душмани на светата вера пророкова, – му одговори самиот муфтија.

– Тогаш да почнеме – рече кадијата и погледна во еден од оџаците. – Еден од вас свештените лица да го запали огнот.

Веднаш се пријавија тројца, меѓу кои и самиот имам, на кого кадијата се задржа. Овој излезе напред со сето до-стоинство на антички жарец, пред олтарот на боговите и ја прифати веќе запалената борина од еден гаваз. Ја крена главата кон небото и почна нешто да мрмори. Сигурно му упатуваше благодарствени молитви на големиот пророк што го удостои и овој ред да биде негов слуга и да му принесе две ѓаурски жртви на неговиот олтар. Расфрлаа сејмените од дрвата настрана а имамот ја кладе борината сред нив.

He требаше многу време да се вивне огнот. Сувите дрва, штиците и черчевињата се запалија и веќе пламенот изби и до самиот врв; потоа се распламте „до небо”.

Масата свет почна да урлика само што го виде пла-менот. Почна да се стиска кон огнот, но кадијата го имаше предвидено тоа, та совреме нареди редица сејмени пред лу-ѓето, така што неколку метри од огнот беа слободни. Сејме-ните не се даваа да бидат турнати напред, зашто почна да им ги пече лицата, та стоеја како заковани правејќи тврд ѕид од луѓе.

Почна врева и ѓурултија во задните редици. Некои се раскараа, та дури и потепаа заради бутканицата, а, речиси, сите почнаа да викаат:

– Да ги видиме ѓаурите на огноот! Да ги видиме душманите, нечистите, арамиите да се испечааат!

Кадијата и сам возбуден, не можеше да ја дочека пладнината. Нареди да ги доведат попот и Трајка.

По сокачето откај затворот се зададоа група сејмени со врзаните осуденици. Толпата почна да ги пцуе, да ги плука и да намавнува, но сејмените не допуштаа никому да им се приближи.

Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум. Од страните правеа ѕид други десет сејмени, така што осу-дениците не можеа да ја видат толпата разбеснети муслимани што пцуеше и плукаше? но по вревата што се креваше знаеја веќе каде ги водат и што ќе биде со нив. Претполагаа дека ќе ги стрелаат, можеби ќе им ги пресечат главите со јата-ганите и после ќе ги закачат на колје за да се плашат ѓаурите од власта. Имаа слушано дека и живи на кол навирале агите, ама сепак се тешеа белким дотаму нема да ги мачи кадијата. Белким и во него има нешто „душа” и „исав”. Барем смртта да не им биде толку свирепа. Најпосле, смрт е смрт, било по кој пат да иде таа.

Но кога го видоа чадот, а потоа и пламенот „до небо”, и двајцата вомјазено се погледнаа:

– Решиле живи да не печат, а? – праша Трајко и како некакви нови сили и кураж да доби во себе, па продолжи: -Ако, оче,ако! Поголеми ќе бидеме во редот на божјите угод-ници. Како ни велеше ти? „Колку човек повеќе и поголеми страдања ќе претрпи за светата вера Ристосова, толку поголем божји угодник ќе стане”. Еве нас двајцата – живи в оган. Што може поголемо страдање да има од ова, жив да се печеш?

– Така е, Трајко! He клони духом. Господ наш Исус Христос се гледа и секому ќе му даде според неговите заслуги. Нам ни ја подава оваа чаша полна со горчина за да ни ја проба верата во него. Ја испиеме ли без муртење и роптање, верата од неговото вечно царство ни е отворена уште навечер.

Така одеа во пресрет на смртта верски фанатизира-ните луѓе во епохата на средновековното мракобесие, па и нашите бунтовници поп Јаков и Трајко Сирмев на кладата. Затоа тие, не само што не покажаа страв пред ужасната смрт, ами напротив, ги кренаа главите високо и гордо ја стрелаа со очите насобраната маса „нечисти”. Верскиот ан-тагонизам беше на својот највисок врв, до безмилосно истре-бување.

Кога излегоа пред првите редици и го видоа кадијата со агаларите, застанаа. Поп Јаков не можеше да се воздржи кога ги виде потурчените аџии Јанета и Рампа, па со гнасење им подвикнаа:

– Ја добивте играта на овој свет, но ќе се прашаме таму горе- и погледна во небото.

Сите агалари се насмевнаа и погледнаа во новите свои колеги Јунуса и Рифата, а кадијата му одговори место аџиите:

– Плати го ти, папаз, борчот овдека, ние ќе плаќаме таму. Еве да видиш дека царската рака е долга и никој од неа не може да куртули. Дојде црниот петок и за вас бунтов-ниците. Нека ја земе сега алах мојата душа.

– He дека има душа во вас та да ја земе Алах и господ! Ако имавте вие души, немаше да го правите сето ова. Туку… гледа господ и секому ќе му даде според неговите дела.

– He пцалај, прчу не пцалај… има душа, нема душа во нас. Ние знаеме поарно од тебе – му одговори аџи Јане окуражен со одговорот од кадијата. А кадијата им нареди на сејмените:

– Алиштата долу и… – покажа на врвот од огнот -горе на грб… да чуеме оттаму што ќе пропцала попецот.

За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган. Ги испржалија и сејмените мустаќите, веѓите, клепките; ги запалија и алиштата, но свршија работа. Врзаните останаа врз огнот, не можејќи, ни пак сакајќи да останат. Обајцата ги втренчија погледите во небото, без да пуштат глас од себе, и дури имаше живот во нив устите им мрдаа. Поп Јаков упатуваше молитви кон небото, што ги знаеше од црковните книги, а особено една „В руцје твои предају дух мој, господи”, а Трајко мрмореше: „За твојата света вера и златната слобода, прибери ја, господи, душата моја”. И огнот го направи своето.

Арно ама, секогаш случајноста го поткрепуваше суеверјето, па и тука тоа го направи. Големиот оган направи голем куп жар, и, штотуку падна дебелиот мрак и убаво се затемни, дувна еден силен ветар, та почна да го разнесува наоколу. А наоколу беа дуќаните од чаршијата – турски, каурски, измешани. Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен.

My кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли:

„Ама пис милет, анани… ана! И умрен од пакост не се откажува; запусти чаршијата”, си брбореше во себе и пак умот му отиде во Анѓа: „Сигурно таа е маѓепсница, па види сега што направи. Требаше и неа да ја испечам, да не го правеше овој пакост”. Но веднаш се тргна исплашен: „По-арно што не ја фрлив и неа; можеше и мене да ме привлече да изгорам и јас во огнот”.

Co тие и уште многу црни мисли кадијата ја преседе таа ноќ и реши уште утре да ги испрати сужните за Истанбул, да му се симне еднаш тој товар од грбот и да се ослободи од стравот што го чувствуваше од Анѓиното присуство, убеден дека таа е вештерка, маѓепсницата.

Калеш Анѓа (XVIII дел)
УШТЕ ИСТАТА НОЌ по спалувањето на поп Јакова и Трајка кадијата нареди да се спреми потребен број сејмени што ќе ги затера бунтовниците во Цариград.

Самиот седна и напиша кратко писмо лично до султанот, без да знае дека Сулејман уште пред три месеци умре пред Сигет во Хрватска и на негово место дојде син му Селим II. Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена. Лошата зима и мекиот карактер на Селима го одвратија од оваа намера и тој се врати во Стамбол, откажувајќи се од лудите амбиции на татка си да го покори и поислами целиот свет.

Таа ноќ во прилепскиот затвор вриеше. Во кулушот каде што беа затворени бунтовниците дојдоа десетина-петнаесет сејмени и доведоа двајца ковачи. Овие почнаа со работа. Прво им наметнаа по една алка околу гушите и ги заковаа. За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови. Првата двојка – челото го правеа поп Димитрија и Јован Сирмев, а последната – Анѓа и Сирма. Како тек, најодзади беше врзан Стојан за Анѓа. потоа ги врзаа двојките една за друга со друг синџир на по метар растојание, така што врзаните можеа да одат два ме-тра еден по друг во должина и еден метар во ширина.

Откако ја свршија оваа работа, им ги стегнаа рацете наопаку со белегзиите што ги имаа и во затворот, но затоа пак им ги ослободија нозете од тешките пранги за да можат да одат.

– Имаме господ, деца, имаме – ги тешеше поп Дими-трија кога почнаа да им ги симињаат прангите. – Ќе не тераат некаде подалеку, штом ни ги ослободуваат нозете. – И правилно предвиде старецот. На поп Јакова и Трајка не им ги ослободија нозете ни при самото спалување. Затоа ова беше знак дека не ги водат на губилиште, туку во Прилеп.

Така исповрзани ја дочекаа зората, кога дојдоа педе-сетина сејмени и ги повикаа да излезат од кулушот. Луѓето ги размрдаа нозете, ги оптегнаа глезните и видоа дека ќе можат да се движат во колона по двајца.

Излегоа сите во дворот каде што веќе беше дошол кадијата со своите мезличари. Ги изгледа крвнички сите и кусо им соопшти за каде ги подготвува. Им одржа кратка придака на своите сејмени и им даде упатства каде да ги одведат. На буљукбашијата му го даде писмото лично за султанот и колоната тргна водена од шест души сејмени, заградени од по десет од страните и шест одзади. Другите осумнаесет со буљукбашијата имаше да се грижат за пљач-ките и продуктите што беа натоварени на шест поштенски коли.

Врзаните сакаа да се прекрстат, но бидејќи рацете им беа врзани одзади, само гласно сите рекоа: „Ајде боже по-можи”.

Колку и да настојуваа сејмените да се брза, колоната, како што беше исповрзана, не можеше да развие брзина каква што сакаа тие. Ако застануваше некој од врзаните по некоја физиолошка потреба, мораше целата колона да за-стане и да го чека. На дваесеттиот километар мораа да напра-ват кратка починка, бидејќи луѓето беа прегладнети уште во затворот, та требаше да им се даде барем по парче леб колку-толку да се закрепат за да можат да го издржат дол-гиот пат. Кадијата така им нареди – да им даваат патем трипати на ден по малку леб и вода за да можат да ги одведат до Истанбул.

– Ако некој се заинаети и нејќи да оди, ќе му го тргате јатаганот и главата ќе му ја однесете на падишахот – им рече на сејмените во дворот на затворот, пред осудените гласно, така што тие добро го слушнаа. Затоа и никој до првиот конак и не помислуваше да се влече или пак да легне на сред пат – да не оди. Толку повеќе што и самите осудени одвај чекаа да отидат до султанот и да ја разбистрат целата работа.

По ручекот и одморот од еден час време сејмените пак им ги навреа белегзиите на рацете и ги потераа. Но -колку да ми даваа зорт да стигнат до Битола, бавното одење и кусиот декемвриски ден тоа не го дозволија. Ги фати мракот уште пред анот кај Вашарејца и тие беа принудени тука да преноќат.

Анџиите – Турци не се радуваа на вакви гости – муш-терии, бидејќи тие не правеа богзнае каков алашвериш. Освен по некој шербет што се напиваа сејмените и сено што земаа за коњите, други трошоци не правеа. Јадење си носеа, пијалак не пиеја, а на сужните не им дозволуваа ни шербет да се напијат, та остави тие што немаа ни аспра кај нив.

И оваа вечер така поминаа сите -и гостите, и анџиите.

Сужните ги втераа во еден од авурите и ги затворија заедно со дванаесетте коњи; им дадоа пак по парче леб и по некоја голтка вода и им ги заклучија рацете, врзувајќи ги крајните синџири за по еден од диреците на јаслите. Им турија сено и слама на коњите, го затворија авурот, ја заклу-чија вратата и отидоа во анот да ги сушат мокрите алишта на огништето. Дожд со лапавица ги фати дента и тие накис-наа до кожа.

Врзаните, откако ги затворија, се спикаа некои под јасли во сламата, други во самите јасли и цела ноќ се тресеа од студ, но некако со сламата го ублажија студот и ја дочекаа зората.

– Кураж, деца, кураж. Чинете гајрет да отидеме живо до Стамбол, белким таму ќе се разбистри работата, – не престануваше да ги тешц стариот поп Димитрија.

Ho далеку беше Стамбол. Ќе издржат ли толкав долг пат? – Пешки? Без доволно храна, накиснати до кожа, без оган и алишта? Врзани еден за друг?

Што ќе прават. Мораат да издржат, инаку… слушнаа кадијата што рече: „Кој ќе застане на патот, сејмените да му ја однесат главата на падишахот”.

Предремаа пред зората сите – и сужните и сејмените, и буљукбашијата си го јавна коњот и нареди да се тргне. Си го зеде секој своето место и уште за ручек стигнаа во Битола.

Иако имаше време да продолжат барем до кај Соро-виќ, тие останаа на втор конак во Битола. Буљукбашијата Сефедин многу добро го знаеше патот, бидејќи лани беше да го однесе писмото од кадијата, та не се брзаше многу-многу. Нему му беше наредено да ги доведе бунтовниците, но не му беше даден срок кога да ги одведе.

Ги затворија врзаните во Катил-хане, а сејмените ја поминаа таа ноќ во празните кулуши. Се нагреаја на огнот, вечераа на видело и утредента продолжија за Воден.

Минувајќи низ градот и овде се повтори она што се случи во Прилеп кога ги дотераа по Илинден од Мариово.. Турците ги пцуеја, фрлаа камење по нив, а христијаните се затскриваа зад ќепенците да не ги гледаат така исповрзани и гревовни. Ретко кој покуражен се осмели да им подаде по некој сомун леб, но место нив, сомуните ги земаа сејмените, бидејќи тие беа врзани, та не можеа да посегнат по лебот. И тоа беше доста. Таинот им се зголемуваше и со тоа добиваа повеќе сили да издржат докрај.

– Уште има луѓе за бога – велеше Јован Сирмев кога во Воден им дадоа по два сомуна и по парче сирење. Тоа ги тешеше и им ја зголемуваше силата да издржат. Им даваше морална поткрепа, гледајќи дека не се оставени од сите. Овие луѓе што им го даваа лебот им сочувствуваа, беа на нивна страна, на страната на правдата. Крај нив и тие не се чувствуваа сами. Најлошото е да се чувствува човек осамен, без никаде никого. Тогаш е блиску до очаеноста, а ова го води во погибел, до самоубиство. Затоа овие сомуни леб и сирењето ги хранеа нашите сужни и физички и духовно.

Бидејќи наредбата беше да се одведат сужните живи во Истанбул, буљукбашијата не се брзаше. Толку повеќе што триесет и двајца од сејмените мораа да одат пешки со врзаните. И не само пазачите мораа да одат пешки, ами и другите осумнаесет не можеа да јаваат на шесте коли, бидејќи колите беа натоварени со пљачки од пешаците, a речиси, сите беа пешаци, освен буљукбашијата.

По патот постанаа три-четири стари доодени коњи и мораа да ги сменуваат по аништата. За тоа им требаше вре-ме, во кое пешаците се одморија.

На едно преноќиште насред џаде меѓу Драма и Кавала им се случи и една непријатна случка:

Една разбојничка банда од типот на подоцнежните крџалии го нападнаа анот под претпоставка дека шест пош-тенски коли, чувани од толку сејмени, носат некакво царско азно (арач) собрано од битолскиот, јанинскиот и солунскиот вилает.

Бандата направи препад токму на полноќ, кога измо-рените сејмени, ги налегна дремка, та разбојниците иако беа бројно многу помалку од сејмените, успеаја да ги опљач-каат колите и да ги одведат сите дванаесет коњи. Ги најдоа врзаните во авурот кај коњите и се обидоа да им ги симнат синџирите од гушата, но немајќи алати за таква работа, а и сејмените се прибраа и почнаа да ги притискаат, се откажаа и ги оставија во јаслите да се тресат од студ и страв.

Во таа борба неколку сејмени беа лесно ранети, та мораа да се задржат, колку-толку да се повлекуваат; барем пристојно да бидат преврзани за да можат да го продолжат патот. А најголема тешкотија им беше да најдат други коњи. По оваа причина мораа да се задржат три-четири дена на тој конак. Co тоа сужните добро се одморија, макар и погладни.

Разбојниците им нанесоа голема штета. Коњите не-како ги наместија – кадијата му даде на Сефедина неколку илјади аспри за патен трошок – храна за луѓето и коњите, но мораше сите пари да ги потроши за да купи коњи. Хра-ната што ја подготви во Солун им ја зедоа разбојниците, та останаа сосема без храна. Затоа последните дни, речиси, гладни одеа сите. Земаа на вересија од аништата по неколку сомуни леб, но прво си го делеа сејмените меѓу себе, та што им престануваше им даваа по некој залак на сужните.

По таа причина овие изгладнеа и почнаа одвај да се влечат по калливото џаде. А и времето ги отепа. Лапавицата речиси на целиот пат им беше другар, та им ги стопи и по-следните сили.

Премале Ристе Стале, и сејмените му се притокмија да му ја пресечат главата, за да ги набројат пред султанот сите бунтовници. Но тука беа Стојан и Јован и тие се пону-дија на раце да го носат, иако, и самите одвај ги креваа нозете. Така не го дадоа Ристета.

Преку Ксанти, Гумурџина, Суфли, Димотика, Узун, Кипри, Сарај, Луле Бургас и Чатала по дваесет и четири-дневен напорен пат, се најдоа на брегот на Босфорот. Тука Сефедин се пријави на пристанишната управа и објасни каде оди и со колку луѓе. Побара да го пренесат на азискиот брег на Цариград за да му ги предаде бунтовниците лично на султанот. Го покажа и писмото од кадијата и овие го пренесоа.

За првпат нашите бунтовници видоа море и за првпат седнаа во галија да бидат превозени на другата страна. Ср-цата им се стегнаа кога ги видоа изврзаните голи робови на галиите како ги тепаат морнарите посилно да веслаат.

– За овде не испрати кадијата – му се испушти на Сто-јана, покажувајќи на робовите.

– Ке ја видиме таа работа, само нека не изведат пред султанот – пак поп Димитрија ги тешеше.

Како беше да беше, ги пренесоа преку море и тие се најдоа на азискиот брег на Босфорот.

– Е, сега сме веќе навистина во вит-виделија, преку сино море – и почнаа жените да се жалат.

– Враќање оттука – здравје да имаме! – изусти Сирма и умот отиде во петгодишното синче Ангелета што и го остави на бабата Велика.

Сирмината мисла се пренесе и на Анѓа, та без да си проговорат се разбраа дека на истата мисла се и двете. Мај-чината љубов е разгоре и тие почнаа да ронат соли. Сакаа да се прегрнат и прегрнати да се наплачат, но рацете им беа врзани одзади, та само главите ги доближија една до друга и продолжија да плачат.

Сирма почна да ја теши Анѓа:

– Ти не си толку за жалење, Анѓе! Остави три по тебе; како да е, некое ќе остане да го носи името на Стојана. Него-вото огниште нема да се угасне, ами јас, јас, сирота! Една искра е; се угаси ли таа, се угаси за навек Сирмевото огниште.

И така беше. Од Сирмевци останаа само малиот Ангеле од Јована и Сирма. Едно роди Сирма и уште едно не кукна. Го крстија на стрико му Ангеле – пленетиот.

Дедото Богдан умре во Чаништа под ударите на сејмените кога ја плени кадијата Анѓа. Трајка го спали кади-јата во Прилеп. Јована, еве го, го дотера со нив преку море. Од целото семејство Сирмеви остана бабата Велика со внучето од сина и Јована. И тоа ако го погубат душманите, навистина ќе се угаси Сирмевото огниште.

Кај Анѓа беше поинаку. Таа со Стојана џрипечали два сина и една ќерка. И тие првото машко го крстија на пленетото братче – Ангеле. Второто – на деда му Ристета, а девојчето на мајка и на Анѓа – Велика. Секако, сите три нема да ги погубат Турците. Ристевското огниште нема да се угасне.

Се исплакаа на брегот на морето и се пренесоа со ми-слите во далечното свое Мариово.

– Што ли прават сега тие? – праша Сирма и ја виде свекрва си Велика како го стисна в раце малото Ангелче, a двајца сејмени со исукани јатагани стојат пред неа и и го бараат детето. Тие викаат:

– Дај го ваму тој бунтовнички домазлак. Од оваа куќа не треба да остане никаков подмладок; да не се свампират дедо му и татко му па да се дигнат на нова буна. Бабата пишти и го стиска внучето, но едниот ја удри со тилјето од јатаганот по раце и таа го испушти детето. Тоа паѓа на земи, а другиот го прободува во срцето. Малото писнува, сака да се преврти, но јатаганот го пробил и го закачил в земји.

Co тие црни мисли како секоја мајка што мисли кога е оддалечено од чедото. Сирма писна и се струполи наземи; онесвестена почна да блада, пиштејќи:

– Детето, луѓе, детето го убоде оној пес. На мајка Геле, што кабает направи ти на пет години, што те изедоа пците крастави…

Ни Анѓа не мислеше друго. Но таа го виде само едното дете прободено, додека другите две свекрва и успеала да ги скрие во кочината, та не ги нашле, и тие останаа живи. Нејзината надеж не беше изгасната. Ако доживее да се врати, ќе има кој да ја пречека и да и рече „мамо”. Додека Сирма, и да се врати, ќе биде црна кукавица до животи. Затоа Анѓа се додржа; не падна во несвест.

Луѓето нададоа викотници кон буљукбашијата, а овој нареди, та донесоа вода и ја потурија Сирма. Оваа се освести некое време и сите тргнаа кон затворот. Ги предаде Сефедин на мудурот, ги смести сејмените во еден на и утредента отиде да му го предаде писмото лично на султанот, а потоа и самите бунтовници.

Што ли правеше бабата Велика Сирмева во Старавина за ова време? Дали навистина сејмените и ги прободија внучињата? Можеби и нејзе и ја пресекоа главата како на жена и мајка на двајца султанови непријатели?

He. Кадијата се задоволи со смртта на поп Јакова и Трајка и не сакаше да знае што станува понатаму со зло-гласното Мариово. Ја симна таа тежина од својот грб и дла-боко задоволно се издиши кога го испрати Сефедина со врза-ните бунтовници. Неговата работа дотука беше и тој ја свр-ши според заповедта од султанот. Затоа Мариово им го пре¬пушти на новите бегови Јунуса и Рифата тие да се расправа-ат со Мариовците како знаат и како сакаат. Тој го чекаше од нив ветеното – десетте ќесиња пари. Дали ќе колат по Мариово, ќе бесат, тепаат, пљачкаат или ќе ги галат Мариов-ците, тоа беше нивна работат.

А нив веќе ги видовме што прават: јадат, пијат, беснеат и пари собираат за да го исполнат ветувањето спрема кади-јата. И ним им помина лутината. Целта си ја постигнаа -станаа бегови на Мариово, та на некаква одмазда и не помислуваа. Та тие и не беа со нешто навредени па да се одмаздуваат?

За буната платија водачите, на чело со поп Јакова. Уште требаше и да им бидат благодарни што ја поведоа таа буна, да станат тие бегови. Ако беа се согласиле да му се покорат на кадијата, тие немаше да бидат бегови, бидејќи кадијата и без нив ќе си ја свршеше работата. 4

Од друга страна се држеа за својата мисла дека децата ќе им требаат за работа и по чифлизите кога ќе пораснат. А старците и бабите и инаку бргу ќе изумрат; зошто само гревот да им го земаат на своите души. Од таа причина не извршија никакви колења и убивања по селата.

И бабата Велика со малото Геле се прибра дома, но куќата и стана црна и темна, та по една недела се пресели кај свата си Ристета, за да и бидат пред очи и Анѓините деца. Co свекрва и на Анѓа – сваќата Митра Ристевица ~ се загрижија околу внучињата, но тагата по своите деца не ги напушташе. И тие како Анѓа и Сирма често се прашаа:

– Каде ли се сега? Дали се живи? Дали ќе се вратат некогаш да ги видиме? Тие беа секојдневните прашања што им се наметнуваа на овие мајки, како на секоја мајка кога и е чедото во опасност. И тие ги гледаа во мислите своите деца претепани, измачени, гладни, голи и боси како газат во студената кал, како се тресат ноќе затворени во сту-дените аништа, и… најпосле како сите ги обесил султанот во Стамбол.

Разбраа дека поп Јакова и Трајка живи ги спалил кадијата на Атпазар во Прилеп. Пропиштеа, проплакаа и се зачипчија за децата. Барем нив некако да ги спасат да не се затре лозата.

Стариот Ристе се растрча да бара леб барем за децата, но во општата бедотија со триста моленици и плачки одвај за неколку дена донесе. Го чуваа само за децата, а тие трој-цата ги тутнеа дните со неколку желади дневно, колку да не бидат без ништо во утробите.

А зимата стегна како менгеме. Снегот ги покри патиш-тата, реките замрзнаа уште од Свети Никола, та од дома глава не се појавуваше, не пак да се отиде некаде, во некое друго подалечно село, да се бара некој шиник жито, та за друго јадење никој и не помислуваше.

Но гладот го надвлада студот и многумина се решија да тргнат и по такво време – та се вратиле, та не се вратиле. Ако седат дома, сигурно им беше најстрашната смрт – од глад. А вака, можеа да замрзнат некаде по патиштата и барем за миг да умрат, да не се мрцварат со недели и месеци.

И тргнаа луѓето по селата преку реката – Мало Мари-ово. Тие села ги подвија вратовите и без никаква борба му се покорија на кадијата; ја признаа царската власт и се согла-сија да плаќаат вкупно – сите – сто илјади аспри годишно и да живеат, како што живееја дотогаш. Другите години носеа на рати, но плаќаа редовно до крајот на годината, та затоа останаа здрави. Кадијата на нив не испрати никаква воору-жена сила да ги опљачка.

Таму сега одеа Старомариовците и бараа по некој шиник жито. Кој што зачува по некое алиште, покровче или нешто од бакар старна (котел, тепсија, тава, ѓум), носеше и го сменуваше со жито.

И дедото Ристе Ристевски еден ден ги нарами перал-никот, месарникот две тепсии и два ѓума и премина преку Црна во Дуње. Ги смени овие бакарни садови со сто оки ‘рж и на петпати по дваесет оки ја донесе до Скаклевите воденици; ја сомле и го однесе брашното дома. Co тоа го осигури лебот за децата до пролет.

А кога пукна златната пролет, на сите им се отворија очите. Копривите напнаа по присојниците уште во март и луѓето се растрчаа да ги собираат. Ги вареа со по малку брашненце и фаќаа нова крв. Се разбира, тие што не умреа преку зимата. А дека половината изумреа, тоа беше вистина кога имаше и такви кои, ниту можеа по лошото време да излезат од дома и да бараат чаре, ниту пак имаа што да сменуваат. А веќе за со готови пари да купат ни збор не стануваше, бидејќи новите бегови им го затреа „семето” на парите во Мариово. Стегата за пари беше таква, што не остана ни аспра во сите дванаесет села.

Дедото Ристе ги „извади” четирите деца на Гурѓовден, макар само со кожинчињата и коските. Главно душичките колкаа во нив и се гледаше дека се живи.

А на три дена по Гурѓовден ги зеде за рака децата, ги поведе двете баби по него и со тоа пљачката што остана, на грб, ја премина еднаш засекогаш Црна на Чебренскиот Мост и се исели од Старавина, заселувајќи се во новата населба Пештани во Мало Мариово. Таму беговите Јунус и Рифат не повелаа, та старецот можеше барем слободно да дише, ако немаше што да јаде. Раскопани со копачката некој и друг дољум земја и прсна пролетинка – јачмен, овес и просо. Зеде на заем од добри луѓе од Дуње некое кило ‘рж и зачека што ќе стане понатаму со неговите одведени деца во Стамбол.

Калеш Анѓа (XIX дел)
HA СЕФЕДИНА му беше вторпат да доаѓа кај султанот, та не му беше тешко да го најде неговиот палат. Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.

Затоа тој му го остави писмото на еден од везирите што ги бркаше царските работи и му кажаа дека луѓето што се споменуваат во писмото му се предадени на мудурот во затворот; кога ќе се врати султанот таму да ги бараат. Co тоа тој си ја исполни својата задача и по два дена си ги собра сејмените и се врати во Прилеп.

Бидејќи пак бунтовниците беа испратени лично до султанот по неговиот ферман од 26 сефер 973 година, тие мораа да ја прележат целата зима во цариградскиот затвор и дури по враќањето на новиот султан требаше да излезат пред него. Везирот што го прими писмото дури и не го отвори, зашто беше адресирано лично до самиот султан.

Затвор како секој затвор, таков беше и цариградскиот. Само овде не беше прилепскиот кадија што ги мразеше мариовските бунтовници и им даваше само парче леб и вода. Во овој затвор имаше затвореници од разни чешити. Имаше и поопасни, полоши бунтовници од Мариовците, но режимот беше за сите еднаков. Мудурот не правеше разлика меѓу нив, кој зошто е затворен. Требаше толку таини колку што имаше затвореници и правилно им го делеше. Од таа причина нашите бунтовници не поминаа лошо во цари-градскиот затвор. Се разбира дека не поминаа ни арно, но има од лошо полошо, та затоа велиме дека не поминаа лошо. Најмногу им тежеше неизвесноста до кога ќе ги држат во затворот. Co нетрпение чекаа да ги изведат пред султанот, со надеж дека ќе ја разбистрат работата и ќе бидат ослобо-дени. Разбраа дека стариот султан умрел и не знаеја што ги чека од новиот. Во моменти се тешеа, белким тој нема да ја земе толку сериозно нивната буна, како татко му. А можеби ќе утврди до кого беше вината за тој неред и ќе ги ослободи.

– Можеби – нема ни да се интересира – претполагаше поп Димитрија. – Просто како нов султан ќе им даде на сите затвореници една царска милост и со еден берат ќе ги поми-лува.

А можеби и друго да се случи: воопшто да не се распра-шува кој зошто допаднал во затворот, ами просто напросто да нареди сите да се фрлат во морето. Тие две мисли ги мачеа цела зима.

– Било што било, нели сме до него испратени, ќе го чекаме да се врати – беше заклучокот од овие размислувања. Инаку и не можеше да биде.

Султанот Селим II се откажа од понатамошната војна во Европа и се врати во пролетта на 1566 година. Се врати со целата своја свита меѓу која беше и неговиот Велик везир Србинот Мехмед-паша Соколовиќ. Но Селим не беше од типот на татка му што сакаше се да држи во свои раце, па дури и вакви „ситни” работи како што беше мариовската буна. Тој си дојде во Стамбол и почна да си го реди личниот живот – пиењето и харемот. Државните работи му ги натовари на Великиот везир. По таа причина се што тре-баше да излезе пред султанот, го решаваше Великиот везир. Така дојде и писмото од прилепскиот кадија до рацете на Соколовиќ.

Чуден беше патот на овој голем војник и државник во своето време. Тој почнуваше од малото селце Соколово на Дрина кај Вишеград во кое околу 1505 или 1506 година се роди обично машко дете во едно сиромашно селско семеј-ство. Личното име му било Баица, но фамилијарното не е познато. Познато е само тоа дека во пролетта на 1516 година дошол во Вишеград јаничарскиот ага од Цариград со педе¬сетина јаничари и ги распратил по блиските села да го со-берат познатиот данок во крв, т.е. да одберат здрави хри-стијански деца, да ги земат и да ги одведат во Стамбол за јаничари.

Отишле јаничарите во сите блиски села, па и во Соко-лово. И… меѓу другите деца го зеле и… Баица.

Во два коша натоварени на еден коњ ја премина Баица Дрина на брдото кај Вишеград и не се врати веќе.

Но тој беше на дванаесет години кога го одведоа и потурчија. Убаво го запомни селото и родителите. Запомни од кој народ произлегува и јазикот негов.

Што направи, како направи, ама Мехмед-паша Соколи стана страв и трепет за сите султанови непријатели по разните боишта што ги водеше Сулејман на сите четири страни на светот. Се почувствуваше ли на некое боиште слабост, Сулејман наредуваше Мехмед-паша Соколи да замине на тоа боиште. Овој заминуваше со своите јаничари и успехот беше сигурен. Co самото негово појавување на боиштето, положбата се изменуваше во корист на султанот. Победите се редеа една по друга и со тоа отоманската империја се ширеше на сите четири страни на светот. Роден во Мека и Медина, исламот се прошири до Вавилонија на исток, до Алжир и Тунис на запад, па дури и до Виена на север. Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.

Јаничарите му беа најсилната војска на султанот, a јаничарскиот ага – негова десна рака.

Како чауш и башчауш во јаничарските редови Мехмед во неколку крвави борби во Персија и Анадолија се одли-кува со вонредна храброст и јунаштина, а особено со вој-нички способности и многу придонесе за успешниот исход на борбите. Потоа почна да му предлага на султанот такви војнички планови, што ни самиот султан не можеше поарно да ги предвиди. По таа причина Мехмед стана близок до Сулејмана и овој неколкупати му возложи токму нему да ги оствари тие негови планови. Мехмед со успех ги изведе сите тие борби, та Сулејман го прогласи за јаничарски ага, а тоа ќе рече заповедник на целиот јаничарски род војска. И како таков застана од десната страна на Сулејмана, т.е. стана негов доглавник. Немаше потфат што сакаше Сулејман да го преземе, а да не му го изложи на Мехмед и да се советува со него. Главен беше Мехмед со јаничарите. Го одобруваше ли тој потфатот, значи беше сигурен успехот, зашто тој имаше да го изврши со своите јаничари. И, речиси сите големи победи на Сулејмана се должеа на неустрашивиот јаничарски ага Мехмеда Соколи.

За сите пак тие победи Мехмед беше наградуван богато од Сулејмана, дури најпосле не го провозгласи за паша и му ја даде цела Румелија на уживање.

Тогаш Мехмед-паша уште повеќе се врза за Сулеј-мана, а и Сулејман немаше друг поблизок од него.

– Јас, па ти! Што ќе направиме – направиме за исламот,

– му зборуваше султанот на Мехмеда.

И така беше. Мехмед, не само што ги извршуваше султановите планови, ами и сам кроеше такви, како да ја прошири отоманската држава, a со тоа и Мухамедовата вера

– исламот.

Роден на Балканот – повеќе го влечеше срце натаму да се шири. Негов беше планот да се шири државата на север. Затоа долго време се задржа на стариот Сингидум -Белград и оттаму напредуваше далеку на север во Хрватска. Тој ја прегази, речиси, целата Хрватска, го опсади и презеде Сигет од Зрински и допре до престолнината на Австрија. И да не умреше Сулејман под Сигет, ништо чудно не ќе беше ако и Виена паднеше во неговите раце.

Но Мехмед не заборави на својот род и јазик. Ако ја мени верата, во него остана длабоко чувство за родот и јазикот. Затоа тој со особени симпатии гледаше на Србите, а особено на српскиот јазик. Секогаш и секаде каде што му се укажуваше можност, тој зборуваше српски. Дури и официјалната преписка со унгарските кралеви и великаши ја водеше на српски јазик. На дворот, т.е. околу султанот и околу него насобра едночудо јаничари Срби, меѓу кои се наоѓаше и Мариовецот Ангеле – Арслан Сирме. Тука се зборуваше повеќе српски отколку турски. Мехмед се занесуваше со мисла да создаде српско муслиманско царство во Европа и таа мисла го гонеше да им го наметнува исламот на сите Срби што ги покоруваше, но знаејќи го верскиот фанатизам во негово време, работеше претпазливо да не ги оттуѓи со тоа оние што не би го примиле исламот. Од друга страна, пак, знаејќи ја улогата на верата во организацијата и општеството, Мехмед ја обнови Пеќската патријаршија и за патријарх го постави својот брат Макарија. Co тоа си го осигури своето влијание кај српската раја.

Сеќавајќи се на своето родно место, тој го подигна мостот на Дрина кај Вишеград на она место каде што во 1516 година ја прегази со коњот, натоварен со едната страна во еден кош.

Тој голем Србин и во исто време голем Мухамеданец не можеше да не предизвика кај другите султанови доглавници омраза спрема него. Тие ја намирисаа неговата намера за српското мухамеданско царство, та му припишаа и намера дека тој сака да стане цар на тоа царство, па организираа заговор против него и на 11-X-1579 година тој беше убиен на ѕверски начин. Еден дервиш, предавајќи му некаква молба, го уби во неговиот кабинет.

Ете, до рацете на овој паша дојде писмото од прилепскиот кадија. Тој го отвори, го прочита и виде во што е работата:

– Каде се овие луѓе што се споменуваат во писмото? -го праша Мехмед везирот што му го даде писмото.

– Во затворот – кусо му одговори овој.

– Нареди да дојдат пред мене – беше уште покуса наредбата.

И навистина по два дена мудурот од затворот испрати единаесет души во царскиот сарај.

Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.

Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе:

– Сега ќе биде што ќе биде – и велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш. Гледај го Гелета; расти го да порасне, јунак да се стори; земја и вера да брани, за дедо и татко да си одмазди…

На тие зборови Сирма плачеше потајно во душата, секогаш склона да мисли на најлошото и му одговараше:

– Ако го најдам живо!

И Стојан со Анѓа сличен разговор водеше. Само што Анѓа не беше толку очајна како Сирма, зашто имаше три деца, та се надеваше белким некое од нив ќе најде живо ако се врати.

Сите одеа замислени, но со исправени глави и некаква потајна надеж во себе. Правдата беше на нивна страна, само требаше да ја најдат. А ако и овде не ја најдат, тогаш значи, и не постоеше никаде!

Така замислени дојдоа до царскиот сарај во кој работеше Великиот везир. Ги втераа во една од големите чекалници и по кусо време влегоа кај везирот.

Мислејќи дека е тој султанот, уште од вратата попаѓаа ничкум и ги удрија челата од подот.

– Правда и милост, честити царе! – проговори мирно поп Димитрија по турски и ја исправи главата, та се загледа во везирот. По него ги покренаа главите и другите.

Везирот стана од својот стол и им се приближи:

– Станете, бре ѓаури, станете да ми раскажете од каде идете и зошто? – им се обрна вкупно на сите чист „каурски” српски јазик.

Луѓето ги овргалија очите кога го слушнаа да зборуваат по „каурски”.

„Откаде-накаде султанот да им зборува по „каурски”? Сите се зачудија, но се исправија на коленици и послободно му се заѕурија во очите.

Тој ги изреди со поглед сите и се задржа на една од жените. И како што беше спокоен, достоинствен, наеднаш се возбуди и вџаши.

– Од кое место сте вие? – пак праша иисе приближи на Анѓа. Оваа ја наведе главата, а поп Димитрија му одговори и тој сега по каурски”.

– Од Прилеп, честити царе!

– He сум јас царот, старче, не! Јас сум неговиот велик везир. Но… знам од Прилеп идете, но од каде сте родум; сигурно од Прилеп не сте.

– Е, не сме од Прилеп, не! Ние сме од Мариово, прилепската кааза.

– А, ха! Од Мариово! Бунтовниците од Мариово што не можеше прилепскиот кадија со години да ве фати и смири. Тие сте вие, а? – се сети Мехмед за преписката што ја водеше Сулејман со прилепскиот кадија за буната во Мариово, бидејќи беше запознат со сите султанови работи, па и со оваа.

– He сме ние бунтовници, везир ефенди, не! Кадијата не кодоши што си бараме и браниме своите права од султановите прадедовци – за сите одговори поп Димитрија. Така се договорија: попот да зборува за сите, а тие да потврдуваат или да откажуваат кога ќе ги праша нешто султанот.

– Добро, добро – рече везирот – ќе ја расправиме таа работа нели дојдовте овдека, но… како се викаш ти, мори ѓаурко? – и се обрна Мехмед на Анѓа и и се наднесе над главата. – Стани, исправи се да те видам асолно.

Анѓа се стресе. „Види пак беља од Турчин”, си рече во себе иисе вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.

„Ама ако му текне пак на овој да ме задржи во неговиот? Дури тогаш нема видување бел ден”, си помисли и тажна тага ја надлегна на срцето. Но тивко му одговори:

– Анѓа, ефенди!

Мехмед потклекна на левата нога. Тој го знаеше хри-стијанското име на Арслана – Ангеле. Го запемети и неговото неколкупатешно раскажување за неговите домашни. Знаеше дека е тој од Мариово – прилепска кааза. Знаеше дека има постар брат и сестра – близначе со него. Сето ова, а особено ликот на Анѓа, го замаја. И просто извика:

– Анѓа, а? Анѓа се викаш ти? – рече и ја фати за црните цулувци и ја исправи простум:

– Застани мирно, прибери се и гледај во мене, – просто и нареди.

Анѓа се здрви и му се заѕури во очите. Мехмед почна да цука и бабака:

– Бак, бак, бак! Цк, цк, цк! Каква сличност! Да не е таа? – се праша во себе и плусна со дланките.

На вратата се појави јаничар и тој на српски го изрече веќе познатиот глас на покорен слуга:

– Изволите, везир ефенди!

– Викни го, Феруз, Арслан-ага нека дојде – нареди Мехмед и почна одново да ја разгледува Анѓа, да се чуди и да ја врти главата;

Гавазот излезе и по минута време влезе кај силниот везир јаничар на триесет до триесет и пет години. По облеката, лицето, брадата и косата, по накитите на рацете, ќостезите и турбанот на главата се гледаше дека е тој висок службеник во палата на султанот. Веднаш по влегувањето и тој проговори по каурски:

– Изволите, Везир ефенди.

Везирот го викна кај него, му рече да го симне турбанот и со голема возбуда му рече да застане до Анѓа. Откако ги изгледа двата лика наизменично, му рече на Арслан на каурски:

– Погледај го ова лице, Арслан! – и му ја покажа Анѓа. Арслан се загледа внимателно во Анѓа, која ја држеше

понаведнато главата, но очите го стрелаа. Тој не можеше да се воздржи од возбуда и просто зарева:

– Анѓо?! Ти си, Анѓо, или твојот дух?! – и застана како закопан на местото ѕурејќи се во жената.

Анѓа се осмели да го погледне овој силен Турчин и просто си го виде својот сопствен сурат во неговиот и веднаш се вџаши, па почна да мрда со устата, ширејќи ги рацете за прегратка и вртејќи се кон него.

– Ан… Ан… Ан… нгеле, брате! Тука ли те донесоа? -му падна пред нозете, не сакајќи да прегрне Турчин, макар што го позна брата си Ангелета.

Арслан клекна крај неа, и ја исправи главата и почна да и се ѕури во лицето. Се наведе да ја бакне, но таа му ја отстрани главата со рацете, милувајќи го по образите и косата и зборувајќи му нежно:

– Ти си Ангеле, братчето мое? Од каде ти овде? Здрав си? Жив си? Или се лажам, се препознавам? – и се тргна како да се изглагала и со извесна недовера пак го праша, гледајќи го некако несигурна:

– Од каде си ти, ефенди, што толку личиш на мене, и што ми го знаеш името? Да не си навистина моето братче Ангеле што го пленија пред дваесет и пет години во Прилеп? – и веќе и се навирија очите со солзи.

– Јас сум, сестро, јас сум Ангеле, братчето твое од Старавина, туку… како ти овдека допадна?… Сестро! Сестро! Дојде редот пак да се видиме – заврши Арслан и две негови солзи и капнаа на Анѓа по косата. Ја фати пак за раце и ја исправи, та почнаа да се гледаат еден со друг и да се милуваат со очите, додека везирот, што ја гледаше глетката не заповеда:

– Доста, Арслан-ага. Толку сакав да знам. Дојди, седни на столчево до мене, да видиме зошто се дотерани овие сужни овде од Прилеп.

Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му забла-годарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и „оче наш” го прочитаа во себе тие што го знаеја. Добија сила и кураж за одбрана.

Везирот седна на својот стол и го повика поп Димитрија, најстариот меѓу сужните – Васила, Петка и Анѓа пред него да му ја кажат историјата за нивното праќање дури во Истанбул. Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него. Се избистри работата дека таа област – Мариово е личен султанов хас и дека прилепскиот кадија навистина им правел зулуми на тие луѓе. Сето тоа му го исприкажаа на нивни каурски јазик, а везирот го разбра без никаков преведувач, та дури и самиот зборуваше по каурски, Арслан ги потврдуваше зборовите за негово пленување и ја гледаше сестра си Анѓа, која ги милуваше со своите црни очи.

Откако ги ислуша и се увери во нивните искрени прикажувања, везирот се обрна кон Арслана:

– Ќе наредиш да се напише ферман. Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот. А ти, заедно со овие твои Мариовци, ќе отидеш до Прилеп, ќе му го прочиташ ферманот на новиот кадија, што ќе го назначиш, а стариот Арслана ќе ми го доведеш лично мене овде.

– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах. Парите секоја година до Митровден да бидат донесени – а кон Арслана – Нареди, Арслане да им се симнат прангите. Ајде на работа, и со здравје да си одите.

При овие зборови сите паднаа ничкум пред везирот, во знак на благодарност; направија по неколку метании, викајќи да е жив царот, и благословувајќи ја мајка му што го родила везирот, уверени дека сигурно е од каурски род; излегоа со навирени очи солзи од радост.

Арслан со големо задоволство постапи по наредбите на везирот. Го приготви ферманот за мариовскиот хас,

писмото за кадијата и по пет дена тргнаа, та ги одведе своите Мариовци по оној ист пат по кој лани беа отерани.

Само втората заповед не можеше Арслан да ја изврши. Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор. Но затоа пак Арслан ги собра со себе новите бегови на Мариово Јунуса и Рифата, им ги искина повелбите што им ги даде скопскиот беглер-бег и патем за Цариград ги суреди во воденските клисури, и си отиде во Истанбул да си го заземе своето високо место покрај силниот Велики везир – Србинот Мехмед Соколовиќ.

СВРТУВАЊЕ КОН ИСТОРИЈАТА, CO ГОРДОСТ
Кога се свртуваме кон едно од делата на македонскиот писател Стале Попов (1900-1965), секако, треба да го имаме предвид времето во кое тој го зазема своето место во македонската литература.

Стале Попов и припаѓа на првата повоена генерација македонски писатели, а тоа што е прозен писател е податок кој, исто така, треба да се земе предвид при описот на неговата творечка постапка. Зошто го потенцираме сево ова? Затоа што секој познавач на нашата литература знае дека македонската литература има богато фолклорно наследство кое, како и во сите светски литератури, е силен поттикнувачки извор за оригинално, авторско творештво. Фолклорот секогаш е своевиден првичен импулс во периодите кога, во определена национална литература, авторската литература се издвојува, се разлачува од анонимноста на (божемното) колективно авторство. Во народната литература, секако, не можеме да направиме паралела со сите жанрови кои постојат во авторските опуси на една развиена национална литература.

Ги повикавме на помош овие аргументи поради тоа што Стале Попов со своите прозни дела (најголем број од нив се романи), во педесеттите години, во повоениот период, во македонската литература нема претходници, нема постари колеги во рамките на својата национална литература на чиешто творештво, во македонскиот јазик, жанровски би се надоврзал. Исто така, ни македонската народна литература не му дава такви можности, со оглед на жанрот кој во неа отсуствува (романот не постоел во народната литература).

Значи, кога зборуваме за творештвото на Стале Попов, поаѓајќи од овие предзнаења, ќе откриеме дека тој, со своите литературни афинитети бил свртен кон друго јазичните литератури и кон делата кои, достапни за него, можеле да му помогнат во изразувањето на неговите раскажувачки афинитети. Истовремено, во неговиот јазичен израз (што не е неважно за една жива проза), ќе ги пронајдеме благородните влијанија на народното богатство вцицано и со мајчиниот јазик, и со слушањето на богатото наследство на традицијата.

Местото на Стале Попов во историјата на македонската литература е веќе дефинирано. Тој, со својата реалистичка раскажувачка постапка го поттикна Димитар Митрев да го именува како „наш завојуван и освоен деветнаесетти век”. Оваа дефиниција на Димитар Митрев треба да ни помогне да го сфатиме своевидниот процеп во нашата литература, да ни помогне да разбереме дека во повоениот период македонската литература содржи двојство: во неа паралелно се случуваат т.н. традиционални и модерни текови кои во другите литератури, поради поспокојниот живот, воопшто, се случувале последователно, континуирано. Кога ќе ја сфатиме оваа истовременост на различните литературни текови во нашата литература, ќе сфатиме дека таа различност, всушност, дозволува споредби на вредностите. Фактот дека нешто припаѓа на т.н. модерна постапка не го прави подобро од дело кое е напишано на т.н. класичен, традиционален (или традиционалистички) начин. Ако правиме таква „дискриминација” во нашата литература, дали би требало истото да го сториме и со реалистичките дела во рамките на светската литература, воопшто?

Бидејќи го предвидуваме одговорот на ова прашање, сметаме дека местото на Стале Попов во македонската литература е несомнено и дека неговото дело треба да се набљудува самостојно, автентично и во врска со она што претходно во македонската литература (не) постои, со она што тој лично го стори во македонската литература за првпат.

Овојпат зборуваме за Стале Попов по конкретен повод, по повод лектирното издание на неговиот роман Калеш Анѓа. (Ова дело, коко што ќе се види и подолу, многумина критичари го нарекуваат повест подразбирајќи под овој термин прозен текст кој според „големината”, според квантитетот, се наоѓа меѓу романот и расказот. Но, со оглед на тоа дека во теоријата денес квантитаивниот принцип ја дели прозата на куса и долга, внатрешните, структурните белези на делото Калеш Анѓа го определуваат ова дело како роман).

За овој текст на Стале Попов, Миодраг Друговац го напишал следново: „Има дела што не претендираат на високо место во книжевната историја. Па, сепак, тие долго или трајно остануваат во неа: како меѓници, некогаш и како потсетници. Едно од таквите дела е, несомнено, и повеста Калеш Анѓа (1958). Ст. Попов нурнува длабоко во историјата, и како во тоа да постои извесен систем: да се разгрне минатото, да ни се покажат корените”.

Во овој исказ на Друговац, за нас, особено е важно тоа што тој посочува на намерата да се покажат корените. Во литературните дела кои тоа го прават, природно се случува во нив да ја забележиме идеализацијата, па (под)разбирлива е топлината со која се опишува минатото од кое (на)родот, низ различни премрежија, втасал до сопствената сегашност. Тоа што ние го нарекуваме идеализација наминатото во Калеш Анѓа, Миодраг Друговац го дефинирал вака: „Има и романтика, но функционална. Кај другите писатели таа би се сметала за престап. Кај Ст. Попов, и кога е анахронизам, се сфаќа како мост во раскинатите континуитети на македонската литература”.

Разликата помеѓу историскиот и литературниот текст се состои во тоа што историскиот текст (со сите субјективни слабости кои се должат на податокот дека и историчарите се луѓе) опишува настани кои се случиле, додека литературниот текст измислува настани кои се возможни, веројатни, кои би можеле да се случат. Овој однос на историјата и на литературата станува особено ва,ен при описот на литературни дела кои во својата фабула посочуваат на историски настани. Во случајот на романот Калеш Анѓа постои намера да се претстави турското ропство во Македонија (конкретно во родниот крај на писателот -Мариово), но, при тоа треба да се постави прашањето: како се користи историскиот податок во ова дело?

Стале Попов одбрал дозирани историски факти со кои ја обезбедува минималната (и доволната) историска рамка на настаните кои во својата фабула, неговиот раскажувач ги раскажува како животни случки на измислените (фикционални) ликови. Ликот на Анѓа, секој Македонец ќе го поврзе со Анѓа од народната песна во која таа одбива да се потурчи. Овој дијалог од народната песна овозможува убава парафраза во поширок прозен текст: одбивањето на Македонката да се потурчи што во песната може да предизвика и воопштен заклучок дека тоа било правило, во делото на Попов е посочено како доблесен исклучок. Анѓа е лик кој ги содржи,и исклучителните атрибути на реално постоечките живи личности со кои може да се гордее, всушност, секоја национална историја/литература. Херојскиот гест на Анѓа не го ставаме под прашање, но тоа што Стале Попов во својот текст поместил и ликови кои во слична позиција ја немале доблеста на Анѓа, ни кажува дека овој наш автор, и покрај сета идеализација на едниот аспект на своето дело, не ја одбегнал и другата страна на историјата, во која се одбележани и бројни потурчувања, оправдани со различни причини. (Стале Попов во Калеш Анѓа посочува на социјалната состојба како поттик за прифаќање на потурчувањето, на пример.)

Во секој случај, при читањето на овој текст, секој читател би требало да ги вклучи своите предзнаења за историскиот контекст во кој се поставени настаните кои ги опишува раскажувачот во Калеш Анѓа. И секогаш во свеста треба да се потенцира разликата меѓу литературното и историското, за да се осознае дека основната намера на еден литературен текст е да ја покаже можната, а не вистински случената случка. (Тоа го прават текстови кои и припаѓаат на историјата.) Можеби најцврстиот историски податок во Калеш Анѓа е Мариовската буна, но и таа литературно се надградува со ликовите од кои е исткаено ткивото на текстот на романот како уметност/измислица.

Топлината на раскажувањето на Стале Попов, онаа топлина со која тој ги пленува и возрасните и децата-читатели се согледува во монтажата со која неговите ликови кои фокусираат определен проблем (на пример – Анѓа и Анѓеле кои потурчувањето го претставуваат низ два аспекти еднакво важни при одродувањето, заборавањето на родот), ја претставуваат победата на доброто, на доблеста. Затоа, додека го читаме текстот, ние мошне убаво ги „фаќаме” оние места во кои авторот селектирал, типизирал, во кои контаминирал повеќе животни ситуации подредувајќи ги токму во оваа приказна за слободољубивите Мариовци.

Приказната на Калеш Анѓа е испреплетена од повеќе мотиви. Оној за близнаците (разделени и пронајдени) е испреплетен со бунтот на самосвесната македонска мома против потурчувањето (при што асоцијацијата на Цвета на Чернодрински се подразбира); мотивот на среќната брачна љубов е препознатлив за творештвото на Стале Попов, воопшто; мотивот на предавството е благородно искористен во приказната за задушената Мариовска буна и овој мотив Стале Попов успешно го контра-пунктира со оној за „добрите противници”. Така, и покрај видливата идеализација со која изобилува текстот, оваа црта во третманот на ликовите го прави раскажувањето, всушност, објективно со тоа што ја истакнува идејата дека секоја од „страните” има свои добри и лоши претставници кои со таквите особини не му чинат на ниту еден бог.

Својата приказна во Калеш Анѓа Стале Попов можеби ја оптоварил со ликот кој ја претставува вистински постоечката историска личност на Мехмед-паша Соколовиќ. Но, истовремено, можеме да се согласиме дека тој прави интересна двој-ка со ликот на потурчениот Ангеле. Овој аспект на текстот можеме да го читаме на два начина: ликот на Мехмед-паша Соколовиќ, со речиси видливата граница по која следува раскажување што за миг заличува на историски текст, може да укаже и на свеста на авторот (Стале Попов) дека во својата литература свесно повторува мотиви кои во литературата веќе се обработувани (кај Иво Андриќ, на пример) – со што не му се одзема неговото право да го прави тоа на свој начин; но ликот на Мехмед-паша Соколовиќ е потребен и во структурата на романот како лик кој со сличната судбина ќе умее со добро срце да ја пресече правдата за другите. Стале Попов не го искриво-колчува со „идеализацијата” овој лик. Тој доследно остава Мех-мед-паша Соколовиќ да биде застапник на исламот, а можноста да го направи својот текст сентиментален и сладникав правилно ја одбегнал: „чудното” пронаоѓање на близнаците (среде Истанбул) навистина заличува на сказнолика епизода, но таквите случки се можни, тие се случуваат, иако поретко, и во животот. Важно е дека Стале Попов, еднаш разделените близнаци, не ги спојува во натамошниот, иден живот. Секој од нив останува во оној свет во кој живеел и претходно, и двајцата еднаш разделени продолжуваат да живеат еден без друг. Но, трогателна е средбата на сестрата и братот бидејќи без оглед на тоа што кај Анѓа никако не може да надвледее сестринската љубов над свеста дека при избликот на емоциите би требало да гушне Турчин, љубовта, сепак е безгранична и таа му го посакува доброто на саканиот, го посакува токму она што за саканиот е најдобро во рамките на новиот свет во кој живее.

Калеш Анѓа и возрасниот читател ја чита со детска раз-неженост поради вербата дека некаква правда, онаква каква најчесто се случува во сказните, сепак – постои.

Но, кога читаме еден од текстовите на Стале Попов, без оглед на раскажаната приказна, неминовно мораме да ги следиме внимателно – зборовите. Нивната живост е видлива во деловите на нараторот, но раскажувачкиот талент на Стале Попов е нај-видлив во дијалошките делови кои сочно го доловуваат животот.

Токму поради тоа скапоцено јазично богатство, секое читање на Стале Попов е долг кој со задоволство може да биде исполнет од секој Македонец.

Јадранка ВЛАДОВА

Booking.com