Калеш Анѓа од Стале Попов – Цела книга дел 1/2

Booking.com

HA АТПАЗАР во Прилеп оваа сабота вриеше од народ. Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та „одвај ја држеше земјата на своите плеќи”.

Тешко и беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.

Атпазар како атпазар. Тука имаше и убави арапски коњи и мршави магариња; и убави расни бикови и волови, и мршави планински крави и телиња.

Покрај секој добиток, или група добици, стоеја по еден или двајца пазачи и одговараа на прашањата од муштериите. Сите овие луѓе – пазачите – изгледаа еднакви. Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре. Вооружени со по еден голем стап ја држеа дисциплината кај бесните атови и бикови, кои често се клоцаа и бодеа меѓу себе. Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли „дедо господ” некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.

Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти. Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата. Момците одговараа: на Асан-бег од Ерековци, на Селим-бег од Коњари, на Суљо-бег од Рувци, на Муарема, Фазли, Фета, Даута, Сефедина, Мамут-бега од Дедебалци, Шелеверци, Алданци, Букри, Егри, Бач, Брод, Новаци итн. и им ја кажуваа и цената на стоката која стопаните – бегови беа ја определиле, а исто така им ги покажаа и самите бегови кои седеа во блиското кафе водеа пријатни разговори.

Што можеа да разговараат беговите од прилепската нахија? Се знае ли пак какви не разговори се водеа во без – работница и уѕур?

– Изведов два чифта волови на пазар да продадам. Ми треба некоја пара за мастраф на куќата; нема од друго место од каде да се фати – им велеше Даут на колегите и ги фалеше воловите:

– Не се волови – ангели, што ги викаат каурите. Куќа можат да повлечат.

– Јас пак дојдов да купам два чифта: ајде ако е мунасип и касмет; да ги видам што стока се, да фаќаме рака – се јави Фазли од Дедебалци.

– Разорав баеги ледини од чифлигот, та ќе ми требаат уште два чифта волови, а за луѓе, нека се живи каурките, родиле доста синови за нашите чифлизи.

– Навистина ефендилер, немате ли некој каурин фазла да ми дадете за работа? Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.

И тука, во кафето се спогодуваа беговите; си продаваа еден на друг волови, коњи, крави па и луѓе од своите чифлизи. Два човека за еден вол, три жени со пет деца за една крава, а Муарем му даде на Мамута четири девојчиња од по седум-осум години за осум гуски. Девојчињата им правеа пречки на мајките во работата, та Муарем сакаше да се куртули од нив. Нe му се чекаше да потпораснат за да ги продаде некаде по пазариштата за робови, а да ги истепа или исколе сепак имаше душа во него. Ами вака, ќе земе осум гуски – ќе направи осум ручеци. И тоа е фајде. А имаше Муарем во својот чифлиг ваков ситнилеж едно чудо.

Навистина, со закон турскиот поредок не беше робовладетелски, но на практика токму таков беше, зашто покорената раја беше сопственост на бегот и тој располагаше со неа по своја волја, та дури и до продавање на луѓе. И ги продаваа под разни изговори и маски.

Но колку да изгледаа беговите задоволни од својата владејачка положба, не можеше, а да не се забележи голема загриженост и душевна потиштеност на нивните лица. По години, сите беа во напредната возраст. Повеќето од нив може да се каже, старци од шеесет нагоре. Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти. А тие освојувања голтаа стотици и илјадници правоверни во чии редови беа синовите и младите браќа на нашите бегови. Затоа и разговорите меѓу нив беа повеќе на таа страна.

– Имаш ли некој абер од синовите? – го праша Муарем Мамута откако го направија пазарлакот за девојчињата и длабоко воздивна, пренесувајќи се во своите мисли далеку, далеку на бојното поле, каде што и сам помина петнаесет – дваесет години.

– Имам, имам; дојде брат му на Фета-бег овдека и ми донесе сељам од двајцата: постариот и помалиот, а средниот…, – тука Мамут воздивна уште подлабоко и ја ничкоса главата, – средниот веќе отиде кај големиот пророк. Падна јуначки по таа пуста Маџарска. Кажуваше брат му на Фета, страшен милет биле Маџарите…

– А токму нив сака нашиот падишах да ги покори. Ем уште понатаму: Ердељци, Австријци, па да им отиде и на

Аламанците и Френците. Тогаш дури цел свет ќе биде под ногата негова. А велат, убави земји биле тие; здрав инсан, ќе има што да делат нашите синови што ќе останат живи.

– Ех, кој сака да бегува, ќе ги крвави гаќите како ние едно време – им се замеша во разговорот и Фета-бег чиј син пред некој месец се врати од војната сакат во левата рака и десното око.

Фета-бег беше доволен и со таков син. Алипен, сакат, слеп, ама главата ја донесе, a ја донесе и свирепата омраза спрема се што не беше муслиманско. И токму тоа ги правеше ѕверови преживеаните султанови војувачи. Се враќаа сакати, алипни и сиот бес за маките што ги тргаа во редовите на царската војска, ги истураа на рајата што ја беа притиснале при завладувањето на нивните чифлизи. „Кога не можеш на магарето – удри на самарот”, има една народна поговорка. И тие така. Претепани на бојните полиња од војските на противниците се враќаа со „искршени рогови”, ама затоа пак се одмаздуваа на незаштитените чифчии; ја искористуваа до максимум нивната работна сила, ги малтретираа со сите познати и непознати мерки, ги отепуваа и продаваа по своја волја без да даваат сметка за нив. А тие ги веднеа грбовите и го носеа ропскиот товар што им го беше наметнало времето и насилството. Свеста за спас од таа положба беше изгубена. Никој од рајата и не помислуваше да се вади од таа бедотија. Тие знаеја дека робови се родени и робови треба да умрат. Ја делеа судбината од воловите ‘ргаа цел век за сламата. Дури и нешто потешко. Дури за воловите беговите приготвуваа слама и јарма за да го тегнат плугот, за овие двоножни волови ич не се грижеа, зашто ги има во изобилство без да ги купуваат и да даваат пари за нив како за стоката. Тие им се размножуваа по природен пат. И за чудо беше. При такви услови на животот оваа беговска „стока” се множеше од секоја друга повеќе. Немаше семејство да не приплоди барем четири, пет, шест деца, а не беа ретки и такви што водеа и по десет – дванаесет. Затоа беговите не се жалеа кога умираа половината од децата.

– Добар сој е нашата раја – многупати си велеа некои од нив. – Нема да останеме без работници дури вака се котат како зајаци…

А Рајата, речиси, тука го гледаше својот продолжеток. Се множеше од ден на ден, од година на година и се надеваше белки тоа множење ќе и овозможи еден ден да го симне својот товар од грбот. Затоа, во својата очаеност, мажите им велеа на жените: „Жено, ако друго немаме, барем деца имаме. Белки тие ќе дочекаат некој бел ден”.

Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.

А „дедо господ” како да сакаше да им ја позаостри казната. Цел месец не се смилува да фрли некое „покровче” пред жешкото јулско сонце, та така ги испече на животи. Но од тоа тие немаат многу мака. Ги печеше ги гореше, ама и ги зајакнуваше да можат да ги издржат сите други и маки и страдања што им ги нанесуваа господарите.

На еден крај од пазариштето како поодделна од другите продавачи стоеше голема група од селани со разна стока; говеда, волови, коњи, кобили, магариња. Стоеја луѓето покрај своите добичиња и чекаа муштерии за нив очигледно загрижено дека ќе сврши пазарот, а стоката не се продава. Сто аспри за најдобар вол, педесет – за крава, триесет за магаре бараа стопаните, но ни толку немаше кој да даде, бидејќи имаше многу повеќе продавачи отколку купувачи. Уште час -два денот ќе прекрши и пазариштето се празни. Кој продаде до пладнина – продаде, кој не – ќе ги тера добиците до пазар, ако не сака да ги продаде пошто – зошто. Но на оваа група селани, коишто некако подобро изгледаа од оние од полето, не им се враќаа назад добиците, оти имаа голема нужда од пари. Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото ГГчишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – два-есет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото. Затоа решија П’чивци да дадат селски некоја пара, и да станат сајбии од Рибник до Перун. Затоа сега треба да ги собираат парите!!! He се многу. Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.

Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто – зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.

Бидејќи целото село беше заинтересирано за оваа работа, овој пазар речиси од секоја куќа имаше по еден или двајца луѓе кои тераа на пазар по еден, два, па и повеќе добитоци. А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.

Но еднаш се беше случило да соберат од некој силник такви слободни луѓе и за вечни времиња да бидат задржани на односниот чифлиг како чифчии – робови за работа.

По таа причина во групата П’чивци имаше и два-триесет деца, а исто така во оваа група продавачи беа замешани и селани од другите мариовски села, кои не се мешаа со оние од полето, бидејќи последниве беа веќе беговски чифчии, а тоа ќе рече – робови, а првите се сметаа за слободни, та за секој случај и секаде стоеја одделно, па и сега.

Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење. Се знае. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите, а што е најглавно, покрај солта треба лук, цирони, киселина, некоја лажица, паница, опинци и други работи.

Околу сонце огревање утринава прошетаа низ пазариштето четворица агалари со двајца сејмени по нив, и со некаков интерес се загледаа во групата мариовци. Ги завртија главите по неколку пати, си проговорија нешто тивко по турски и се изгубија.

На селаните им се видоа сомнителни овие луѓе.

– Сигурно не гледаат да ни ги оберат ќесенцата вечер по Слива – рече еден од старците, кога се оддалечија од нив агите. И сите се загрижија како ќе го префрлат вечер ридот, а да не бидат ограбени, зашто не беше редок и случајот да ги врбуваат овие јавни качаци – (прилепските бегови) мирните селани, особено оние од Мариово, кои уште немаа над себе никаков бег да ги „штити”, та на враќање да им излезе на патот во планината Слива или Писокал, да им ги соберат парите што ги добиле за продадената стока, па дури и да напакостат – убијат или пленат – по некој помлад човек. Затоа и ретко идеа Мариовците во Прилеп, умирајќи на 70-80 години без да видат град. А кога веќе во крајна нужда идеа ете вака, мнозина старци и по некое дете се собираа за да можат колку – толку да се заштитат.

Арно ама, во оваа сабота беше им била друга целта на насилниците. Еден од четворицата агалари што ги обиколија утринава селаните беше самиот прилепски кадија Арслан-беј, битолскиот санџак бег.

Тој одамна сонуваше за кадиско место и најпосле го доби лично од силниот падишах. Но за та висока чест, тој требаше да му се оддолжи со нешто на својот покровител. И намисли тоа да го стори со стотина, или барем со пет шест не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото. Затоа решија П’чивци да дадат селски некоја пара, и да станат сајбии од Рибник до Перун. Затоа сега треба да ги собираат парите!!! He се многу. Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.

Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто – зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.

Бидејќи целото село беше заинтересирано за оваа работа, овој пазар речиси од секоја куќа имаше по еден или двајца луѓе кои тераа на пазар по еден, два, па и повеќе добитоци. А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.

Но еднаш се беше случило да соберат од некој силник такви слободни луѓе и за вечни времиња да бидат задржани на односниот чифлиг како чифчии – робови за работа.

По таа причина во групата П’чивци имаше и два-триесет деца, а исто така во оваа група продавачи беа замешани и селани од другите мариовски села, кои не се мешаа со оние од полето, бидејќи последниве беа веќе беговски чифчии, а тоа ќе рече – робови, а првите се сметаа за слободни, та за секој случај и секаде стоеја одделно, па и сега.

Во овој пазар тука беше и старецот Богдан Сирме од селото Старавина со своето внуче Ангелета од осум години, да му помогне при терањето и врткањето на двете крави и магарето, што требаше да ги продаде за да однесе некоја ока сол и да се приготви за вршење. Се знае. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите, а што е најглавно, покрај солта треба лук, цирони, киселина, некоја лажица, паница, опинци и други работи.

Околу сонце огревање утринава прошетаа низ пазариштето четворица агалари со двајца сејмени по нив, и со некаков интерес се загледаа во групата мариовци. Ги завртија главите по неколку пати, си проговорија нешто тивко по турски и се изгубија.

На селаните им се видоа сомнителни овие луѓе.

– Сигурно не гледаат да ни ги оберат ќесенцата вечер по Слива – рече еден од старците, кога се оддалечија од нив агите. И сите се загрижија како ќе го префрлат вечер ридот, а да не бидат ограбени, зашто не беше редок и случајот да ги врбуваат овие јавни качаци – (прилепските бегови) мирните селани, особено оние од Мариово, кои уште немаа над себе никаков бег да ги „штити”, та на враќање да им излезе на патот во планината Слива или Писокал, да им ги соберат парите што ги добиле за продадената стока, па дури и да напакостат – убијат или пленат – по некој помлад човек. Затоа и ретко идеа Мариовците во Прилеп, умирајќи на 70-80 години без да видат град. А кога веќе во крајна нужда идеа ете вака, мнозина старци и по некое дете се собираа за да можат, колку – толку да се заштитат.

Арно ама, во оваа сабота беше им била друга целта на насилниците. Еден од четворицата агалари што ги обиколија утринава селаните беше самиот прилепски кадија Арслан-беј, битолскиот санџак бег.

Тој одамна сонуваше за кадиско место и најпосле го доби лично од силниот падишах. Но за та висока чест, тој требаше да му се оддолжи со нешто на својот покровител. И намисли тоа да го стори со стотина, или барем со петшеесет мали деца христијанчиња, кои ќе стапат во служба кај султанот како јаничари. Мислеше кадијата дека од тој поголем бакшиш ќе нема за неговиот падишах. И така беше. Што можеше и што имаше повредно да му испрати прилепскиот кадија на силниот султан Сулејман, освен да му ја зголеми, и така големата сила, со уште сто фанатизирани јаничари!

Дедото Богдан го остави внучето со добиците со другите селани и шетна низ пазариштето да слушне како оди стоката, па и тој да бара цена за својата. Навистина неговите крави не беа добри „полски”, ами планински, ситнавки, но сепак треба да се знае до каде може да се оди со цената. Отиде кај полјаните што ги држеа беговските добици и се заговори со два-тројца, очигледно сочувствувајќи им на положбата.

– Аирлија пазар, бре браќа! – ги поздрави старецот и ги изгледа од глава до петици.

– Аир да имаш, дедо! – го отпоздравија овие гледајќи го исто така внимателно.

– Што правите, што чините? Како сте в поле? – ги засипа со обичните прашања па почна да ги распрашува кој кај кој бег работи – зошто се толку парталави, голи, боси и страдни.

– Како чифчии, зошто – му одговори еден од тројцата и го прашаа него од кое село е тој и на кој чифлиг работи.

– Немаме ние во Мариово наш чифлигар над глава, браќа не, сами сме чифлигари, сами чифчии. И како што гледате – покажа на себе – некако поарно сме од вас во сенешто. Ене, јас си ги продавам моите кравки и на моите дечиња ќе им однесам што треба, а вие?…

– Блазеси ви вам на мариовците, дедо, без чифлигари, блазеси ви. Навистина вие слободен живот живеете, зар не?

– му се испушти на еден од полјаните.

– Ќе им даде господ и ним бегови, нека не се плашат

– потфрли трет од групата. завидувајќи им на слободата на мариовските селани.

– Да ми ти се исуши устата, машко – го начека дедото Богдан овега и почна да им се фали дека тие имаат старски фермани за таа слобода и никој не може да ги направи нив чифчии. Затоа тој ги кладе рацете одзади и ја исправи главата да им ја покаже слободата и во неговото одење и стоење. Поразговара уште нешто со нив; ги нарече баби што им служат на агите, но и сам знаеше дека инаку не може да биде, па почна да ги сожалува:

– Таков ви бил касметот; браќа. Такви сте се родиле -такви ќе си умрете. А кој нејќе да робува, нека повели кај нас. Мариово златно има леб за секого.

Така се фалеа тогаш Мариовците. „Кој не сака да робува, нека бега кај нив, таму е слободата”. И навистина, многу поразбудени луѓе се доселуваа во Мариово и тука образуваа нови семејства. Мариовците, не само што не се противеа на тие доселувања, туку дури и ги наговараа вака како дедото Богдан што го правеше овој пазар, та дури и земја им даваа да работат, бидејќи ја имаа повеќе отколку што им беше потребна ним. Под таа причина Мариово стана некој вид прибежиште на сите оние што беа решени да ги напуштат своите господари – бегови – во полето.

Но тоа предизвика огорченост и омраза кај беговите и тие почнаа да гледаат во Мариовците свои непријатели и бунтовници, а во Мариово – како област – земја – што треба да се стави под власт на султанот за да можат да ги подвластат и Мариовците како овие христијани во полето. He толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.

Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните. Ги продаде кравите, но магарето го позадржа. He му се даваше за триесет аспри и реши да го врати назад. Им подвикна на другарите да го напуштат пазариштето и заедно да си одат, да си го берат стравот по Слива и Писокал.

И таман селаните беа при крајот на својата работа, и се приготвуваа сите заедно да го напуштат пазариштето. наеднаш ги обиколија стотина души сејмени, со исукани јатагани. Кадијата лично командува да се фатат децата да се одделат од старците.

Овие се втурнаа во купот и со ѕверски постапки ги одделија децата од дедовците им.

Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.

Во оваа група попадна и Ангеле Трајков, внучето на дедо Богдан, кого што татко му Трајко и мајка му Велика си го исплакаа и се задоволија со неговото сестриче близначе Анѓа и постарото братче Јована.

Калеш Анѓа (II дел)
BO КОНАКОТ каде што ги затворија грабнатите деца настана страшна пискотница. Затворените деца Мариовчиња исплашени од јатаганите на сејмените патема, се смирија и влегоа во конакот како јагниња во трло. Но кога ги затворија однадвор и ги оставија сами, си дојдоа на себе и се распискаа секое за своја сметка. Некое ја викаше мајка си да му помогне, друго татка си, трето деда си, баба си. Сите пиштеа отепани од судбата. Откако премалеа од плачење, почнаа да мрморат во темницата: – Дали сите ќе не исколат? – праша едно. Прашањево пак ги заплаши и пак писнаа во еден глас. – Co плачење ништо не бидува, туку ајде да му се молиме да не пуштат. Да ги прашаме колку пари ќе им сакаат на старите. Сигурно за пари не собраа, – почна едно дванаесетгодишно момченце, чувствувајќи се најхрабро како највозрасно. Сите се собраа околу него, но место одговор продолжија да плачат. – Да не сте писнале зашто со клоци ќе ви ги истурам цревата – викна силно момчето околу кое се собраа. Се смирија, а тоа продолжи: – Агите нема да не остават овде долго време. Ако е за колење, ноќеска ќе не изведат и ќе не исколат: ако е пак за пари, чекајте ги утре рано. Ќе видиме. Ама било што било, немојте да плачете да ни се радуваат. Ако е за умирање, машки да умреме. Кога ќе дојдат, пуштете ме мене јас ќе зборувам за сите. Точно предвиде момченцето. Бидејќи не беа за колење, вечерта никој не дојде да ги вознемирува. Липаа потајно сите, плакаа и околу полноќ испозаспаа врз подот како прасиња еднододруго. Се тресеа кога стражарот се накашлуваше пред вратата и чекаа да се отвори оваа за да ги изведат или тука да ги исколат. Но вратата не се отвори во ноќта и тие останаа живи. Тропањето на клучот сите ги разбуди. Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. He можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања. Пискаа и чекаа да се отвори вратата и да светнат јатаганите од сејмените како што светеа вчера на Атпазар. Во тој страв сите се собраа во еден ќош од одајата, како пилиња исплашени од орел. Секое гледаше да се затскрие зад некое од другарчињата и така да се запази од јатаганите. Плачеа, се тресеа и чекаа. Го чекаа најстрашното! Колењето. Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една семејнска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. My се поклони длабоко на тој што беше зад него. My направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња. Веднаш се отвори и другата половина на вратата и децата видоа дваесетина агалари пред вратата. Првиот што беше пред вратата пречекори три чекори внатре, погледна во децата и почна да се смее: Машала, машала, машала! Убав лов падна вчера. Ке правиме ќејфот на падишахот, ако сака ала! – им се обрна на тие што беа зад него. Сите се насмеаја, и еден проговори: – Дали ќе се кротат кади баба? Многу диви се овие овдешни планинци. – Ке ги кроти лебот, Мусо ага, ќе ги кроти. Кога ќе легнат на царскиот таин, јагниња ќе станат. Ние да направиме нашето, да ги испратиме нему, та таму тој си знае. Нека ги кроти со што знае. Кој не ќе се кроти – саторот по врат. He оти скапо ги купуваме – та евтино ќе ги продадеме? Пак се насмевнаа агаларите, а кадијата заоди внатре во одајата кон стиснатите деца. По него тргнаа и другите. – Варди Ибро, да не нападнат нас овие ѓаури – му се обрна кадијата на стражарот што застана на вратата. – Без гајле, кади баба – рече Ибро и се фати за јатаган – мрдна ли некој да излезе низ вратата, тука ќе сечам главата со јатаганот – подвикна да го слушнат децата и ги овргали крвавите очи во нив. Кадијата го поправи. – He џанум! Како ќе сечиш главата на наши деца! Тие се веќе наши. Ќе правиме нив муслимани, бегови, аги – a кон децата: – Сакате ли, бре шејтани, да бидете аги, бегови, кадии, наши? – Сакаме дома, кади баба! – викна она повозрасното. – Дома, дома, дома сакаме-е-е… – се разнесе од сите педесет и три грла како од јагниња по забирок. – Дома, дома! Дома ќе одите, ама не во вашиот дома. He плачете. Јас ќе пратам вас во еден убав дома. Во еден сарај, конак. Ете како мојот, а не како вашиот колиби таму на село. Таму, во Истанбул, бре Черкези, во Истанбул кај царот наш. Ке кркате од царскиот казан пиљафи, ќе јадете алви, баклава, месо од брав, и јагниња. He како во вашиот дома леб и пипер. Ете каков дома ќе праќам. Сакате нели? – Дома кај мајка сакаме… – пак писна оној, повозрасниот. – Кај мајка-а-а… – прифатија другите во хор. – И мајки ќе најдит вам царот, и мајки. He плачите. Елате ваму еден по еден да давам по еден ѓеврек за појадок – почна да ги теши, па се обрна кон стражарот. – Ибро, викни нека донесат ѓевреците ваму. Влезе фурнаџијата со две кошници ѓевреци и симиди. Кадијата пак ги повика да дојдат, но децата само плачеа и гледаа во својот постар другар. Тој пак писна. – Нејќеме ѓевреци, сакаме дома… – по него пак прифатија другите. – Аха! – си мрмна кадијата. – Оној веќе разбира што ќе биде, па запиња – дома – и лак му се обрна на стражарот: – Земи, Ибро, оној големиот да потсечиш јазикот да не вика многу. Ибраим си спушти и го грабна за коса момчето. Тоа спиште колку што можеше, но Ибраим го извлечка надвор и му го предаде на друг сејмен да го отера во друга одаја. Другите деца се затресоа и замолкнаа кога видоа како крвнички Ибраим го одвлече нивниот другар. Кадијата тргна кон купот деца и му рече на фурнаџијата да ги носи ѓевреците. Децата немаше каде да се истават и го дочекаа. Почна да ги плаши и теши: – Кој не ќе земе ѓеврек, ќе праќам кај оној ваш другар да сечит Ибраим јазикот, а после ќе сечит и главата. А вие не бидете будали, земете сега ѓеврек, после ќе донесит фурнаџијата топли сомуни, манџа, ќе ручате убаво, па ќе донесит и алва, баклава. Молчете, и елате. He плашете се. Кој ќе слушат царот, голема ага ќе станит. Бег, кадија, валија, паша, можит да станит. Ела, ела ти малечок. На. Земи ѓевречето да поручаш. Види што било топло? Ox, ox, ох! Мајка ти не знаит ваков ѓевреци да месит. Ела. А така. Ајде сите со ред. Видите дека Турците не лоши луѓе? Така плашат вам мајките со Турците да не барате јајца, кокошки, ѓевреци и алви. Тие немаат, затоа вам не даваат. А ние имаме и ќе кркате овде се, само не плачите и не плашете се. Децата повеќе од стравот да не им ги сече Ибраим јазиците, зедоа по еден ѓеврек и се посмирија. Им ги раздели кадијата ѓевреците и секое го погали по глава со по некој утешен збор и она: „Машала, машала. Овој кадија ќе биде, овој муфтија, овој бег, ага, субаша, паѓа, везир…”. На секое му го определи уште тука големите функции кај падишахот, бидејќи за таму ги токмеше. Децата со солзи в очи ги стискаа ѓевреците во рацете и се посмирија, та почнаа и да грицкаат од нив. Кадијата зашета низ нив, галејќи го секое по главата, a по него влегоа низ деца и другите агалари и тие љубезно насмеани, галејќи и почнувајќи разговори поединечно и со групи. – Тебе како викаат бре малечок? – го праша кадијата Ангеле Сирмев, мазнејќи му ја бујната црна коса. Детето се собра малку кога го фати за главчето, но се испули во Турчинот и му го виде насмеаното лице, па се поослободи и промрморе: – Ангеле. Ах, така! Да си жив! Ангеле – Арслане. Зар не поубав име Арслане од Ангеле? Јас тебе ќе бидам нов нунко и ќе крстам на моето име – Арслане. Да бидеш јак како арслан и да видиш сите душмани на падишахот. Да си жив… – го изгали уште еднаш и му даде уште еден ѓеврек. Направи така уште со десетина деца. Другите агалари истото го направија со другите и тргнаа да си одат. На вратата се заврте кадијата и им викна на децата: – Сега ќе пуштит Ибраим вас во дворот да играте во бавчата. Калето високо, а надвор сардисано од сејмени. Немој да лажит некого умот да прескокнат, да бегат, зашто ќе рипни на јатаганите и ќе истурит цревата. Ако бидете добри, вечер ќе донесам за секого по еден кутија локум. Разбравте? Децата се поуспокоија. Уплаканите лица им се поразведрија кога се видоа во дворот под сенките на големите круши, сливи и кајсии. Во базенот пливаа разни чешити рипки и тие се насобраа да ги гледаат. Водоскокот им го привлече вниманието и како да заборавија каде се наоѓаат, почнаа да се задеваат и смејат. Тука во бавчата им донесоа богат ручек, алви, кадаифи, баклави, но тие слабо јадеа од слатките, ама затоа убаво се наручаа од печените јагниња. А кога по ручекот кадијата им дозволи да се качат на крушите и сливите и да јадат колку што сакаат, просто почнаа да се радуваат што се најдоа во вакво изобилство. Вечерта навистина кадијата му донесе по една кутија локум на секое; ги навечера убаво; им наместија удобни легла во две-три одаи и продолжија со добрите однесувања. Кадијата ги задржа цела недела во овој конак. Приготви педесет и два таками облека и еден понеделник ги направија сите јаничари. Не испушти дури и јатагани и пиштоли (од дрва, се разбира) да им закачи на свилените појаси. Ангеле ја облече новата облека, но кога требаше да се раздели од своето бело кошулче и танките гаќиња, душата му се натажи. Дури сега се убеди дека нема уште еднаш да ги облече. Нема да одигра со своите другарчиња на чаирот на сред село; нема веќе да ја види мајка си, татка си, брата си, сестра си Анѓа и добриот дедо Богдан. Сега се убеди дека навистина ќе го однесат некаде далеку од каде што нема жив да се врати. – Што ли прават сите тие? – се праша и сам си одговори: – Плачат, што има да прават друго – и почна да рони солзи низ жолтите образи. Почна да се теши: – Ќе плачат, ќе плачат, ќе му преплачат како да ме изела мечката! Кутри тие! Кутри јас! Каде ли коски ќе оставам? Не, не; нема да ме заколат мене Турците. Види кадијата како ме гали овие денови. Вели ако бидеме послушни и јунаци можеме да станеме бегови, аги, кадии, паши. Зошто јас да не станам еден кадија како него и да си го земам татко, мајка, Анѓа и Јована овде во конаков да си живеам како кадијата? Ќе станам! Кој сака нека плаче и нека се жали, јас ќе слушам и ќе бидам јунак и ќе станам кадија – цврсто се реши Ангеле да не плаче и да слуша што ќе му заповеда кадијата. На десеттиот ден по фаќањето децата ги приготвија за пат. Пет поштенски коли излегоа од Прилеп со по десет деца и по еден гаваз внатре, a no нив две арабаџиски со јадење и други потреби за патема. Прапорците на колите ѕрнкаа рамномерно, децата замислени седеа, мижеа и дремеа. Гавазите вардеа да не заспие некое да си ја чукне главата од штиците или да ја отвори вратата, да скокне од колата, да му избега. Почнаа да ги заговараат. Да им раскажуваат како ќе одат во Истанбул, како ќе се возат на галии по море, како ќе ги пречека царот и како таму царски ќе живеат како негови синови. Само ќе треба да го слушаат како што ги слушале дома татковци си. Тргнаа долу кон Скршена Џамија и не се вратија веќе. Кадијата ги испрати малите идни јаничари во Истанбул и се отстрами од својот голем покровител Сулејмана, a Мариовците за првпат ја сетија грубата турска сила на својот грб и се затворија во својата непристапна дива област, решени да немаат никакви врски со лошите прилепски Турци. Прилеп го заменија со Саботско и Воден и таму одеа на пазар колку за сол, та дури и по верските прашања се префрлија на мегленскиот владика.

Калеш Анѓа (III дел)
УТРЕДЕНТА, по пленувањето на децата, дедото Богдан си отиде в село. Син му Трајко и снаа му Велика ги видоа добиците на портата и излегоа да ги пречекаат пазарџиите радувајќи се што си дојдоа навреме и што свршиле работа. Ги поведоа кон тремот да ги растоварат, но пазарџиите не влегоа по нив. – Сигурно им имаат откачено од мувата – си мрмнаа мажот и жената и ги симнаа алиштата од маската и магарето. Попричекаа неколку минути, но ниту дедото ниту внучето не влегуваа в порта. Ги врза Трајко добитците и излезе да види дали татко му не се заговорил со некој човек. Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија… Така си мислеше Трајко, одејќи кон портата и прашувајќи се: „Ами зошто барем Ѓелета го нема ако се заговорил стариот?” Сигурно и тој му зее во устата на деда си. Такви се сегашните деца. Сакаат се да разберат”. Но токму ја подаде главата низ портата, се стаписа назад како чукнат со чекан по глава. Застана на прагот забајден без да знае што станува со него, се поприбра малку и ги овргали очите низ порта. По сакмата и капата го позна татка си свиткан врз големиот камен од портата. А веќе и го слушна како тажно јачи и нешто мрмори. Во сето тоа јачење го разбра само името на своето дете. Дедо Богдан повтори, потрети: – Леле, Ѓеле, леле мило внуче! Како Ѓеле сега да им кажам?! Трајко побледе. Крвта му навре во мозокот. Страшни слики му излегоа пред очи: „Што ли има станато со детето? Сигурно го има фрлено и отепано маската! Зошто ами не го донесе? Можеби се удавил во Црна и не можеше да го извади”. Co тие мисли се дигна кон татка си, го фати за раменици, го исправи и почна да го тресе: – Камо го Гелета, татко? Стариот му се истргна од рацете, пак се свитка врз каменот и почна да ја удира главата од него, така што на веѓите му се дигнаа големи врги, а од челото му бликна крв. Просто зареве не престанувајќи, да ја толче главата од каменот: – Го грабнаа неверниците-е-е… Трајко премре. – Кој го грабна и зошто? – викна и пак го исправи татка си. Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе. – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени. И Трајко писна и затажи. Го поведе татка си под рака и не знаеше кој повеќе е отепан од жалот. На сред двор им притрча Велика. Гледајќи ги така натажени, слушајќи ги нивните тажби и плачки, и таа се расписка без да знае зошто. Се стрчна напред и кога го слушна стариот, и стана јасно дека за него плачат машките. И пред да изусти: „Камо го, Гелета”, падна пред нозете на старецот и дури тогаш праша: – Го грабнаа, го пленија-а-а… – ревна колку што можеше дедото Богдан. Велика се онесвести. Ја крена Трајко в раце, ја однесе под тремот и почна да ја полева со студена вода. Се освести и го распраша свекра си. И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат. Трајко се изнапцу, Велика се изнаколна, но Ангелета не можеа со тоа да го спасат. Единствената утеха им остана неговото сестриче Анѓа, кое како секое близначе со ништо не се разликуваше од братчето. Од жал за Ангелета Велика често ја облекуваше во неговите машки алиштенца и така се лажеше самата себеси дека го гледа синчето. Но жалот е жал, плачките се плачки до едно време. Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото. Постарото синче Јован веќе се замомчи. Ги фати осум-наесетте години и стана левен момче. Се метна на деда си Богдана. Висок, плеќест, крачест, исправен како пушка, што се вели зборот. Здрав како дрен, а личен – икона. Црни очи, црни веѓи а ете и мустачињата црни му набоднале и го украсиле белото лице како вистинска икона од свети Јована Крстител. Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него. А умно момче излезе Јован. И по-слушно. И необично храбро. Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. My завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете. Се прочу и по околните села Јован Сирмев како таков. И се заредија сводници и од најдобрите домаќини од цело Ма-риово. – He го жениме до дваесетте години – им одговараше Трајко на сите сводници и со тага на душата си го споменуваше помалото сине Ангелета, кое живо е закопано. И се очите му беа во малата Анѓа. – Ете, да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе си го пратев со бацка му овчар; да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе ни помагаше на снопјето врзување, на жниење, на вршење. Немаше работа која Трајко ја работеше да не го спомене Анѓелета, гледајќи ја Анѓа како расте и напредува. А таа ете ја веќе порасна. Поминаа седум, осум години од Ѓелевото грабање. Анѓа наполни шеснаесет и завлезе во седумнаесеттата. Јован го фати и дваесетте, та кај Сирмевци се заредија стројници и за давање и за земање. А Анѓа со ништо не изостана од Јована. Порасна и јадра како него, и убава како него, и умна како него. А за работна – веќе сите се колнеа во Сирмевите деца. Многу го сакаше Анѓа својот постар брат, ама не помалку го сакаше и своето братче Ангелета. Кога дедото Богдан ја донесе тажната новина за неговото пленување, Анѓа беше малечка, на осум години, но цела година го плачеше и жалеше. Цела година го носи гунчето наопаку, береше китки по нивјето и гората и му ги даваше на комшичето Стојана кое им беше врсниче. Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета. Поминаа и десет години од одведувањето на Ангелета. Анѓа навлезе во осумнаесетта година. Co Стојана едниот сон што ги делеше. И беше толку мил и драг што не можеше да си го замисли својот живот без него. Навикна на него како на батка си Јована и не знаеше кој и е подраг. He еднаш застануваше на Стојановата страна кога не се согласуваа за нешто. Секогаш сметаше дека Стојан е во право, а Јован греши. А не беа никаква роднина. Соседи. Само добри соседи. А и Стојан се разви убаво како Јована и како неа. Навистина беше малку црнгалест, но црнгалест – калеш со најубави црти на лицето, како што можат калешите луѓе да излезат. А за развиен, дури и го помина Јована, кога почна и да го кутиња по орото кога се фаќаа да се борат. Оваа нивна дружба не им откина на нивните родители. Трајко и Велика си правеа план за децата, и една вечер, мислејќи дека Анѓа спие, во темнината под покров почнаа да си разговараат: – За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку и за Анѓа треба да мислиме – и шепотеше Трајко на жена си. – Што има за Анѓа да мислиме? Еве ни го Толето Ристово ни е погодено. Овие зборови Анѓа и ја открија целата тајна зошто толку многу таа го сакала Стојана. „Зошто Пак да не се земеме кога веќе од малечки толку се сакаме? Кога веќе не може да ми биде брат, зошто да не им биде друшка до векот?” – И застана Анѓа на таа мисла. „Што ли ќе рече тој на оваа работа? Дали ќе ме сака и како негова невеста? Како да му го кажам ова?” – се засипа само со прашања. За да си одговори на овие прашања, замисли едно лукавство, наивно, но фати место. Го запре Стојана пред својата порта и почна сега да го гледа со други очи. Се убеди првин сама дека и станува уште подраг и помил отколку порано, кога во него го гледаше братчето Ангелета. „Сега ќе видам дали и тој ќе се почувствува како мене”. И почна да го задева. – Ја виде Јана Ѕерѕева некни на орото како ме гледаше? Се плаши да не ме засакаш мене, да ја оставиш неа. Стојан си го запре здивот. Тој си ги редеше девојчињата во умот, па и Јана Ѕерѕева, но ни кон едно срцето не го тегнеше како кај Анѓа. Тоа си го толкуваше со нивната дружба од детинство и ја сметаше за сестра. Како сега Анѓа може да ја сака како девојче, а не како сестра? Поцрвенеа кога му ја откри таа вистината. Срцето му тропна и му ја откри вистинската љубов. И одговори на Анѓа. – Па сите девојчиња знаат дека јас тебе те сакам, само како те сакам. – Како сестра – побрза Анѓа да ја доврши неговата мисла. Стојан си ги стисна рамениците. – Којзнае? – и ја погледна Анѓа во очите. – Дали само како сестра или како нешто друго? – го праша Анѓа не спуштајќи ги своите очи од неговите. Дури и му намигна. Стојан се збуни. Ги наведе тој своите очи и почна да се чуди пред Анѓа. оваа пак го заговори: – Знаеш што сон сонував ноќеска, Стојане? Стојан се поослободи и си помисли дека Анѓа ќе го пренесе разговорот на друго нешто, па веднаш ја праша: – Што? – Којзнае дали да ти го кажам. – Зошто да не ми го кажеш? – Да не се навредиш и да не се налутиш. – За мене виде лош сон? – За обајцата… И за тебе и за мене, но не лош. – Да чујам ако е за слушање. – Зошто да не е за слушање, само на Јана нема да и го кажеш. – Пак таа Јана ми ја пикаш во очите. Што имам јас со неа? Можеби таа си мисли нешто, ама јас муабетот не сум и го направил, ниту ќе и го направам. – Е, слушај сега, штом е така работата. Сонував ноќеска, или слушав во сонот, не знам салам. Татко и велеше на мајка: „За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку за Анѓа веќе треба да мислиме”. А знаеш што му одговори мајка? – Откај да знам – небаре зачуден и одговори Стојан. – Вака му одговори таа: „Што има за Анѓа да мислиме? Еве ни го Толето Ристово, токму ни е погодено”. – Ги изговори Анѓа овие зборови и побегна, оставајќи го Стојана да размислува врз реченото: – Сирота баба Велика. Сака да си го надомести Ѓелето. Убав и е планот. А и мене не ќе ми биде лошо со Анѓа. Зошто пак да не се земеме кога уште од малечки се сакаме? А Анѓа ме сака мене и како брат и како ерген!” Од тој ден Анѓа и Стојан се засакаа како мома и ерген, а не како брат и сестра. Го сетија тоа и Трајко и Велика и се израдуваа дека изгубеното Ѓеле, ќе си го надоместат со Толето Ристовско преку ќерка си Анѓа. – Ај син, ај зет – се тешеа старите кога видоа дека и децата се гледаат како ерген и мома, а не како брат и сестра. Во тоа лето Јован и Стојан заедно тргнаа овчари на едно бачило и толку сложно и блиску живееја, што ретко и родени браќа така се сложуваа. Анѓа не знаеше на кого помил поглед да му фрли, на кого помил подарок да му спреми, за кого поубав ручек или вечера да приготви. И едниот и другиот како сонце и грееја кога ќе си дојдеа дома по леб и сол за овците. За Јована ја избраа сите тројца Сирма од поп Јакова. Сирма у Сирмеви нека дојде, се смееја кога ја избираа. Анѓа се завртка околу Сирма и и кажа каква е работата. И однесе прва китка испратена од Јована. Потоа огледалце, чешле, мониста. Таа му прати калци и ќемер за Велигден и така работата се зацврсти. Сирма ќе оди кај Јована, а Анѓа – за Стојана. Го разбраа ова сите девојчиња и ергени од селото. „Нека ги спасат овците летово, на зима – една од тланик, друга на тланик”, велеше Трајко Сирмев, готов да ја даде Анѓа за Стојана, а да ја доведе Сирма за Јована. Co тоа сакаше да ја замени тагата на Ангелета, кого што веќе го прежалаа со мајка му, иако родителскиот жал и тага никогаш не стивнуваа. Анѓа беше пресреќна. Co Стојана ги задоволи и двете свои љубовни чувства. Досега го сакаше како брат – место Ангелета, а сега и како прво либе. Кога се подденуваше разговор за Ангелета, плачеше заедно со мајка си, но се тешеше со Стојана. – Па не е умрен Ѓеле, мори мајко, што туку го тажиме! – и зборуваше на мајка си и често и повторуваше: – Срцето ми зборува дека Ѓеле е жив и јас ќе го видам пред да умрам. Така ми вели нешто од дното на душата. – Бидете живи вие Анѓе. Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – и одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.

Калеш Анѓа (IV дел)
ТОКМУ BO ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот. – Која е таа раја што не му е покорна на силниот падишах? Ја да ја слушнеме сите ние овдека па да ти поверуваме – го праша кадијата раскажувачот. Селим-бег од Коњари продолжи да раскажува: – Ене онаму, откај што огрева сонцето – и покажа со рака преку високите Селечки Планини – таму зад оние високи ридишта, велат имало земја каде што наша нога не стапнала и имало луѓе – ѓаури што не признавале ни цара ни везира. Тие луѓе не знаеле дека на земјава постои еден цар – падишахот наш – и ниеден од нив, не само што уште не јал ниеден наш грбач, ами до ден денеска не им платил ни аспра на царот и на царштината. Тие им се смеат на сите ѓаури што работат по нашите чифлизи и ги викаат турски робови. И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци. – Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае! Јас знам дека нема на светов роден од жена што не ја знае нашата сила и што не се плаши од неа. Кос-коџа цареви и кралеви се тресат пред силниот падишах, та еден грст горјани ќе се спротивеле; не го верувам тоа! Но за да му докажам на Селима дека не е вистина тоа што го кажува, еве што предлагам: ајде да собереме наши луѓе и да отидеме еден ден по тие села, да видиме што ќе испадне. Мислам сите ние, десет – петнаесет души, да земеме по десетина сејмени, доста ќе бидат. Ќе ги собереме по селата тие ѓаури, ќе ги протепаме сите по ред, да знаат дека живеат под власта на исламот, ќе собереме што имаат по некоја пара, и стока, ќе одбереме секој по две-три убави ѓаурки, a сигурно ќе најдеме доста и здрави деца да му пратиме на падишахот за јаничари, – се присети кадијата на бившото грабење на Атпазар, и продолжи: – Согласни ли сте? Овој предлог ги заскокотка сите бегови од прилепската нахија. Да се отиде првпат во села кои досега останале неограбени, тоа е редок случај. Сигурна е богата пљачка, убави планински моми и здрави деца за јаничари. Затоа сите во еден глас извикаа: – Согласни сме – честити кадија, согласни, само – ти напред! * На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци. Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот. Зелениот арапски ат немирно подигруваше под него и често ги тргаше рамењата од уздата, барајќи слобода да поигра под својот господар по рамното поле, но овој не му дозволуваше, и тој правеше цик-цакови по ливадите да ја смири својата бујна крв. Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце. Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници. Поголемото растојание го правеше поголем, посилен, позначаен и погорд. Тој беше прв на ранг на групата, затоа и не дозволуваше некој да го натпревари во одењето. По него јаваа, двајца по двајца, другите бегови на исто така зелени, црни, бели, црвени коњи, не полоши од кадиниот Зеленко, но со внимание ги држеа поназад да не го навредат својот беглер-бег и кадија од кого што зависеа. И тие облечени како кадијата; и нивните коњи беа украсени со китки по уздите, со убави седла и скапоцени сеџадиња и разни скапоцени пулејќи и ѕрнѕурки. Кадијата напред сам се занесе во пријатни размислувања. Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат. Си претстави како ќе најде убави моми и млади невести и од сите ќе ги избере најубавите и ќе ги донесе во својот харем, кој и инаку не беше празен. Ќе ги потурчи и ќе ги направи свои анами, од кои ќе му се народат десетина машки деца, што ќе бидат здрави и достојни да го заменат по неговата смрт. А што е уште поважно, одбранбената сила на падишахот со стотина-двеста јаничари. Само нешто го штрекна во главата, кога се сврте назад и ги виде беговите што јаваа по него; зашто ќе треба со нив да го дели пленот. „Нека ги”, – си рече во себе, – „и тие му се верни поданици на Калифот, нека земат по нешто и тие. Сигурно ќе има за сите”. Беговите пак, јавајќи по двајца, еден крај друг, не само што го фантазираа ова, но и гласно си разговараа. Едни беа за готови пари, други имаа широки пасишта по чифлизите па им требаа овци, говеда, коњи; на помладите им беа умиштата по убавите и млади Мариовки, а сите заедно го спремаа пеколното клање на старците, жените и децата што не беа за никаква употреба, за кои сејмените, од своја страна, пак, ги водеа јатаганите и гледаа дали се доста остри за да можат да поништат што повеќе нечисти ѓаури и со тоа да си осигураат подобро место во рајот, та кога ќе појдат кај големиот пророк, да има со што да му се пофалат. Тие така беа воспитувани: колку повеќе „неверници” ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка. Кадијата и беговите да си направат овде – на земјата – рај, а сејмените – да си го осигураат него на „оној свет”, кога веќе овдешниот беше зафатен од посилните та немаше место за нив. Co вакви пеколни мисли колоната го помина селото Штавица, кое одамна беше чифлиг на Сефедин-бег и излезе на високиот рид Слива, од каде што се прогледа мариовската котлина обрастена со честа борова, букова и дабова гора. На чешмата на врвот на ридот кадијата слезе од коњот и ги почека беговите и сејмените, та направија еден одмор од половина час време и еден добар појадок. Дивата џунгла им ги поразбрка мислите и некои од нив се запрашаа во себе: дали нема да наидат на некое зло? Но сите беа сигурни во своите сили и не веруваа дека ќе има некој смелост да им се противстави. Кој ќе и се противстави на силата од црвениот полумесец? Овие голи селани? Оваа покорна раја? Нe џанам! Тие мисли беа слаби да им зададат некаков страв на властодршците од големата и силна Отоманска Империја. По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од семејните, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше. Тоа го направија и беговите и тргнаа сите по сејменот што требаше да ги води. Планот беше скроен уште во Прилеп. Ќе појдат прво во најблиското мариовско селце Чаниште. Тие разбраа дека тоа село сега на Петковден има селски панаѓур и тука се собираат селани од сите мариовски села, а панаѓурот трае три дена, та ќе направат добар лов уште тука и од другите села. Мусо-ага, водачот, како мало дете беше ги шетал со мајка си сите овие села по работа – со решета и сита – та убаво беше ги запомнил, и патиштата, и обичаите по селата. Тој тоа му го кажа на својот бег Сефедин кај кого што беше сега гаваз. Затоа тој сега одеше по сигурен пат и беше убеден дека сите селани ќе ги најдат на едно место на панаѓурот во Чаништа. Само едно Мусо ги советуваше кадијата и беговите: да бидат крајно претпазливи, зашто се препредени овие планинци. – He бери гајле, Мусо-ага, не бери, само вие добро спремете јатаганите и кога ќе наредам јас, удрете – го тешеше кадијата, одејќи по него со беговите. Co таков разговор се појави колоната на Чашка над самото Чаништа. Селото се прогледа како тепсија и османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе. Дури се наслушнуваа пискотниците на гајдите, вревите од младите ораџии и песните од младите моми и невести. Како волци кога гледаат стадо овци, ги наострија сите забите. Им се отворија сите преѓешни апетити и да можеа веднаш да летнат, од височината и да паднат врз стадото. Така настроени се втурнаа по надолнината и за миг се најдоа на крајот од селото. Сејмените добија заповед да го обиколат селото и никого да не пуштат да излезе од него. A кадијата со беговите и група сејмени од педесетина души отиде право на собирот. Но тие не останаа незабележани кога нагрнаа на селото. Неколку момчиња и девојчиња ги видоа и им обрнаа внимание на постарите, а овие бргу го известија попот и кефалијата. Тие излегоа на сретсело и ја разбраа работата дека идат Турци. А тоа значеше – волци грабачи, и мошне многу се исплашија. Попот предложи да се засолни народот во црквата, а тој со кефалијата и неколку старци остана да ги пречека. За некаква одбрана, ниту имаше време, ниту беа подготвени. Овој беше прв напад на нивната слобода, затоа тие не го предвидуваа. Народот, особено младите, се засолнија во црквата сите затресени. – Их, што си бевме раат досега, бесот да ги фати, што ни го расипаа – почнаа да се жалат старците што останаа со попот и кефалијата. Тие знаеја што значи Турчин. Одеа порано на пазар во Прилеп и Битола и ги гледаа голите и боси чифчии како жнијат, вршат, ораат, копаат по беговските чифлизи, а овие со грбачот по нив маваа и не им даваа душата да си ја соберат. He еднаш беа сведоци на страшни глетки по Новаци, Суводол, Шелеверци, Ерековци, Канатларци, Букри, Егри и другите полски села што беа чифлизи, кога бегот тепаше некого од своите чифчии, па дурии на такви, кога на сретсело на некоја врба или јасика висеше обесен некој младинец или старец што се противставил да ја исполни беговската волја. Многу од тие чифчии – робови им раскажуваа на Мариовците за судните маки што ги тргаа од силниците, и им завидуваа ним на слободата што ја имаа без аги и бегови. На овој истиов поп и на кефалијата еден од чифчиите од Букри, им раскажа на Атпазар во Битола, дури ги држеше воловите од бегот што беа за продавање, како нивниот бег сите ги затвора ноќе во кошарите заедно со стоката, некои дури ги врзува за јасли со долга ортома за да можат да им турат сено на коњите и воловите; како наутро ги одврзува за на работа, им удира по десет грбачи да не зборуваат зашто се робови и им ги предава на ќаата кој по углед на бегот и по негова наредба, барем по три пати на ден им удира по десетина-дваесет грбачи; како за мали кривици ги врзува летно време по цел ден за некој дирек или дрво голи и намачкани со мед или маст, да се збираат мувите и осите на нив; како посега на честа на секоја млада жена и девојка што ќе му се допадне, а веќе првата ноќ по венчавањето младата невеста ќе ја преспие со бегот на кулата, тоа си е адет и закон. Од храна од еден ‘ржан леб и сол овие двоножни животни за друго не знаат, а за облека никој не мисли. Децата ги повиваат во конопни партали од вреќи до колку не умрат во првите шест недели од студ или глад, бидејќи мајките ни до третиот ден од раѓањето не се поштедуваат од тешките полски работи. Пред нивни очи еден Велигден на сретсело во Новаци бегот беше го спружил еден од своите чифчии и двајца од сејмените со ќаата му броеја по дваесет и пет по голо месо што им проговорил на чифчиите да не одат барем тој ден на пченка садење. А кога овој се поисправил и проговорил дека ќе се жали кај кадијата, бегот лично му удрил уште стотина стапови по очи, по глава и го однеле три-четворица дома на носила. Сите овие зулуми чанивци ги знаеја, но од сите беа поштедени. Затоа кога видоа дека Турците идат в село, се им излезе пред очи и почнаа да кршат прсти и да се жалат: – Е, што ќе правиме сега, попче? – го праша ќефалијата попот кој важеше во селото како духовен пастир и најпаметен човек. – Е море, што ќе правиме, Димо! Што има да правиме! Ќе видиме тие што ќе прават и што ќе сакаат. Но сигурно за арно не идат онолку сила – одговори попот и ги понаведе понадолу мустаќите, оти Турците не им дозволуваа на каурите да ги носат засукани мустаќите. Тоа беше еден повод за да можат некого да тепаат. „Не се сучит мустаќ пред ‘рслан” – викаа и веднаш почнуваа да маваат на човек што ги засукал мустаќите. Дури така се шуткаа попот, ќефалијата и другите десетина старци, пристигна кадијата со беговите на сретсело, a сејмените што беа со нив направија обрач околу сите. Очите на сите Турци им светнаа. Крвта им зовре и сите личеа на ѕверови околу фатениот плен. Само требаше да скокнат и да го растргнат. А тој – пленот – старците со попот и кефалијата, се тресеше од петици до глава и упатуваше молитвени погледи кон небото и блиската црква. Кадијата му се приближи на попот, кој тргна кон него и остро го поздрави: – Лоша ти среќа, црноризец. Зошто напади народот да не чекаат царските луѓе? – Да ти се многу години, бег – го испушти попот познатиот робовски поздрав и направи длабоко темане, наведувајќи се речиси до земја, но место одговор на поздравот, кадијата му удри по еден камшик по грб и по плешки, па почна да го пцуе и да вика: – Какви многу години, бре ѓаур? Зошто не пречекате кадијата и ефендиите цело село? Каде отиде толку народ од сретсело; избега, а? – и се заредија грбачите и од другите бегови и по старците и по кефалијата. – Да се врзат овие магариња – изрева кадијата и за миг сејмените ја исполнија наредбата. Врзаните ги исправија пред ѕидот од блискиот двор и кадијата почна да ги прашува: – Кој е главабашија во селово, освен попот? – Јас сум кнез оваа година, ефенди – одговори врзаниот кефалија. – А-ха!! Ти кнез, некој друг во друго село крал, трет цар ѓаурски. Убаво сте се наредиле, машала. – А зошто бре ти ѓаурски кнез досега не си дошол кај мене да пријавиш милетот, стоката, земјата, а? Знаеш ли ти дека ова е царска земја и треба да платите на царот што ја јадите неа? – и пак му удри друг грбач по десното рамо. – Аир, ефенди – почна да се брани кефалијата. – Нам никој досега не ни рекол да плаќаме за земјата. Ние знаеме дека таа ни е подарена од нашата султанија Мара уште пред сто години. Умрела таа и ние живееме на нејзината земја и никому ништо не плаќаме. – Ха-ха-ха! Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете. За сто години што не сте платиле арач, десеток, беглик, сакам денеска. Слушнавте? – викна кадијата и остро ги погледна сите врзани. – Инаку, ни глушец нема да остане во селово. – Аман, ефенди, аман бегу, аман ага, аман пашум -почнаа сите врзани да молат. – Аман, што сме должни ние да плаќаме за нашите дедовци и прадедовци – проговори сам попот. – Нема аман, нема аман бре ќерата! Вие се фалите како вас Турчин не ве бил досега, како не признавате ни цара ни везира, како не плаќате никому ништо. Сега ќе видиме кој повела во оваа земја, вие или падишахот наш. Повела каурин ли Турчин?… Таа султанија била и умрела. Co неа умрела и вашата слобода. Сега нашиот Калиф има други султании и аскер за ранење. За тоа мене ич гајле не ми е. Вашето село борчи на царот сто илјади аспри, за сто години што не сте платиле, како и сами што признавате. До вечера сакам парите на рака, или давам заповед на семејните да запалат селото. Помислите и кажите – заврши кадијата и им го заврте грбот на врзаните, во знак дека ги чека да му кажат ќе платат ли сто илјади аспри или да заповеда да го запалат сејмените селото. Кога овие ја слушнаа сумата од сто илјади аспри, сите ги удрија главите ничкум. Та тие беа пари што ни целиот битолски санџак не ги плаќаше, а кадијата ги сакаше од едно селце од триесет куќи со 150-200 души луѓе. Од каде толку пари кога најдобар вол, коњ, се продаваат за сто аспри и немаше кој да ги купи? Очигледно, силниците сакаа да го пустат селото, и ќе го запустат, нема што! „Кај сила – нема правина!” – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет? да ги собереме селаните да видиме, што има по некоја пара да ви дадеме, па за друга година кажете ни, колку можеме ќе толчиме глава, ќе даваме, нема што, ако веќе старите бераати не важат. – Какви бераати, какви пачаври, бре домуси, туку ајте збирајте селаните да носат парите – им се врекна кадијата и им нареди на сејмените да ги одврзат. – Секој од вас дванаесетте души ќе соберете од по тројца свои луѓе – комшии и ќе ми ги донесете за еден саат овдека на сретсело; разбравте? Одврзаните уште повеќе се затресоа и ги обесија главите. – Нема ефенди, нема бег, нема пашум. Што нема -нема. Сто илјади аспри од село од триесет куќи, ни имало ни ќе има. Ете ви селото, ете ви луѓето, жените, децата, ете ви стоката, што сакате правете, силата ви е во рацете – објасни попот за сите и пак го начека грбачот од кадијата преку очи. – А, така демек, а? – се разбесне кадијата. – Значи вистина било што велеше Селим-ага, дека вие не признавате ни цара, ни везира? – а кон беговите: – Сефедин, Селим, Бајрам, Суљо, Муарем, Фазли, Фета, Даут, Мамут… сите на работа со своите луѓе. прво и прво: до куче што е живо да се дотера овде пред мене а после: до партал од дома да се изнесе и претресе; до уште жива стока – и мачките да се соберат. Кога ќе натокмиме царското, ќе оставиме за домазлак на овие домаќини – издаде заповед силниот кадија и иронично се насмеа при последните зборови „овие домаќини”. Беговите како бесни се растрчаа на сите страни по селото со своите сејмени и пратија заповед на опсадата да го стега обрачот. Од секоја куќа сејмените ги собираа луѓето до еден и ги тераа на сретсело, каде што кадијата со десетина сејмени и пет-шестмина бегови остана да ги чека. Во куќите настана страшен грабеж. Се што имаше се исфрли надвор и сејмените прибираа што можеа да понесат, а што не можеа, кршеа, туркаа, сечеа со јатаганите, и расфрлуваа по двориштата. Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна. Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици. Обрачот се приближи и до црквата каде што ги затече сите млади луѓе, жени и деца и добро му дојдоа сите на куп да не ги собираат од куќа на куќа. Настанот во црквата кога се појавија сејмените со исукани јатагани и навртени пиштоли кон луѓето, беше страшен. Само кој гледал како се бранат говеда кога ги напаѓа мечка, може да си ја претстави сликата. Мајките со децата се пикаа во олтарот зад иконостасот. Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата. Машките пак, притиснати до иконостасот, ги чекаа напаѓачите полни со сила да се удрат и да ја одбијат мечката, но ниту напаѓачот беше мечка, ниту нападнатите беа бикови за да можат со острите рогови да ја убодат. Но сепак, не и легнаа на мечката да ги раскине толку лесно и без одбрана. Ги грабнаа светилниците, кандилата, черчевината од иконостасот и се приготвија за одбрана. Каква одбрана во опседната зграда? – Теслим, бре ќерата? извика омбашијата и тргна со кубурот. а едно момче се струполи. Децата спиштеа, жените затажија, изналегнаа на подот ничкум, чекајќи да им ги пресечат главите со исуканите јатагани. Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее! Гледаш ли што се прави во твојот дом! – се провикна еден од мажите. Но Ристос не се кажа од никаде, а сејмените ги испукаа своите кубури во купот луѓе, жени и деца и се втурна да сечат со јатаганите. Залетаа черчевината, иконите, кандилата. Почнаа и плочите од подот да ги вадат. Еден младинец го грабна путирот и со него му ја расцепи главата на еден од сејмените. Се фатија некои и раце со раце да се борат; маваа со клоци, со глава по нос, касаа со заби, но напаѓачите беа двојно повеќе и сите вооружени, та никаков изглед за спасување немаше. Тие што останаа живи ги налегнаа, ги изврзаа и заедно со жените и децата ги истераа од црквата, а неа откако ги извадија двајцата мртви семејни, ја запалија со сите исклани селани во неа. Така врзани му ги дотераа на кадијата на сретсело. Глетката која дотераните ја видоа на сретсело не беше подобра од онаа во црквата. Се распиштеа деца, се расплакаа жени, баби, се затагуваа мажи, но на никаква помош не можеа да се надеваат, бидејќи немаше од каде да дојде. Кадијата нареди да се тепаат сите мажи, а од жените кој бег колку сака да си избере ако му требаат. Сам за себе избра едно 18-20 годишно девојче и му го предаде на својот буљукбашија Суљо-ага живо да го донесе во неговиот конак. По него изврзаа и другите бегови по некое такво девојче или невеста и им ги предадоа на своите слуги заедно со врзаните млади момчиња да ги отераат по нивните чифлизи. Некои од младите мажи се обидоа да побегнат уште неврзани и паднаа од јатаганите и пиштолите на сејмените. Сосем ретко некој успеа да се промолкне од обрачот и да се спаси за да ја однесе страшната новина по другите мариовски села. Најпосле кадијата даде заповед врзаните млади луѓе да се потераат од извесна група сејмени за Прилеп, а другите да ја соберат стоката, да ја натоварат пљачката на селските коњи и магариња и да тргнат напред. Во тоа време – пред мракот – ги дотераа некои од семејните селските говеда и овци, та ги собраа и нив. И најпосле, кога зедоа што имаше за земање, кадијата нареди да се запалат сите куќи во селото, така што кога тие го напуштија, тоа остана во пламен. Останаа претепани на сретсело попот, кефалијата, старците и жените со ситни деца да ги оплакуваат одведените свои блиски и изгорените домови. He заборави кадијата да ги собере сите здрави и напредни деца од 8-12 години, околу дваесетина, а да му ги подари пак на падишахот во Истанбул, како и оние пред десетина години со Ангелета Сирмев од Старавина. По старата несреќа, на овој Петковден дојде од Ча-ништа на гости стариот Богдан Сирмев од Старавина со својата внука Анѓа, која веќе ги беше наполнила осумнаесетте години и се разубавила како горска самовила. И кога ја дотераа и неа сејмените од црквата на сретсело пред кадијата, овој ја виде, таа го заслепе со својата убавина, та му нареди на својот буљукбашија Суљо-ага да ја однесе жива на конакот во Прилеп. Пискаше Богдан, молеше, плачеше, пцуеше, но ништо не помогна. Отиде и Анѓа, во рацете на некрстените како пред десет години внучето Ангеле од сред Атпазар во Прилеп. На стариот му препукна срцето и кое од ќотек, кое од жал, издивна на сретсело да не му ја носи и оваа жална новина на сина си Трајка и снаа си Велика. Тажната новина уште утредента се пренесе по сите мариовски села. Спасените се вратија по своите домови и потенко исприкажаа што стана во Чаништа на Петковден. Си заплакаа Мариовците и се затресоа, гледајќи дека Турците се настрвија и пак ќе нападнат, ќе опљачкаат и ќе изгорат и други села. И не се излагаа. До пролет кадијата го прати Суљо-ага со педесетина сејмени и овој го опљачка и изгоре до темел малото селце Лисиче, кое веќе не се обнови.

Калеш Анѓа (V дел)
– А-А-А-А! ОВАА HE ЈА БИВА ВАКА – се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба – покорност – или одбрана.

Едни беа за спогодби. Да им плаќаат по нешто на силниците, за да ги остават мирно да си живеат како досега. Таа мисла ја прифатија селата по левиот брег на Црна таканареченото Мало Мариово, но оние по десниот брег – Старомариовците – решија да се бранат од силата со сила.

Пленувањето на децата во Прилеп, како и зулумите во Чаништа и Лисиче ги огорчи сите слободољубиви Мариовци и во еден од летните дни на идната 1549 година се собраа во малото селце Сатока: земскиот кмет, кефалиите од сите села, поповите и други повидни луѓе и еднодушно го прифатија предлогот на поп Јакова: да се бранат од силниците, потпирајќи се на ферманот и бераатите од старите султани дадени на султанијата Мара, во кои пишуваше дека тој хаспосед Мариово нејзе и е отстапено и дека таа ги ослободила овие села од секакви давачки, та сега ова што го прави прилепскиот кадија е газење на тие стари закони и нивни права. Решија: самиот поп Јаков, поп Димитрија од Пешта и земскиот поп Димитрија Сталев од Сатока да отидат до кадијата во Прилеп и да му ги поднесат документите. Решија и отидоа, но кадијата не сакаше ни да чуе за некакви привилегии, а поднесените фермани си ги кладе во џебот со една иронична насмевка. Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани. Но само да ја префрлат Слива и да ја прегазат Црна.

– He изигра кадијата со измама! Ни ги зеде ферманите и не безоружа – кажа дојдените со тешка тага на срцето и се замислија што да прават без документите.

– Дури сега ќе станеме пљачка на силникот, се жалеа сите видни луѓе по Мариово.

Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.

Се збираа неколку пати, се советуваа и најпосле решија да му одат на кадијата и да му ги бараат документите. Го разгласија ова по сите села:

Во петок се што е машко над дваесет години да се најде во Прилеп. Од оружје, само по еден добар стап и полни мишки камења.

И навистина, тој петок уште од изутрината се наполни Прилеп со Мариовци. Откај дојдоа и зошто толку многу, никој во градот не можеше да си објасни. Но околу ручек се разбра работата. Co поповите и кметот на чело на групата од илјадатина Мариовци се упати кон кадилакот.

Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно. Затоа веднаш му нареди на гавазот да го викне буљукбашијата на сејмените. Овој дојде, а кадијата му рече:

– Што сакаат овие каури пред портата?

– Сакаме кај кадијата да влеземе. Имаме троа работа – рече Димитрија за сите.

– Е што работа имате? Кажете ми мене, зашто кадија-

та е зафатен.

– He е за тебе работата. туку речи му на гавазов да не пушти, да не влегуваме без препита.

– Ај, анасени… ана! – испцу буљукбашијата. – Како ќе сте влегле без препита? He е ова воденица да влегува кој сака и кога сака. Чекајте, ќе му кажам на кадијата, ако има време и ако сака, може ќе ве прими. Но кажете ми барем кои сте, од каде сте и што барате кај него. Да знам што да му речам.

– Кажи му само толку: дошле земскиот кмет од Мариово Димитрија Сталев и поповите што биле пред две недели кај него и си ги сакаат царските фермани што си им ги зел. Тој знае кои сме!

Буљукбашијата влезе кај кадијата и му кажа.

– Викај сејмените и растерај ги оттука. He оттука, ами од градот надвор. Преку ридот да ги префрлиш. Разбра?

– Еве, кади баба – изусти понизно буљукбашијата и излезе назаднички. Плусна со рацете и веднаш дотрчаа двајца сејмени – дежурните пред кадилакот.

– Чабук сите сејмени со оружјето да се најдат овдека -заповеда буљукбашијата и излезе од портата.

– Кадијата не може никого да прими од вас. Ни денеска, ни утре, ни никогаш. Рече да си одите, да не јадите ќотек.

– За ќотек сме дојдени ние, агачко, за ќотек. Но да не ја носиме работата за ќотек, оди пак речи му на кадијата да ни ги фрли ферманите низ порта, лицето нејќеме да му го видиме – остро извика Димитрија и им даде знак на селаните да бидат готови да се втурнат во кадилакот.

Буљукбашијата ја разбра работата и си ја исполни задачата. Почна да води разговори со меко, дури да дојдат сејмените. И успеа. За неколку минути сејмените ги заградија селаните од двете страни на улицата, а неколку души ја препречија портата со навртени кубури во купот селани и со исукани јатагани.

– Ќе си одите дома или да им речам на сејмените да пукаат – извикна сега силно буљукбашијата. Но наместо одговор, напаѓа град камења на сите сејмени што беа на портата, па и на самиот буљукбашија.

– Внатре, браќа, внатре да го најдеме нашиот душман и да си го земеме нашето – повикаа во еден глас поп Јаков и Димитрија и се џитнаа први кон портата која семејните брзо ја затворија и почнаа со мазгалките на калето да пукаат во купот селани.

– Оф, ме изеде кучето краставо – писнаа неколку селани и паднаа на калдрмата поред портата.

Во тој момент се слушнаа неколку грмежи на двата краја над улицата. И тие сејмени пукаа и ранија неколку селани, но по првото празнење на пиштолите заиграа стаповите по рацете на семејните и им паднаа исуканите јатагани. Обезоружени, овие почнаа да бегаат, селаните се спуштија по нив, засипувајќи ги со камење по грбовите и главите.

– Внатре, браќа, внатре – викаше поп Јаков и му подаваше грб на Димитрија кој сакаше да го прескокне ѕидот и да му влезе на кадијата.

Но што стана. Сејмените што бегаа бркани од селаните во двете посоки на улицата ги забележаа Турците, кои во тој ден, петокот, го празнуваа и ја разбраа работата. Co молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него се што беше Турчин во градот. Со пушки, пиштоли, јатагани, секири и друго оружје, па и камења паднаа на селаните со бесни викотници.

– Удри, коли, сечи, тепај! – се слушаше од побеснетата

толпа.

Тоа го командуваше Димитрија со поповите. И настана пеколски крклец на улицата. Се замешаа двете противнички страни и не се знаеше кој беше побесен. Мнозинството Турци (бидејќи беше петок, целиот град се стече) почнаа да надвладуваат и со своето оружје да им задаваат тешки загуби на селаните, кои, еден по еден, почнаа да се повлекуваат од борбата. Тоа го забележаа поповите и Димитрија и издаде нова команда.

– Како знаете извлекувајте се и бегајте дома – и сами се извлечкаа, оставајќи седум души од своите селани смртно или тешко ранети. Останаа и десетина Турци со расцепени глави, двојно повеќе со искршени раце, нозе или ребра, a четворица со нокти задавени.

Живите селани се вратија по своите села и почнаа да се приготвуваат за одбрана.

– Никаква турска нога да не стапне во наше Мариово – беше решението на овој прв бунтовнички „штаб” во средето на големата турска царевина.

И веќе земските четници ги поседнаа Чебренскиот Мост и оној на светецот на Црна, кои имаа задача со оружје да ги бранат и веднаш да му соопштат на Димитрија во Пешта ако се појават таму Турци и ако сакаат да ја преминат реката.

Кадијата пак, предизвикан од нападот, реши веднаш да се расправи со бунтовниците. Затоа по десетина дена тој вооружа еден табур од педесетина сејмени и го испрати во Мариово со задача да го покори и да им ја наметне неговата власт и на тие дванаесет села од старо Мариово (Врпско, Жиово, Витолишта, Мелница, Полчишта, Сатока, Градешница, Пешта, Старавина, Будимирци, Гурунишча и Бѕовиќ).

Арно, ама, ордијата беше навреме откриена и уште при преоѓањето на Црна на самиот мост принудена на бегање, така што таа му донесе на кадијата, место очекуваните пари и покорност, извештај дека Мариовците се побуниле и не ги пуштале ни да ја преминат реката. Ги донесоа и двата трупа на убиените сејмени, со што ја докажаа побуната.

– Ах! Така ли е работата, со измама? – пламна султановиот слуга и почна да крои планови како да ги покори овие сурови планинци што се осмелија да дигнат рака на царските луѓе. И уште по два дена спреми нова потера, сега од сто души со неговиот верен испробан буљукбашија Суљоага.

 

Му даде најшироки овластувања за горење, убивање, ограбување и строга заповед да не се враќа жив додека не ги покори Мариовците и не му ги доведе водачите на бунтот, Димитрија, поп Јакова и другите, живи или нивните глави. И Суљо-ага тргна по познатиот пат Штавица, но место да ја преоѓа Црна на Чебренскиот Мост, каде што беше разбиена првата чета, кадијата го упати на другиот мост – на Светецот за да премине полесно, претполагајќи дека Чебренскиот ќе биде поседнат од бунтовниците, кои ќе се надеваат на други напади.

Кроеше кадијата, но не седеа со скрстени раце и бунтовничките водачи.

Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.

Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.

Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа-две во водата, оставајќи ги одвај да се држат. А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот. Така и стана.

Селаните се скрија под врбјакот под мост и над мост ги дочекаа напаѓачите со Суљо-ага на чело.

За среќа на бунтовниците, Суљо-ага реши да ја премине Црна во темнината, та преседе дента под дебелите јасики на Мејмедова Чешма, привардувајќи се да не го догледаат од спротивните брегови.

Кога наврте во вечерната мугра на реката, ништо сомнително не забележа на мостот и околу него. Но за секој случај испрати двајца од своите сејмени напред да извршат извидување и да му донесат извештај до карпата каде што се задржа со целата своја тајфа.

Овие отидоа до мостот и претпазливо се качи едниот на него, отиде полека до средето, но не забележа дека сиот мост се ниша. Се врати назад, го зеде другар си со себе и го премина целиот мост, пак без никаква пречка. Проговорија нешто посилно да се уверат има ли некој околу мостот, но освен бучењето на реката ништо не слушнаа. Едниот викна доста силно: „Каде сте бре, ѓаури?” Но и на тоа викање никој не им одговори, та некако успокоени се вратија назад и му соопштија на буљукбашијата Суља и на другарите дека ништо сомнително на мостот не виделе, ни слушнале.

Се успокои Суљо и нареди тргнување, но на самиот мост прати двајца на педесетина метра растојание од него. Овие го преминаа мостот, позастанаа на спротивниот крај, поразгледаа, наслушнаа та пак еден од прејдените викна: „Теслуке јок кардашлар – сербесѓеч“.

По овој збор Суљо нареди, та речиси половината сејмени се накачија на мостот и првите веќе беа на другиот крај, кога од врбјаците под мостот и над мостот се заорија бесни викотници и залп од стотина пушки, а во тој момент мостот се урна надолу и пропаднаа во длабокиот вир. Избезумени, тие што беа на него се обидоа да се вратат назад или напред да скокнат на сушата, но тоа беше доцна, та заедно со него падна во виорот и бучната вода и ги понесе надолу, не слушајќи ги нивните молби, клетви и пцости на адреса на сите ѓаури.

 

Со сите тие што излегоа од реката, а такви беа малку, бунтовниците бргу се расправија и ги фрлија нивните трупови по река, а Суљо-ага, избезумен од случајот, веднаш го јавна својот арапски коњ, издавајќи им последната наредба на тие што беа околу него да се спасуваат назад, и со двајца свои најблиски сејмени дотрчаа околу сонце огревање во Прилеп и го побара кадијата да му го пренесе страшниот пораз.

Пред портата на прилепскиот кадилак дотрча брзо коњаник на црн арапски коњ под седло сиот со бела пена од брзото трчање. Од коњот рипна буљукбашијата Суљо-ага во широка бела флока, црвен елек, тузлуци и голема чалма на глава, вооружен со долг јатаган и чивте кубури за појасот. Го поздрави караулот на портата со еден „сабанаролсун” и му ја предаде уздата од коњот. Караулот отпоздрави и го прифати коњот, а Суљо отрча преку двор во конакот кај кадијата, оставајќи го караулот да го држи коњот и да ја врти главата зачуден, зборувајќи си за себе: бак! бак! Пак има нешто.

Калеш Анѓа (VI дел)
КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот – единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.

Околу масата стоеја наредени столчиња, на средето од собата се наоѓаше „црниот стол” на кој седеа обвинетите, a крај ѕидиштата миндери за мезличарите и други пријатели или службени лица.

Вратата се отвори и полека, на прсти влезе неговиот гаваз Аќиф во сејменска облека и направи длабоко темане, проговорувајќи во исто време:

– Гласник од Мариово, честити кадија – и ја задржа наведена главата и десната рака на градите во знак на послушност и готовност да ги изврши сите кадиини наредби.

Кадијата се тргна и се опули во гавазот, па некако изненаден праша:

– Гласник од Мариово? Каде е?

– Евет, кади ефенди – одговори гавазот. – Еве го пред вратата, чека да го примите.

Кадијата очигледно се развесели и пред да даде заповед да го пушти гавазот и гласникот, си приговори за себе:

– А-ха! Сигурно Суљо ги води разбојниците или ги носи нивните глави – па некако сомнително додаде: – Колку толку бргу сврши работа? – а кон гавазот: – Пушти го нека влезе – изусти и почна да си ја прибира косата под чалма и се поисправи на столот.

Гавазот излезе и веднаш се појави на вратата Суљо-ага. Co длабоко темане и тој го поздрави кадијата како гава-зот пред малку.

– Сабанаролсун, сабанаролсун, Суљо-ага, бујрум. Кога толку бргу се врати?

Суљо го слушаше пријатниот поздрав и некако, знаејќи дека ќе го разочара и разлути кадијата со својот неуспех, го скисели лицето и му одговори:

– Штотуку слегов од коњот, кади баба, имам од злогласното Мариово, абер.

– Знам, де знам. Бујрум, ѓел, отур бурда – го покани покажувајќи му го столчето од неговата десна страна. – Седи да ми раскажеш, ги дотеравте тие пезевенци или главите ги донесовте? Арно бргу, машала, свршивте работа? – го праша кадијата насмевнато уверен дека Суљо-ага, буљукбашијата, на вчерашната „казнена” експедиција, или ги дотерал мариовските бунтовници, или пак нивните глави му ги донесол, та да се ослободи еднаш од тие „пезевенци”.

Но Суљо не само што не седна, ами ја наведна понизно главата и со длабока воздишка, почна да се правда:

– Ни едното, ни другото, кади ефенди! Кадијата пламна и рипна од столот:

– Како? Мојата заповед не се исполни? – тргна и му се приближи на Суља. My ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи:

– Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија? Колку ќесија зеде, а? – и почна да му ја тресе големата глава од која падна црвената чалма.

– Ама, кади-ефенди! Ни пари видов, ни пари зедов, но, ете, со тие шејтани не се излегува на крај. Местото им помага, луѓето се итри, храбри, па дури и дрски, та ништо не можевме да направиме – почна да се правда Суљо, земајќи ја чалмата од душемето.

– Е, како не можевте? – праша разбеснет кадијата. -Сите ве истепаа, што ли? Колку што се тие разбојници та сто души сејмени што не можевте да ги налегнете?

– Колку се, што се, не може да се разбере. Колку што ги има во Мариово, сите се разбојници. Дење ораат, копаат, а кога стане нужда сите се на нога со оружје в раце. И не само тоа. Мошне се лукави. Ете, ако имаш милост да ме ислушаш да ти раскажам како не насамарија. со итрина, не да речеш со јунаштина. – И почна да му раскажува како поминаа сношти на мостот:

– Разбрале. синци мај чини, дека ќе преоѓаме ние преку Црна на Светецот. Знаеш, кади баба, по твојата заповед таму отидовме, а таа пустина надошла од дождовиве од брег до брег. Ни се гази, ни се плива, та решивме таму да им преминеме. За да не не дочекаат и истепаат на мостот, решивме вечерта по темница да го минеме. Арно ама, тие се сетиле пред нас и беа си ја свршиле работата. Уште дента ги насекле диреците на тој пустина, и кога се качија моите луѓе, слушнавме само една бесна викотница и залп од двете страни од врбјаците, а мостот сосе педесет – шеесет се урна во реката. Излегоа само пет-шестина на овој брег, а другите отидоа по реката надолу. Ние што бевме одовде река, уште некачени на мостот, пропукавме и се собравме ноќеска преполовени и јас го јавнав коњот да сторам абер. Карал, бил, бисил, така поминавме овој сефер, та до реда ала што ќе поможе, ако се нафати некој да оди во тој змијарник – го заврши Суљо-ага своето правдање за неуспехот.

Кадијата се намурти, ја наведе главата, си ја помазна брадата, почна да си го поткаснува десниот мустак и зашета низ одајата, очигледно растревожен за неуспехот на неговите луѓе. Се врати пак кон Суља и како да се присети нешто, го фати за елек:

– Знаеш што, Суљо-ага – му рече и пак се замисли. -Оваа работа не е мала работа. Ете двапати како ги бркавме тие пезевенци и не можеме да ги фатиме. За оваа работа јас сакам да чинам абер лично на нашиот падишах. Вака, оваа година прати педесет – сто души, изгуби ги половината, до година пак, ќе разбере тој и сите ќе не избеси. Ами ќе му сторам абер нека знае и тој, и што ќе нареди – тоа ќе правиме. И… се плашам ќе ги заразат тие арамии и комшиите, та ќе си имаме уште поголеми главоболии. Туку… ќе одиш ли ти до падишахот во Истанбул да носиш книгата и да му раскажеш што луѓе се тие Мариовците?

Суљо се наведе колку што можеше кога кадијата му го напомна падишахот, и понизно одговори:

– Аман, кади баба, кабул да не чиниш да ме праќаш мене дури до Истанбул. Кај јас знам да влезам кај нашиот господар? На пат ќе останам како сум невешт, а камоли што не ќе можам работа да свршам и ако отидам таму.

– Сус, бре, ќерата?! Ете какви сте вие моите слуги. A зошто те хранам јас тебе, да служиш, или да молиш како баба? Најпосле… ти нема и што да знаеш. Ќе јавнеш коњот, за една-две недели ќе отидеш. Ќе прашаш, палатот на падишахот, фала богу, секој го знае. Ќе ја однесеш книгата, таа ќе зборува. Така ќе направиш. Ајде оди, готви се. Утре тргнуваш! – му нареди кадијата на Суљо и го испрати до вратата.

Овој се исправи, направи темане и излезе назаднички.

Кадијата се врати на своето место, зеде книга и орлово перо и почна да пишува:

„До пресветлиот господар калиф, падишах султан Сулејман, законодавец – Истанбул.

Од мене понизниот слуга твој кадија прилепски понизна молба и прочка до тебе, пресветли мој господаре и татко. Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време. Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што:

Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник -тебе пресветли царе. И тој три не е еден, пресветли царе, ами цел вилает од дванаесет села со пет илјади души. Тие ѓаури откажаа да се потчинат на твоите свети закони и наредби и дигнаа рака на твоите правоверни слуги. Еве веќе десетина – петнаесет години како се борам со нив, белким некако ќе ги смирам, со арно, со лошо, но тие повеќе се силат и нема година да не испратат кај големиот пророк со десетици наши муслимани. Разбојниците од ден на ден, од година на година, се посилни и подрски стануваат и на нивниот пример се угледуваат и други соседи, така што претстои опасност целата раја во овој дел од големата царштина да се зарази со нивната дрскост. Барам, свети царе, совет и помош како да постапам за да се уништат овие разбојници.

Водачите се: некојси Димитрија Стале од село Сатока, поп Димитрија и Мате Никола од село Пешта, Стојан Пео и поп Јаков од село Старавина. Тие да се фатат или погубат, верувам ќе се смири рајата од тој крај.

Слугава по кого го праќам писмово е еден од спасените наши луѓе во последниот нивен злостор и тој може да ви раскаже потенко за оваа работа.

Дадено на буљукбашијата Суљо-ага, 4 шевар 959 година во Прилеп”.

– Така – издивна длабоко кадијата и се исправи та го препрочита уште еднаш писмото на глас, го здипли, го врза со една шарена врвца и двата краја од врвцата ги потпечати со восочен печат, па почна да си зборува сам:

– Знам дека ќе го налутам, ама ако разбере од друг, сигурно ќе ме обеси. Вака, ќе му кажам најпосле – и сакаше да стане и да излезе, но се присети нешто и плусна со рацете:

Влезе гавазот и со вообичаеното темане поздрави.

– Бујрум, кади баба.

– Тука е Суљо-ага, Акифе? – го праша кадијата.

– Тука е, кади баба.

– Ја бргу викни го да дојде!

Акиф излезе и по кратко време влезе Суљо. Направи темане и застана до врата да ја чека наредбата. Кадијата стана со писмото во раката, му се приближи и осорно му го подаде.

– Ha! Земи! Утре уште в зори да тргнеш. Ќе чекам абер. Ако те викне падишахот кај него, да му раскажеш се по ред како мене што ми раскажа. Разбра?

Суљо пак направи темане и испушти едно придушено:

– Разбрав, кади ефенди!

– Е, ајде сега. Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.

Калеш Анѓа (VII дел)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и се што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.

Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи. Од друга страна пак, од верски фанатизам, не сакаше да се жени со иноверка се додека таа не ја прими исламската вера. По таа причина единствениот пат да ја има Анѓа како вистинска анама, беше нејзиното потурчување. Затоа тој беше принуден многу претпазливо да постапува со неа. Во почетокот, кога Суљо-ага ја донесе, кадијата и препорача на субашицата Ајша многу љубезно и внимателно да се однесува кон Анѓа:

– Ќе ја гледаш поарно од родена ќерка. Многу ме бендиса и сакам да биде моја прва анама – и рече и не испушташе момент да не ја искаже својата наклоност кон младото девојче.

И определи засебна соба најудобно уредена; и направи најубава облека, скапоцени срмени влечки, накити какви што имаше на времето најубави и најскапи и и наложи на Ајша да почне со кандисувањето.

Ајша почна прво со облеката:

– Види што елече ти купи кадијата? Ами димииве, појавчево – чиста свила и срма. Ама треба да умееш да ги спечалиш, та да ги носиш. Само да ја мениш врата, тие ќе бидат твои. И се друго што ќе посакаш, ќе ти купи. Добар е нашиот кадија; од сонцето е подобар – и зборуваше Ајша на Анѓа уште по десет дена од доведувањето во харемот.

Но Анѓа од самото пленување во Чаништа толку се уплаши, што ниту писна, ниту заплака. Срцето и се стегна и таа, од едно длабоко издивнување, други знаци на отпор не покажа.

Анѓа се потресе кога ја крена Суљо в раце и целиот пат до Прилеп беше во полусвесна состојба. Дури кога остана сама во одајата, си го протри челото, се пораздвижи и се созеде.

– Каде сум, господи, јас? Какви се овие постели, душеци, килими? Каква е оваа куќа што не прилега на нашата? На гости кај вујка во Чаништа? – се замисли и почна да ја разгледува одајата на сите страни, па веднаш си одговори: -He, не! И вујковата куќа е како нашата, со огниште и баџа. Оваа е туѓа куќа, ако е куќа. В црква да сум? – си помисли за миг, но веднаш се сети дека од црквата ја изведоа сејмените и ја дотераа на срет селото. И тогаш и излезе целата слика пред очи. Ги виде сите собрани луѓе; младите изврзани, старците претепани. Го виде и деда си Богдана како го моли нешто кадијата, а овој мава со грбачот по него дури не му го предаде на еден сејмен и овој го налегна и замавна со една букова суровица. Анѓа тогаш спиште и се фати за очи, а во тој миг ја грабна преку половина и ја крена в раце. Кога ги отвори очите, го виде оѕвереното Суљово лице наднесено над нејзиното. Толку ја уплаши тој ѕверски сурат, што не можеше ни да се издиши, а камоли да викне, уште помалку да покаже некаков отпор. Очите и беа отворени, но виделото и се зеде, ушите силно и забучија и наеднаш почна се околу неа да се врти. И целиот пат до Прилеп како вреќа стоеше на самарот од коњот. Неколку пати се настрани да падне, но двајцата семејни што ги определи Суљо да пазат, навреме ја задржуваа едниот од едната, другиот од другата страна. И така ја донесоа, ја растоварија во дворот и ја качија на конакот.

Сега Анѓа се освести и виде каде се наоѓа.

Таа немаше влезено во турска куќа и не знаеше како изгледаат тие, но беше слушала од постари жени, та се присети каде се наоѓа. толку повеќе што веќе се освести и си ја претстави целата слика од пленувањето.

– Во турска куќа сум, се гледа – си рече во себе и тешко се натажи. – Што ли ќе прават сега со мене? Ќе ме потурчат, што друго! – сама си одговори и веќе солзите сами навреа и почнаа да течат низ црно – црвените образи. Тие извираа како порои и ја кинеа Анѓината млада душа, но таа цврсто си стискаше забите, си ја корнеше црната бујна коса и со поглед втренчен во таванот на одајата викаше:

– He, не! – Само тоа не! Главата да ми ја пресечете, нема да се потурчам.

И не се излага Анѓа. Токму прво се потурчувањето требаше да се сврши работата, па после имаше да дојде сето друго со ред. Затоа и кадијата и нареди на Ајша прво со тоа да почне – да ја кандисува да се потурчи.

Но кога Ајша и ја покажа облеката, Анѓа ја изгледа напорки, плукна како да виде најгнасен предмет и го сврте лицето на спротивната страна од Ајша. Кадифето, срмата и златните токи и копчиња на елечето како и на коланчето и се сторија вистинска гнасотија и таа не можеше да ги држи очите во нив, зашто и се збуричка од дното на утробата. Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за „турска”) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.

А кога Ајша и рече дека ќе може да ги облече само ако се потурчи, Анѓа го зацврсти своето решение: да умре, но да не се потурчи, токму затоа да не ги облече тие смрдливи алишта. И, наместо да ја примами скапоцената облека Анѓа да се кандиса, таа изигра сосема спротивна улога. Затоа со два збор и даде на Ајша да разбере:

– He ми треба мене друга облека од мојава. Јас сум си учена на селската; не ми прилeгa таа што ми ја даваш. Селанка сум родена, селанка ќе си умрам. А, колку за потурчување, кажи му на твојот „добар кадија” дека робинката Анѓа главата ќе ја даде, ама верата не си ја менува; што сака нека прави.

– Што вели, Ајшо? – тоа беше секојдневното прашање што и го поставуваше кадијата на Ајша уште од прагот на вратата кога си идеше од работа.

А Ајша не можеше да го израдува. И таа му го повторуваше Анѓиниот одговор: „каурка сум се родила – каурка ќе умрам. Главата ја давам – верата не си ја менувам”.

Кога Ајша ни по два-три месеци не успеа, кадијата реши да се послужи со една од своите кадани, која по овој истиот пат беше дојдена во неговиот харем. Но таа ги немаше Анѓиниот карактер и волја, бидејќи беше ќерка на чифчија – роб, та не знаеше дека Турците се нивни гос-подари и што сакаат можат да прават со чифчиите, та дури и да ги продаваат. Затоа кога кадијата нареди да му ја одведат во харемот, никој не помисли ни да се противи. Напротив, сите од дома ја испратија со озарени лица, надевајќи се и на извесна помош од кадијата преку неа. Таа никаков отпор не покажа кога Ајша и ја донесе облеката, ја преслече и ја забули и по два дена се откажа од својата вера, за која и таа малку знаеше, та кадијата ја озакони и таа стана негова најмлада анама.

Затоа кадијата ја викна насамо најмладата своја кадана Мигар и и нареди:

– Новата твоја посестрима што ја доби од Мариово уште се тегави; нејќе да се потурчи. Од тебе сакам да ја кандисаш, а за тоа ќе добиеш голем бакшиш, – рече и и фрли цело ќесе аспри. – На, земи ги овие пари и прати му ги на татка ти, нека си купи што му треба за децата.

Мигар тука беше слаба. Се правеше, да му помогне со нешто на татка си. И сега, макар колку да и беше криво што ја „клоцна” кадијата заради Анѓа, таа не ја мразеше ни

Анѓа ни кадијата. Така беше клоцната таа пред неа заради неа. Та, ете, и дојде редот и нејзе да биде клоцната заради таа што требаше да дојде по неа. Ништо неправедно во тоа не гледаше Мигар, затоа се согласи. Ќе му направи на кадијата услуга за која, ете, тој уште несвршена работа, богато ја награди со цело ќесе пари. Ја научи кадијата и како да постапи:

– Ке гледаш да се спријателиш со неа и ќе и ги пока-жеш сите бакшиши што сум ти ги накупувал и дал. Ќе и речеш дека нејзе двојно и тројно ќе и купам, да видиме што ќе рече:

И Мигар почна да влегува кај Анѓа богато облечена и нагиздена:

– Me гледаш како сум облечена, нагиздена, наконтена? – и зборуваше и се вртеше за да ја види Анѓа од сите страни. Го нишаше стројното тело да се шират димините и да тро-паат токите на елечето. Co особено задоволство и го покажа ѓерданот на гушата, белегзиите и прстењето на рацете и почна да ја кандисува и таа како Ајша:

– Потурчи се, будала, за две-три години кадијата ќе биде само твој и се што ќе посакаш, ќе ти купи и ќе ти донесе. А ти сакај му скапи работи, еве вака како јас што го замолив и остригов за тие три години. Имам да носам и да живеам сто години. Ќе ти даде и суви златници да ти се најдат за стари години. А ќе можеш и на твоите дома да им потфлиш по некој. Што ми е мене што се потурчив? Што изгубив од тоа?

Така ја кандисуваше Мигар Анѓа без да се тревожи што го мени името од Митра во Мигар. Нејзе и беше сеедно дали ќе ја викаат Митро или Мигар: дали ќе има Рифат-бег на село или Арслан-бег во градот. Дури некако и дојде кај кадијата поујгун што не одеше на никаква работа. Навистина и другите бегови не ги тераа анамите на работа в поле, ама сепак в село се наоѓаа работи и за нив подома. А овде кај кадијата од едно лежење, јадење шенлук друго немаше што да работи. Ја заболе малку кога кадијата ја доведе Анѓа на нејзиното место, но еве пак неа ја викна да ја наговорува сега таа Анѓа, а тоа значеше дека ја нема сосема клоцнато. И, не само што не ја има сосема клоцнато, ами, ете, и цело ќесе пари и даде и ќе и дава ако му оди по ќефот.

Анѓа ја изгледа потурчената Митра со сожалување. Ги виде сите подароци што и ги накупувал кадијата и почна да ја прекорува:

И за ова ѓубре ја мени верата? – и рече и се заврте надесно – плукна.

– Какво ѓубре, будала една, не гледаш дека е се од свила и кадифе? А златово? Каде ќе најдеш ти кај нашите вакво богатство? – и одговори Мигар со големо чудење што ги нарекува Анѓа свилата, кадифето и златото ѓубре. Но таа го повтори и по трети пат тоа.

– Ѓубре е сето тоа, сестро, ѓубре според врата и сло-бодата. Според душата. Што мислиш, кај ќе оди душата на тој век? – продолжи Анѓа.

Ех, душата! Душата си е душа. Јас да поминам овде, та таму… рече Мигар рамнодушно за судбината на нејзината душа.

– Добро, да ја оставиме душата ако не ти е гајле за неа, ами овде што велиш да поминеш; помин ли е овој во четири ѕидишта? Те имал кадијата, велиш, три години, ти накупувал бакшиши и сето е тоа. Што мислиш, што ќе биде отсега натаму со тебе? А млада си, ете, одвај што си почнала да живееш и веќе си на буништето од кадијата. Ке ја трпиш ли довек смрдеата што се испарува од него? Но изгледа ти не ја чувствуваш таа смрдеа, та ме кандисуваш и мене да се потурчам за да бидам пак јас две-три години негова. Ке ми накупува и мене бакшиши како тебе и на тие пред тебе и… ќе ми ја даде клоцата и мене; ќе ме исфрли и мене на него-вото буниште да се скапувам. Што ме чека тогаш?…

Мигар се замисли длабоко и, очигледно се натажи. Ова младо девојче не зборуваше како што треба. Та, секоја каурка од чифлизите сметаше за чест да стане беговска по-сестрима, а не анама на самиот кадија под чија власт беа сите бегови од нахијата. А оваа разврза некакви будалски зборови за вера, за душа, за слобода. Каде се тие работи? Какви се всушност? Мигар ги немаше дотогаш ни слушано, а камоли да размислуваше за нив.

И наместо таа – Мигар – да повлијае на Анѓа и да ја наговорува да се потурчи, Анѓа нејзе и откри една вистина од која оваа се потресе. Продолжи да доаѓа кај Анѓа, не да ја наговорува да се потурчи, ами да ги слуша нејзините слатки зборови за она што се разбуди кај неа.

Анѓа и исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле и ја откри младата душа до нејзината длабочина и и кажа дека има прво либе.

– Ех – издивна Анѓа длабоко – не знаеш ти какви мор-ници ја опфаќаат снагата, какви мравки ја полазуваат, како зоврива крвта во тебе кога за првпат ќе те прегрне тој. A при првиот бакнеж – свеста ти се губи… Сето ова може ли да го замени тоа ѓубре што ти го накупувал тој стар вампир?

Митра ја удри главата ничкум и длабоко се замисли. Постоја така неколку минути и наеднаш и се фрли на Анѓа во прегратката. Оваа ја гушна и двете се разлипаа со порои солзи по образите.

Кога се изнаплакаа убаво, Митра почна да се чуди, a потоа, сосема преобразена, и го раскажа пак таа на Анѓа своето детство и помина на чифлигот:

– Кај нас пак на чифлизите ништо нема од ова што го раскажа ти. Работиме на беговите ниви, ливади и градини воловски, од зора до мрак и леб не сме најадени асолно, a веќе за некаква облека и обуш и збор не станува. Ќаата од бегот секое утро со грбачот ги брка сите на работа. Дали некој може ли не може да работи, никој не го праша. Гр¬бачот е исто што и остенот на воловите. Ако некој капалдиса и легне во браздата или постата, ќаата ќе му се изнамава до смрт. А ако и умре, никој нема што да му каже ниту некому да се поплаче, така му е заповедано од бегот. А луѓето се, како и воловите, бегова стока и што сака им прави. Ете затоа јас се кандисав да се потурчам; да не го тргам тој воловски живот; ама еве овдека пак паднав на полош, пчошки, што ми го откри ти сега. Таму по полето барем сонцето ќе ме грееше, а овде и тоа е зајдено за мене. А веќе дека душата ја фрлив во ќенефот, тоа сега го гледам, но не гледам некој спас. Блазеси му на вашите што немаат бегови над главите. Сега разбирам зошто не сакаш да се потурчиш. И имаш право. Држи се дури можеш, белким ќе те куртули господ тебе, та моето веќе отиде…

Од таа вечер Мигар го измени својот карактер. Почна и таа да не му го прави ќефот на кадијата. Почна да се мурти кога ја викаше кај него, да се прави болна и нерасположена. Помина во очаеност и хистерична нервоза, дури еден ден не ја најдоа под пенџерето здробена. Рипнала ноќта од прозорецот и се здробида на калдрмата.

Кадијата ја понамириса работата.

– Сигурно ова новово ја има маѓепсано кога разго-вараше со неа да се потурчи – си рече во себе и реши сам да се обиде да ја наговорува Анѓа.

„Ами ако е навистина некоја маѓесница, вештерка и мене да ме натера да рипнам од пенџер? – се праша во себе суеверниот кадија и се стресе, убеден дека и такви има на светов.

„Што знаеш што ѓавол се крие во него толку што за-пиња” – си мрмна и реши претпазливо да постапува со Анѓа.

Отиде неколку пати кај неа со сите оние бакшиши што и ги носеше Ајша, но Анѓа и нему му ги рече истите зборови. И се закануваше со сила да ја обесчести, но таа со два збора му одговори:

– Ако не ти е мил живот. де бакалум!

Овие зборови уште повеќе го „убедија” дека девојката е маѓепсница и може да му напакости и на животот како што и направи на Мигар. Затоа пак и ја остави на Ајша.

– Ти што ќе направиш, направиш: само гледај умно со марифет. Оваа со сила не можеме да ја кандисаме. Ѓаволот е во неа – и рече и однесе уште толку подароци.

– Земи ги, мори будала, земи ги; ќе ти се најдат на стари години да не служиш некаде вака како мене, – и повторуваше секој ден Ајша, но Анѓа веќе не и обрнуваше никакво внимание. Седеше или лежеше во својата темна и мрачна одаја, уплакана и отепана од судбата, но не и скршена, беспомошно очајна. Од дното на душата нешто ја тресеше, се надеваше на некаков спас од тешката положба. Од каде ќе дојде тој спас, не и беше јасно, но постоеше во неа надеж и таа машки се држеше пред кадијата.

„Ако дојде за умирање – ќе умрам ама не се потур-чувам, ниту пак станувам негова кадана. Нека оди снагата на пците, барем душата ќе си ја запазам. Мајка ќе ми раздаде за душа, татко ќе ми запали свеќа и попот ќе ме спомене в црква, ако не на гробот. Ке го најдам на тој век деда ми Богдана, а другите – татко, мајка и Јован – ќе ме најдат тие кога ќе дојдат кај мене на тој свет”, си мислеше таа во долгите темни ноќи и ја зацврстуваше својата волја да издржи докрај.

При последните мисли и отиде умот на Ангелета:

„Дали ќе го најдам и него таму? Што станува со тие што ја менуваат верата? Сигурно него го имаат насила по-турчено” си рече и премногу се натажи што нема да го најде кај христијанскиот господ.

Овие прашања и дадоа многу грижи, но и и го пот-крепија решението да не се потурчува. Таа многупати слу-шаше в црква проповеди од стариот поп Јакова и не беше баш сосема неупатена во верските работи. Во времето кога Турците сакаа да им ја наметнат на покорените народи својата вера, на поповите како најглавна задача им беше да ги одвратат своите верници, од тој грев. Затоа и поп Јаков тоа прашање често го поткреваше в црква и на свој начин.

со свој јазик им го објаснуваше на своите селани во кои спаѓаше и Анѓа со своите родители. Поп Јаков им велеше: „Тој што ја менува својата вера, никој на тој век не го сајдисува. Ако се потурчи христијанин, кога ќе отиде „горе”, ќе сака да отиде кај Мухамеда. Мухамед ќе го побара во своите ќитапи ќе види дека таков Турчин нема родено на земјата, та ќе го напади; не го пушта во неговиот рај. Кога ќе отиде кај Ристоса, овој ќе види дека и тој навистина бил негов, ама се откажал од него и тој го избришал од своите тевтери, та и тој ќе го напади. А кога ќе се врати пак кај Мухамеда да му докажува дека го напуштил Ристоса и пре-шол во неговата вера, тогаш Мухамед уште полуто ќе го измаршира и ќе му рече: „Не ми требат мене предавници; оди кај сакаш!” И така таквиот ќе скита во нирваната додека, преку разни маки, не си ја исчисти душата од предавството”.

Така поп Јаков им ја објаснуваше на своите верни положбата на душата на тој век од тие што ја менуваат ве-рата. И тоа фаќаше место. Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: „Снагата некајајадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта”. А веќе ако дојде дотаму да ја при-сили со некоја сила, таа немаше што да се плаши и да се чувствува одговорна. Ристос гледа и нема да се откаже од неа кога ќе отиде кај него.

Кога виде кадијата дека со никакви бакшиши не може да ја соблазни, со сила не смееше, плашејќи се да не е маѓеп-сница и вештерка, какви што по тоа темно време ги имаше кај сите религии, реши да го измени режимот спрема Анѓа.

– Отсега, само леб и вода на оваа кучка – и рече јасно и гласно на Ајша, така што и Анѓа го слушна. – Никаква милост спрема неа. Нека сети каде се наоѓа…

И Ајша наеднаш се претвори во ѕвер. Дотогашната љубезност таа за миг ја преврте во суровост. Почна бесми-лосно да ја мачи. Никаква постела не и остави во одајата;

од еден сув леб и вода ништо друго за јадење не и даваше. a ја тераше дење да пере, да мете, да чисти и ред други домаш-ни физички работи да работи. За да ја понижи пред другите кадани, ја тераше да им носи ручек, да ги служи со шербет и слатки, да им стои простум додека тие ручаа или вечераа, a овие се однесуваа кон неа како кон обична нивна алајка. По наредба од кадијата, ја навредуваа со зборови, и ја пцуеја верата и законот, та дури и шлаканици почнаа да и удираат под разни изговори.

Ја водеше Ајша секоја вечер во харемот каде што се приредуваа веселби, смеи, кокотења, песни и ора, но не да се весели Анѓа со другите кадани, ами да ги служи и да им стои диван. Тогаш Ајша сакаше да го искористи во наговору-вањето, затоа, по свршената работа доцна навечер, не забо-раваше да и натолчи:

– Потурчи се, мори будалче, потурчи се да живееш како нив. Ем уште поарно. Кадијата ќе биде само твој; ќе ти купува се што ќе посакаш, и сите овие сега што те навредуваат, ќе ги натера да паднат пред тебе и да ти служат. Што сакаш повеќе од тоа?

Но Анѓа не ја ни слушаше. Пребргна веќе од тие зборови и само одеше кај што ја тераше Ајша без да и проговори ни збор.

– Занеме, кади баба, пребргна! Збор од уста не пушта веќе, a се слуша и работи што ќе и наредам. Само кога ја навредуваат анамите чкрта со забите и си ги поткаснува муц-ките – му велеше Ајша на кадијата кога ја прашаше како оди работата со Анѓа откако го промени режимот спрема неа.

Кадијата ја вртеше главата зачудено и се надеваше времето нешто да измени кај Анѓа, но еве го фати петнаесет месеци, ни чекор напред не се забележува. Најпосле вечерва, налутен на Мариовците за Суљовиот неуспех, лошо и се закани:

„Ако и сега одбие, сама нека си го носи гревот. Ќе ја запалам жива да изгори”.

Калеш Анѓа (VIII дел)
КОГА СИ ОТИДЕ КАДИЈАТА дома, ја најде портата затворена, а во конакот веќе беа запалени свеќите и светеа прозорците од горните одаи преку решетките.

Тропна со железото на портата и бргу слушна глас одвнатре:

– Кој е?

– Јас сум, Сефедине – му се кажа кадијата на својот домашен слуга, Сефедина.

Кадијата си влезе, а на портата ја појави голата глава Сефедин, стар Турчин, разгледа горе-долу по улицата и ја затвори портата. А кадијата се качи на конакот и се најде во една од неговите одаи богато наместена по ориенталски. Се позаврте лево-десно, се огледа на огледалото и плусна со дланките. Влезе Сефедин.

– Повели, кади баба!

– Викни ја Ајша, Сефедине!

Сефедин излезе, а кадијата се навали на еден од ди-ванте, па лежерно и длабоко издивна. Намуртен и нераспо-ложен, почна сам да си зборува:

– Mope ќе ги требам оние трње во Мариово, ако ниш-то за друго, за инает на оваа ѓаурка Анѓа, бре! Тврд милет анани… ана. Речиси година и пол ќе помине и никако не кандисува да се потурчи. Жими вера, уште вечер, ако не кандиса, со катран ќе ја сварам… He! Таа мора да биде моја анама. Таков цвет Арслан не фрла во катран. Ке ги дотерам татка и, брата и? мајка и, сета нејзина роднина пред неа ќе го викнам џелатот. Рече ли тогаш „нејќам” ќе им го тргнам ножот на сите да гледа, а после и нејзе. Така ќе направам.

Во тие мисли вратата се отвори и на неа се појави стара жена – Турчинка со бела коса, боса на влечки, во широки шалвари. Уште од вратата направи темане и про-говори:

– Повели, кади баба, си ме барал?

– Те барав, Ајшо, како секоја вечер. Што стана со таа наша ѓаурка? Ке прими ли исламот или уште се тегави? Сакам еднаш да се облажам од таа ѓаурска јаготка. Гледаш што цреша е пезевенката? Ама многу тегава – ја праша ка-дијата субашицата Ајша и стана од диванот, та тргна кон неа.

– Ништо не бидува, кади баба. Како секој ден и де-неска. Што не и зборував, што не и ветував. И однесов едно ќесе пари, една низа алтани. Најубавиот бисер и облека само од срма и кадифе, но таа од едно плачење ништо не знае и нејќе ништо да земе. Вели само едно исто: „Овде е танко, сечете, ама верата не си ја менувам”, и покажува со раката на гушата и вратот.

– Е! И рече ли ти дека кадијата прати сејмени да ги врзат и дотераат татко и, мајка и, брат и, а ако не кандиса ќе ги погубам?

– Се и реков кади баба, како што ми рече ти!

– А таа?

– Право да ти кажам, изгледа да е мрдната малку од умот. Место да се натажи, таа се насмевна на тие зборови.

– Види, види! Се смее зашто ќе ги погубам родителите и брата и, а?

– Се насмевна кади-баба, и рече само два збора: „Ако ги фатат”.

Овие зборови како со кама го прободеа кадијата. Тој спомна за вчерашниот неуспех од Суљовата тајфа, тропна со ногата и речиси пламна:

– Е, ќе ги фатам, па да знам сите сејмени што ги имам да ги прежалам. И на нејзини очи ќе им ги пресече џелатот главите со секирата! – Пак тропна со ногата и зашета нер-возно низ одајата. Отиде до еден од прозорците замислен во себе и кога се врати назад како да е присети нешто, и се обрна на Ајша:

– Знаеш што, Ајша! Вечер ќе ја донесеш вечерата во храмот за сите. И јас ќе вечерам со каданите. Имаш добра вечера?

– Имам како секогаш. При животта твоја кога сум немала јас вечера? – одговори гордо Ајша.

– Е, добро. Ке наредиш сега да се нагиздат сите кадани како за бајрам. Вечер јас ќе им бидам гостин. Ке им донесам бакшиши, а тие ќе се веселат околу мене. Знаеш како одат тие работи, нели?

– Знам, знам. He ми е севте мене да работам во хареми! Ти само речи што сакаш, се ќе направам.

– Добро. Оди сега, бркај работа и по еден-два саата да ме известиш.

Ајша излезе, а кадијата пак се навали на миндерлакот и длабоко се замисли, па почна да си зборува за себе

– Реков дека ќе ги фатам и ќе ги погубам татко и, мајка и, брат и. А таа што рекла? „Ако ги фати”. Токму таа е бељата, ако ги фатам. А кој ќе ги фати во онаа пустелија кога сите мои луѓе се враќаа без успех?… Ке се обидеме. Или тие мене, или јас нив – се закани стариот кадија и зачека со нетрпение да го извести Ајша дека вечерата е готова.

Најпосле таа влезе.

– Готово е, кади баба – му рече и се тргна од вратата. Кадијата стана, ги позасука своите мсутаќи, си ја помазни брадата, ја направи да не му е многу испупчен грбот, пак се огледа во огледалото, и излезе од одајата, та се најде во харемот свој кој горе-долу вака изгледаше:

… Голема одаја, богато ориенталски наместена. По-слана со персиски килими. Во сите ќошеви крај ѕидовите миндерлаци покриени со свила и кадифе, меѓу нив столчиња исто со кадифе тапацирани, а на чело на одајата дебела мека постела во ширина од три до четири метри. Во одајата единаесет млади жени, која од која помлада, поубава и по-гиздаво облечени, наконтени, набелени, нацрвени по ори-енталски. Две од нив се истегаа на еден од миндерлаците со допрени глави една на друга, други две лежеа на други два миндерлака со по една крај нив седнати на столчиња и тивко си шепотеа нешто. На постелата се валкаа полулегнати, другите пет жени и си ги поправаа една со друга косите, си ги цртаа веѓите, клепките. Жубореа како рој пчели во кош-ница и сите се приготвуваа за свечен пречек.

Врата се отвори и на неа се појави субашицата Ајша. Сите ги фрлија во неа очите, чекајќи да влезе и некој друг вечерва. Како со трн убодени, сите жени нарипаа од своите места и набрзина направија редица од двете страни каде што треба да помине кадијата. Така наредени ги наведоа главите во знак на понизност а кадијата излезе пред Ајша, која се тргна од вратата и достоинствено испушти:

– Што прават моите самовили? За сите одговори Ајша:

– Го чекаат добриот кадија да ги погали.

– Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси. На една од средето и ја поткрена главата и ја потштипна по црвениот образ; на друга во другата редица и ја разбушави косата; третата ја фати со двата прста за ср-меното коланче и ја позаниша, а последното, најмладото од сите го плесна по образите со двете раце и му го поткрена брадулето. Дојде до постелата и се заврте кон жените, кои тргнаа по него во две редици, па им заповеда:

– Ајде сега, слободни сте. За инает на една ѓаурка сакам оваа вечер веселба каква што досега немало. За мерак – a кон Ајша:

– Ајшо, се најблаго, се најслатко за вечер. Каурката да служи.

– Разбирам, кади баба – одговори Ајша и излезе низ врата.

Сите кадани се истрчаа кон кадијата и направија обрач околу него, притискајќи се една до друга која поблиску да застане до него. Тој ги дигна двете раце и им се предаде. Една од најблиските го прегрнаа и му се обеси на вратот и почна да го бакнува; друга му ја симна чалмата и почна да му ја бушави косата. Другите нададоа смеа и викотници. Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, хар-фата и дајрињата. Сакам песна, свирка и оро. Свири, пеј и играј, убавино, весели се дури си под заштита на прилепскиот кадија – им залепи по една целувка на двете жени што ги држеше на колената.

На неговите зборови трите од жените истрчаа кон еден ќош и ги зедоа обесените на ѕидот две дајриња, a харфата заѕвони ориенталска арија за игра.

– Халиле, оро – извика кадијата и погледна во една од тие што стоеја околу постелата.

Халиле се оддели од другарките, излезе насред одаја пред свирачките и кадијата, и почна да извива ориенталски игри. Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на ко-лената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчи-цата која се виткаше како змија низ трева.

– Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно. По него заплускаа и каданите, а Халиле уморена, се истрча и се ис-пружи до него на постелата, клавајќи ја својата мала гла-вичка на неговиот скут.

– Е, заслужи едно галење, џанам – и рече кадијата и почна да ја гали по косата и лицето, па се наведе и нејзе и залепи една целувка меѓу веѓите.

– Ајде сега Фахрие – изусти кадијата, и едната од тие што беа кај него излезе на средето. Се здружија уште четири од оние што гледаа. Се направи навистина самовилско оро, само не во планината кај студеното изворче, ами во салонот на прилепскиот кадија крај еден старец од педесет-шеесет години.

Во тој занес од свирки, песни, ора и ѕурење се отвори вратата и на неа се појави старата Ајша со скапоцен прибор за шербет. По неа влезе Анѓа? младо девојче – селанче, во мариовска облека, со црна шамија подбрадено. Младо како роса, калешо, добро развиено, стројно со потечени црни очи (очигледно од долго плачење) и натажено лице. По се изгледаше како отепано од судбината. Во десната рака носеше сребрен ибрик со шербет, а во левата кошница со гурабии, симиди и ѓевреци. Ајша и Анѓа застанаа до вратата да ги гледаат играорките. Co главата старата Турчинка пак и ги покажа полуголите жени и и намигна!

– Ги гледаш како се веселат? – Ете така ќе живееш и ти кај кадијата со песни и ора, ако се потурчиш.

Анѓа ја наведна главата и длабоко воздивна, а Ајша продолжи со секојдневните зборови:

– Лошо ќе ти биде? Ќе јадеш, ќе пиеш, ќе се веселиш како нив. Кадијата ќе ти купи таками поарни од нивните. Сите тие слугинки ќе ти бидат, а тие ќе заповедаш и ќе броиш алтани. Кажи, кажи дека ќе се потурчиш да му речам сега да ги натера сите да клекнат пред тебе и да ти се покло-нат. Ако не, ќе ги служиш вака со ибрикот дури си жива, a ќе ги изгубиш и родителите, и брата си.

Анѓа веќе по стотипат ги слушаше овие соблазни-телни и заплашувачки зборови, но тие се одбиваа како од тврда стена од нејзината млада душа. А сега, кога пред неа седеше стариот и облечен кадија, со бела брада и коса, кр-вави очи, чија жртва требаше да биде таа, срцето и препукна и одвај се воздржуваше да не рикне како ранета лавица и да му се фрли на непријателот да го раскине со заби и нокти. Пред очите и излегоа светите ликови на мајка и, татко и, брат и, а како последна утеха и излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, све-жина, бујност и убавина. Co стадото руди овци по перун-ските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опаш-ките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк. А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше:

– Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча Одбрани, либе, од волкот

Твоето рудо јагненце, – а очите и се навирија со солзи почна да и течат низ темните образи.

Нејзиниот очајнички глас ги задржа и свирачите и играчите, та сите ги свртеа очите кон вратите.

– Охо-хо! – се провикна кадијата гледајќи кон Анѓа.

– Убаво грло имала, машала, нашата нова анама. Повели, пиле, повели на постелата. Така де! Ја да те чуеме што песни знаеш да пееш? – и ги растера двете жени што беа крај него да направат место за новото анамче.

На место одговор, Анѓа ги тресна од земја ибрикот и кошницата и како стрела се изгуби од вратата.

Ајша писна изгорена од врелиот шербет и го испушти послужавникот со златните канчиња на него, та го дигна ибрикот со половината шербет во него.

Жените се собраа околу неа и и помогнаа, ги собраа истурените гурабии, симиди и ѓевреци, канчињата и се вра-тија кон кадијата. Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибри-кот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна

– Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго и се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата. Каданите го видоа кадијата намуртен и тие се сневеселија, но тој се поразведри и почна да ги теши:

– Гајрет, гајрет! Што? Се исплашивте од една ѓаур-ка?… Ајде, ајде на шербет ако остана – ги покани тој и сите ги наполнија канчињата и се собраа по две-три во групи да пијат шербет и да грицкаат од гурабиите, симидите и ѓевреците, шепотејќи секоја група за себе, за настанот со Анѓа.

He поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.

Кадијата им нареди на каданите да наседнат на дивани-те и да гледаат сеир. Сам отиде кај Сефедина и му нареди да ја исправи Анѓа на ѕидот и да се тргне настрана до Ајша, па отиде во еден од ќошевите и ја симна тамбурата. Почна нервозно да свири и преку познатата песна: „Мори слушај, слушај, Калеш бре Анѓо, што тамбура свири”, да ја праша и наговорува.

Кога ја слушна и последната строфа од песната, ја запре свирката и ѕверски и се впи во очите: зовре од гнев и лутина, та замавна и силно ја удри со тамбурата по глава. Тамбурата се распрсна на парчиња, а од главата шурна крв и и го облеа лицето. Но Анѓа остана мирна крај ѕидот. Само долните усни и се затресоа, но таа и нив ги накаса со белите заби и оттука бликна крв.

Кадијата направи еден круг по одајата. По сите миндер-лаци каданите, следејќи ја песната од кадијата и одговорот на Анѓа, занесено слушаа. Но кога ја удри, неколку од нив писнаа, и гледајќи ја крвава Анѓа, ги завртеа главите кон ѕидот. Тоа го налути кадијата и на нив, та им подвикна

– И вие ја жалате оваа песја вера? На нозе сите, и секоја да и удри по една тупаница по муцки и да и плукне в лице.

– Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очи-гледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка „добриот” кадија. И почнаа сите фанатички да се смеат и да ја бијат со тупаници и да ја плукаат по лицето. Крв и плу-каници потекоа по Анѓиното лице.

Кадијата се преправи на весел и задоволен. Се приб-лижи до Анѓа, ја фати за црните цулувци наквасени со крв и плуканици, и се заѕвери во очите и за последен пат пак преку песна ја праша дали ќе се потурчи, но таа уште повеќе ја исправи главата и писна низ плач дека: каурка се родила, каурка ќе умре; верата не си ја менува, турска кадана не станува…

Од силниот писок и острата и тажна мелодија сите во одајата занемеа, се замајаа и просто се изгубија, а во таа нема тишина сите прозорци распрскаа од тврди предмети однадвор. Од прозорците нарипаа пет снажни момчиња во мариовска облека – селани-гологлави, со долги перчиња за-плетени на темето, во бели кошули и гаќи, со опинци, воору-жени секој со по еден пиштол во левата и јатаган во десната рака. Во истиот момент и на вратата се појавија тројца такви луѓе и еден старец од педесет-шеесет години. Сите овие луѓе беа крајно возбудени. Очите им светеа на светлината на свеќите, а крвта само што не им бликна од набабрените жили. Налутени, намуртени, бесни од возбуда. Двајцата од тие што влегоа на вратата беа крвави по челото и рацете, со крвави исукани јатагани. За миг сите се здрвија со влегу-вањето во одајата, гледајќи ја глетката во неа со врзаната Анѓа. Но, веднаш стариот се прибра и со страшен лавовски глас ревна:

– Ничкум сите да ве видам, песја веро и магарска!!!

Остриот глас како со куршум ги пронижа сите што беа во одајата и тие веднаш попаѓаа со челата врз подот.

Стариот му се приближи на кадијата, кој ја поткрена главата и сакаше нешто да преговори, но тој замавна со јатаганот и го удри со тилјето в тил, а овој се онесвести и се испружи врз подот, клоцајќи со нозете.

Едно од момчињата што влезе со стариот го фати Сефедина и му го зариЈшжот во градникот. И овој се оптегна врз подот.

По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.

Во тоа исто време и две од момчињата што рипнаа преку прозорците се запатија кон Анѓа и набрзина обајцата и ги пресекоа ортомите и ја ослободија. Сите тројца ја пре-грнаа ја избакнаа, а Анѓа се онесвести и му падна на рацете на Стојана. Стојан ја понесе како мало дете и излезе низ вратата, a no него другите осум души, без да се обѕрнат назад да видат што стана со кадијата, Сефедина, Ајша и каданите.

По неколку минути почнаа исплашените кадани една по една да ги поткреваат главите, и, откако се уверија дека напаѓачите се изгубија, прва Ајша се исправи на нозе и дла-боко се издиши, па се осмели да проговори:

– Што стана, мори ќерки! – и се стрча кон кадијата кој длабоко простенка.

По неа се исправија сите кадани и наклекнаа околу онесвестениот кадија со извесна надеж, слушајќи го дека стенка и покажува живот.

Ајша бргу отрча до вратата и се врати со еден бел ѓум вода, та почна да го полева кадијата по главата. Овој се поразмрда, постенка пак, пушти една длабока воздишка и проговори:

– Што стана ова со нас, бре ќерки?

– Гајрет, кади баба, гајрет – почна да го теши Ајша, задоволна што остана жив нејзиниот „добар” кадија.

Калеш Анѓа (IX дел)
ОД ПУСТОШЕЊЕТО на Чаништа и одведувањето на Анѓа се потресоа селаните и решија да се бранат. Но не престанаа да мислат и за ослободување на пленетите момчиња, моми и невести. Сите мислеа за сите, а секој за своето изгубено чедо.

А за Анѓа мислеа четворица: мајка и Велика, татко и Трајко, брат и Јован и либето Стојан. Плачеа во прво време, мислеа откако се наплакаа, и најпосле заработија.

– Прво и прво да разбереме каде се најдува – со тешки воздишки зборуваше татко и пред другите тројца Анѓини заштитници.

Но кој ќе разбере седејќи в село шеесет километри оддалечен од Прилеп? За да се разбере нешто требаше да се оди во Прилеп. А Прилеп за младите беше бездна во која секој момент можеа да пропаднат. А таман работа да го пуштат брата и Јована па да останат и без него како што останаа без Ангелета и Анѓа. „Да оди Стојан да ја бара”, си помислуваа Трајко и Велика, но веднаш се сретнуваа со мислата дека и него можат да го фатат и да го пленат, та и таа болка им се чинеше не помала од онаа за Анѓа, Ангелета и Јована. Стојан беше четврто нивно дете откако го пленија Ангелета, а особено откако решија да му ја дадат Анѓа. Тогаш кој друг ако не мајка и или татко и. Се разбира, едниот од нив или обајцата заедно. И почна прв татко и. Првиот пазар отиде со борина и му ја продаде на еден Турчин за многу евтини пари. Овој помисли дека го излага селанецот, го најде будала и му нарача пак до пазар да му донесе. Го распраша има ли деца, и му купи две ѓевречиња, плашејќи се од алахот што го излага будалиот селанец. Другиот пазар Трајко натовари пак едно магаре борина, а другото маст и сирење. Борината му ја однесе направо на некнежниот „пријател”, и му ја даде по истата цена. Сега агата го викна в дуќан за да му плати, му нарача и шербет и почна да го распрашува и да го исмејува, да му се руга, сметајќи го за глупак.

– А така, суреди вас Мариовците кадијата наш, а? Сучите мустаќи пред арслан, ама тој очука роговите.

– Многу ми е гајле мене за нечии рогови – мрмна Трај-ко и го крена филџанот да го пие шербетот како што пие вода, ракија или вино, но си ја изгоре муцката и почна да се мурти. Агата избувна од смеа.

– He така, бре синко, не. He се пие така шербет. Ами вака, и почна да дува во филџанот и да шмрка, а во себе си мисли: „Море будала нисан! Ни шербет не видел како се пие, а ќе се бори со кадијата наш”.

Трајко си ги зеде парите и му вети на агата и допазар да му донесе борина. Отиде да го продава сирењето и маста. И тука го „излагаа” двајца агалари. Им ги продаде сирењето и маста за половина пазарна цена.

– Земете, аги, земете зашто вјасам да си одам. Далек ми е патот до Мариово – им рече и посака половина цена од онаа што ја сакаа другите продавачи. И агите ги зедоа едниот сирењето, другиот маста со услов да им ги однесе дома. A Трајко токму тоа и го сакаше. да наѕирне во некоја турска куќа. My се чинеше дека во секоја од нив ќе ја најде Анѓа или нешто ќе разбере за неа. Им ја однесе благотата на агите, но овојпат ништо не подразбра. Си отиде со надеж дека допазар ќе успее. Ке се пушти во подолг разговор со своите муштерии, особено со првиот што му ја продава бо-рината и ќе се прави глув, пелтек, глув на едното уше, не-доветен, дека слабо го интересува што прават другите Ма-риовци. И така направи. По растоварувањето на добиците, отиде право кај агата на дуќан. Овој му се израдува што му донесе и овој пазар борина да спечали од неа неколку гроша и веднаш го покани в дуќан: му нарача пак шербет и почна со мајтапите.

– А вие Мариовци јадите леб и симид, а?

– М-море к-к-камо го сссимидот тта јјјас и бббез леб ггго јадддам – почна Трајко да го дроби јазикот и пак се изгоре како некни од шербетот, што агата силно го насмеа, та ги викна комшиите да се понасмеат со „будалата” Ма-риовец. Почнаа сите тројца да го задеваат за да го пре-дизвикаат да зборува. На секое нивно прашање Трајко викаше силно: „Чччуја? Чччуја? Ш-ш-шо рече? К-к-к-а-ко? – што многу пати ги насмеваше агите.

– Сите Мариовци се вакви како тебе, Трајко? – го праша еден од агите.

– Тттакви аммми ккккакви – одговори Трајко, – лллуѓе сссо дддве очччи и дддве ушшшши!

– И од такви плашит кадијата? – праша друг.

– Шшшо пплашит кккадддијата ввваш? Ддда ппплаш-шшеш нннемаше ддда ммму и ззземе чччупите и ннневес-тттите ннна мммариовввците нннаши.

– А зеде велиш кадијата чупи и невести и од Мариово?

– Ааами ннне зззеде! Сссанннким вввие ннне зззнаете. Зззеде – ги наведе Трајко на разговор и тие почнаа да си разговараат за таа работа. А еден му потврди на Трајка:

– Зеде, Трајко, зеде. Сите бегови зедоа по една – две-три, та дури кадијата зеде едно гулапче. Слушнав некни на кафето кога се плачеше дека не можел да го кандиса да се потурчи. Ама јаребиче фатил стариот орел! Вели дека досега не видел таква убавина. Ама не видел и таква тврда бесна жена. Кажуваше и името како се викало тоа девојче, ама заборавив. Така некако рече од оние што летаат кај господ ѓаурски. Како викате вие тие со крилјата во црквите? – го праша Трајка.

Трајко претрпна, но не даде знак на возбуда, ами мирно одговори:

– Анѓѓѓели ги вввикккаме ттие шшшо лллетттаат. Трајко ожолте како восок, свеста му се заврте, пак ја

лепна цигарата од кај огнот и пак ги насмеа агите, но тие ништо не можеа да забележат во забраденото негово лице. Се изнамајтапија до наситка и го натераа да ја донесе бори-ната.

– Ддд ннне сссака нннекој ммаст и сссирење? – ги праша Трајко, а овие одвај го дочекаа тоа.

My ја донесе борината на првиот свој муштерија и им ја однесе маста и сирењето на другите дома со една пламена желба: да помине крај конакот на кадијата, белким ќе ја наѕирне од некаде неговата Анѓа која таму робува. И така размислувајќи дали Анѓа не ќе приписка кога ќе го види та да го издаде, се прогледа на дното на улицата еден голем конак со високи калиња околу него и тешки порти затво-рени. Срцето му се свитка клопче на Трајка кога агата му рече:

– Ете, оној конакот на кадијата наш. Таму тој вашиот Анѓа затворен. Да можат да видат сега тебе, ќе пратит здра-вождво на нејзиниот мајка.

– Поминаа крај конакот, но Трајко го зеде качето со маста на десното рамо да му го закрива лицето од прозорците на конакот. Се плашеше да не го викне Анѓа од зад решет-ките.

Тој пазар си отиде задоволен. Разбра каде е Анѓа и им раскажа на домашните радосна новина.

– Уште не е потурчена – и им рече сиот среќен.

– И нема да се потурчи – со сигурност му одговори Стојан.

Цели шест месеци по овој пазар идеше Трајко на пазар и просто се спријатели со овие тројца аги што имаа корист од него. Го сметаа за будаличка селанец и се користеа од неговиот „будалштилак”, а тој гледаше секогаш да подраз-бере по нешто ново во врска со Анѓа и кадијата. Конакот веќе и мижејќи можеше да го најде. Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и се што му требаше за еден напад.

Затоа една вечер им рече на Јована и Стојана:

– Е, деца! Јас мислам дека е време да се обидеме. В пазар, боже здравје, и со името Ристосово, да слеземе до Прилеп, та господ што ќе поможи. Или ќе ја извадиме од пеколот, или и ние ќе влеземе во него.

Стојан и Јован секогаш беа готови. Готови беа и нив-ните другари, пет од земските сејмени и двајца братучеди на Анѓа – еден од вујко, а друг од тетка.

Ги испрати Велика во петокот и изутрината со порој-ници солзи и зачека со свиткано срце од неизвесноста. Сето најмило што го имаше беше на работ на пропаста. Но љу-бовта за едното чедо ги турна во опасноста и другите.

„Нека се знае и нека се прикажува: или и Анѓа ќе ја имам, или ниедно” – си рече во себе и стисна срце да го чека резултатот од оваа опасна игра.

Сите десет души влегоа во темнината во Прилеп, секој сам со no едно магаре товарено борина, штици, чатми, маст, сирење, волна, жито. Отидоа на разни аништа да не бидат забележани од Турците. Облечени во најпарталави бели кошули со исто такви волнени гаќи, неистрижени, неизбричени, ни измиени, изгледаа како диви луѓе кои ги фатил некој ловец на робови и сега ги тера да ги продава на пазариштето во овој град. Но затоа сите беа вооружени со по еден остар јатаган и по еден пиштол, вешто скриени во стелите од самарите на магарињата.

– Врзете ги магарињата во аништата, турете им сенце и гледајте да ја продадете пошто-зашто тоа стокичката што ја носите. А Митре нека ги подбере магарињата. Ќе не чека патема, до Штавица ќе го стигнеме тие што ќе останеме живи – им рече стариот Трајко и им закажа место каде ќе се соберат за да се обидат да ја извадат Анѓа.

– Јас ќе ве чекам кај чешмата на Атпазар. Сите таму да бидете кога ќе чукне саатот два.

И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра мага-рињата пред стап:

– Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.

На првото удирање на часовникот од сите страни на Атпазар излегоа по еден Мариовец и се запатија кон чеш-мата. А таму веќе „пиеше” вода еден стар човек.

– Напијте се и вие водица и соберете си ја душата. Слободно. Без страв. Конакот го знам, да ми ги врзете очите ќе го најдам. А и одбраната негова е слаба. Тројца сејмени се и тие сега на нивниот акшам се клањаат во нивната одаја, кај портата. Ке ги налегнеме веднаш нив, а после ќе му се качиме на кадијата. Ќе го проплескаме и него и ќе ја најдеме Анѓа. После, сите по мене да го втасаме Митрета – им ги рече старецот овие зборови и тргна напред, а тие по него.

He одеа ни пет минути, застанаа пред една висока зат-ворена порта зад која во дворот крај самото кале се издигаше конакот на кадијата. Се доближија во темнината до калето и ги залепија главите на ѕидот да наслушуваат. Токму тогаш кадијата со песна ја кандисуваше Анѓа да се потурчи. Го слушнаа и Анѓиниот одговор: „Главата ја давам клето Турче – вера не менувам”. Крвта зовре во сите девет души. Се наведе стариот и му стори грб на еден од неговите другари. Овој се качи на него, но калето беше високо, та мораше трет да се качи врз вториот. Се качи Стојан трет и се фати за ќерамидите на калето и како мачка се спушти наземи. Co секавична брзина ја отвори портата и другите се втурнаа внатре. Дури тогаш ги забележа еден од кадините гавази и мошне се препали. Одвај можеше да викне „ким с’н сен”, a стариот Трајко му го зари ножот в гради. Другите двајца само што се Лојавија на вратата и тие ба наместо убиени.

– Сега едни од пенџерињата да не ни побегне натаму -викна Трајко и сам се турна во отворената врата на конакот. И дури тој се искачуваше со тројца другари по скалите за да дојде до вратата каде што беше кадијата со Анѓа, каданите, Ајша и Сефедина, другите петина се изјазија до прозорците, давајќи си грб и раце еден на друг. И токму тие нарипаа преку искршените прозорци. Трајко влезе со другарите на вратата и ја свршија работата. Ја изнесоа Анѓа од конакот онесвестена и го втасаа уште кај Плочата Митрета со мага-рињата. Јавнаа сите по едно, а Стојан ги поткачи пред себе и уште пред зори втаса во Старавина со ослободената Анѓа.

Калеш Анѓа (X дел)
СУЉО АГА ИЗЛЕЗЕ од Прилеп, та не разбра што стана со неговиот кадија сношти. Го бодна својот коњ по битолско, леринско, воденско, солунско, серско џаде и дојде по две недели на Босфорот.

Патема трипати ги сменуваиЈе коњите, остави уморен, земи одморен. Тоа му го забрза оде-њето и тој стигна навреме, според тогашнитечпревозни сред-ства.

На брегот на Босфорот им се пријави на гемиџиите и тие го пренесоа на другата страна; се распрашаа и го најде царскиот сарај.

Надворешниот сјај и богатството на царскиот палат го замајаа Суља и готов беше да се врати, но се сети дека кадијата ќе го обеси ако не му однесе извештај од султанот. Затоа треперејќи му се приближи на јаничарот што чуваше стража на портата и му направи едно длабоко темане. Овој, научен да се клања на големците што влегуваа, а да не му се клањаат, се збуни малку, но виде дека другар му е јабан-џија, па го праша што сака. Суљо му ја подаде книгата и со неколку збора му објасни од каде и зошто иде. Стражарот го пропушти да влезе и му го предаде на друг, овој на трет, дури најпосле не се најде во една од големите чекалници на Великиот везир и седна на еден од меките дивани. Водачот влезе во соседната одаја со книгата и по пет-шест минути излезе и му рече на Суља да чека дури да го повика везирот.

Седејќи сам, длабоко се замисли и, како што беше изморен од долгиот пат, дури и му се придрема, но знаеше каде се наоѓа, па ги растрла очите и се порасони.

Мораше долго да чека, бидејќи отиде кај Султанот имаше официјални приеми, па и Великиот везир беше ре-чиси зафатен со нив.

Bo широката и богато украсена свечена сала султанот почна со аудиенциите. Седнат на златниот престол во најсве-чена облека, со голем турбан на главата украсен со најскапо-цени дијаманти, во долга свилена долама, со златно извезени пантовки на нозете, седеше старец од шеесетина години достоинствено и гордо ги примаше пријавените од Великиот везир странски дипломати. За секого везирот докладуваше:

– Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.

Султанот се намурти и му даде заповед на везирот:

– Веднаш да се затвори Фрања Заја, австрискиот пра-теник кај нас и наредба до Казим-паша во Будим да се рас-прави со тој бунтовник. Да го симне од намесништво и да ми го испрати жив или мртов. За намесник на Изабела го поставувам нејзиниот и мој пријател Петар Петровиќ. Co ферман Фра Георги да се прогласи за предавник.

Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара:

– Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас.

– Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.

Везирот го испрати и овега и го пријави следниот:

– Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоаки-моса.

– Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одго-вори султанот.

Иде следниот.

– Гашпар Перушиќ. Пратеник од намесникот Ердељ-ски фратар Георги. Носи десет илјади форинти данок и ветува полна покорност и верност на светиот падишах.

– He ми требаат пари од предавници. Така ќе му носиш поздрав на твојот господар – се намурти Сулејман и го из-гледа попреку пратеникот…

По овие се изредија којзнае уште колку пратеници на кои султанот им одговори кратко и ги испрати да ги предадат неговите одговори на нивните господари.

По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.

Чита еден службеник:

– Фазли-паша јавува од Египет дека напредува. Пад-нале Каиро и Александрија и одел кон Бизерта.

– Пофалба и награда. Да продолжи – Тунис, Алжир, до брегот на океанот.

Везирот запиша во бележникот и продолжи со докла-

дот.

– Румелискиот беглер-бег Мехмед-паша Соколи јавува од Белград дека ги презел градовите: Фанлах, Наѓлак, Задорлак, Галад, Чаљу, Ердеш, Чанад и Липово, Темишвар.

– Пофалба и награда. Од Мехмеда ја сакам Виена, a во Ердељ да го доведе мојот пријател и синот на Изабела Јована Жигмунда и да го накаже Фра Георги ако Казим-паша не сврши работа. Убава политика води Мехмед со Србите. Ке биде голем човек тој паша – се изрази ласкаво Сулејман за својот иден Велики везир Мехмед Соколовиќ.

Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти:

– Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.

– Кажувај, кажувај! He е ситна штом дошла до мене – го прекори овој везирот.

– Кадијата од Прилеп во Македонија Арслан-беј моли за милост и совет како да постапел со извесни разбојници што се појавиле во неговата нахија, подигнале бунт и ги погазиле твоите свети закони – и го отвори самото писмо. Султанот пламна на овие зборови:

– Кој ги погазил моите закони? Кој е тој роден од жена што се спротивил на мојата волја? – и стана од пре-столот на нозе.

– Читај да видиме што пишува тој наш верен слуга? Везирот почна и го прочита докрај писмото.

– Стој – викна султанот кога ги слушна последните зборови дека слугата што го донесол писмото е еден од оние што се спасиле при последниот обид да се фатат разбојни-ците, и го праша везирот:

– Каде е тој наш слуга што го донесе писмово?

– Еве го надвор, чека на одговор.

– Доведи го веднаш кај мене – заповеда султанот. Везирот излезе, а Сулејман слезе од престолот и почна

да шета низ салата зборувајќи за себе:

– Бак, бак, бак!!! Зар не се тресат од мојата сила сите цареви од земјава? Зар не се клањаат сите нивни слуги пред мене и бараат милост за своите господари? Зар не се вее златниот полумесец од Багдад до Виена, Техеран и Тунис? Зар не владее големиот пророк над сите живи и мртви? – се замисли и застана насред одајата, па продолжи да си зборува:

– Се нашле десет, педесет, сто разбојници во средината на моето царство да се спротиват на мојата сила и ќе ја кршат!!! Ке туркаат ѕид со глава! Глупости! Само будали луѓе можат да го сторат тоа – и пак почна да се шетка низ салата.

По кратко време смерно влезе Великиот Везир, a no него Суљо-ага. Направи два чекора внатре и падна ничкум, гледајќи го силниот Сулејман кој се запати кон него. Го удри челото од подот и остана неподвижен на местото.

Везирот го пресретна тргнатиот султан, направи темане и реферира кратко:

– Тој е весникот од прилепскиот кадија. Падишах’м – и покажа со раката кон легнатиот Суљо.

Сулејман се приближи до Суља и плускајќи со рацете над него за да се исправи, го праша:

– Ја кажи бре, правоверни сине, како стана таа рабо-та? Кој е тој што ги гази моите свети закони и го погани светото пророково име.

Суљо ја исправи прво главата, се поткрена на колени-ци, долазе до султанот и му ги бакна полите од скапоцената облека.

– Милост, честити царе! Простете му на својот верен слуга што ви додева за таква ситна работа. (Кадијата го поучи Суља како да зборува ако излезе пред султанот). Но мојот господар, кадијата, не може да излезе на крај со тие разбојници, па ме испрати да донесам абер и барам совет – изговори Суљо клечејќи и гледајќи го султанот одоздола нагоре со ропска понизност.

Султанот се наведе и со двата прста го фати за левото рамо, го исправи и го поведе кон еден од диваните и седна, a Суљо пак клекна пред него сиот затресен:

– Е кажи, синко, кажи! Кои се тие бунтовници! Што прават? Што сакаат та не се покоруваат на моите закони?

Суљо почна да раскажува надолго и нашироко, a Великиот везир почна да се нервира од долгото раскажу-вање, но гледајќи го заинтересиран султанот, и тој внимател-но слушаше:

– Ете така Падишаху. Источниот крај на прилепската нахија е одвоена област со засебни планински граници, обра-стени со големи борови и дабови гори, која се вика Мариово. Во таа област живеат пет-шест илјади ѓаури во дванаесет села што имаат чудни навики. По цените на нивните животи тие планинци не пуштаат ни еден правоверен да влезе во таа нивна „царштина”. На многу настојувања од кадијата да се покорат, тие одговараат дека не познаваат никаков ка-дија, никаков валија, везир, та дури и султан. Тврдат педесет години која била султанија на еден од твоите ни дедовци и прадедовци и дека во тие фермани и брати пишувало дека тој крај од големата наша царштина бил подарен од некоја ѓаурка Мара пред сто-сто и педесет години која била султа¬нија на еден од твоите прадедовци. Таа Мара ги ослободила тие планинци од секакви давачки и обврски спрема царот и царштината, та не признаваат никаква власт над нив. А штом некој ќе се обиде да ги покори, тие се дигаат со оружје в раце и спречуваат секакво исполнување на царските закони во тој крај. Ете и јас како буљукбашија на еден наш табур бев испратен таму по оваа работа, но и мене ме насамарија и половина другари ми ги издавија во реката Црна со една гадна подмама. Беа ги пресекле диреците на мостот, и кога се качија педесетина од моите момчиња на него, тие се ор-томи го тргнаа мостот и сите попаѓаа во реката. А таа пу-стина е силна и луда, та одвај два-тројца се спасија. Местото со честите гори и тврдите карпи им помагаа и не можеме да ги покориме. А тие ги заразуваат и соседните ѓаури, кои исто така почнаа да се рогушат и бунат. Затоа ме испрати мојот господар дури до тебе, свети царе, за милост и совет што да правиме со тие разбојници – заврши Суљо се потанко како што му нареди кадијата и пак го удри челото од подот пред султанот.

Ислушувајќи го долгото Суљово раскажување, сул-танот иронично се насмевна и проговори:

– Ха-ха-ха-ха-а-а-а! Се исплаши мојот кадија од еден грст луѓе кога неговиот господар не се плаши од цел свет.

Кон везирот:

– Издај свето решение да се фатат и погубат водачите на бунтот и да се воведат моите закони и таму како што се во целата царштина. До колку не се покори целата таа раја по ова мое решение, да се пресели некаде во Анадолија, a тој крај да се насели со правоверни. Бератите и ферманите за кои расправа слугава дека и биле дадени на султанијата, и тие се угасиле со нејзината смрт. На слугата еден добар ат од моето ергеле.

Ајде на работа – заповеда и плусна Сулејман со рацете, а везирот и Суљо со длабоки теманиња назадечки излегоа низ врата од салата, да го напише везирот светото решение, а Суљо да му го донесе на кадијата и да го насрчи да го зао-стри зулумот над Мариовците

Booking.com