Камилицата е едногодишно растение, високо до 60 см. со разгрането стебло. Лисјата се нежни, перјесто разделени, долги од 3 до 6 см.
Цветовите се сложени, со цветни дршки, долги 3 до 10 см, составени од жолти цветови, опкружени со бели цветови.
Камилицата расте на напуштени места, во дворови, покрај патишта и ниви.
СОСТАВ:
Камилицата содржи етерско масло, горчливи материи, флавониди, куморини, танини, слузини, смоли, холин, фитостерол и друго.
За лек се собира и употребува надземниот дел, односно исушени цветови.
УПОТРЕБА:
Камилицата се употребува уште од најстари времиња па и ден денес, како едно од најлековитите растенија во светот, со многу широк спектар на дејствување слично како и ајдучката трева.
Чајот од Камилица благопријатно делува на слузината на желудникот, цревата и жолчката, гастритис, чир на желудник и дванаесетпалечното црево, колит.
Камилицата се употребува при болки и воспаленија на слузокожата на устата и грлото, при кашлица, за полесно искашлување, настинка, грип, воспаление на уринарните патишта, главоболки, реуматски болести, болки во крстот и нозете. Боливачот е многу корисен при лекување на нервни болки на лицето, (невралгија) и тоа кај луѓе со слабокрвност, болки во тилот кај жените.
Чајот од боливач нема штетни дејства, треба да биде јак и густ, и се пие помеѓу оброци, при што тогаш има најдобро дејство.
Една голема лажица Камилица се пoпарува со 200 мл. вриена вода и се остава да покисне повеќе од 1 час. Потоа се процедува и се пие помеѓу оброци.
Надворешно, чај од Камилица се употребува против кожни болести, воспаление на кожата, чиреви, апцеси, фистули, хемороиди, женски болести, чистење и омекнување на кожата и косата, изгореници од сонце, посекотини, огребатини, потечен заб, проширени вени, хемороиди, воспаление на очи, гаргарење при болки во грло и гангивитис.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com