Кантарионот е повеќегодишно растение, кое расте до 1 метар.
Стеблото му е дрвенесто и на горниот дел разгрането, лисјата му се наспротни, јајчести со жлезди од масло. Цветовите се жолти во метлечки соцветија.
Кантарионот расте на суви и влажни места, напуштени ниви, планински ливади и покрај патишта.
УПОТРЕБА:
За лек се користи надземниот дел.
Кантарионот е многу ценета билка, за лекување на рани, изгореница, чир на подколеница, хемороиди, скршени коски и слично, надворешно во форма на масло и маст.
Чај од кантарион се употребува против чир на желудник и дванаесет- палечно црево, дијареи, дизентерии, бронхит, кашлица, туберкулоза, трахеит, грип и слично.
Екстрактите од кантарион имаат антиканцерогено дејство, а исто така штитат од рак.
Чај од кантарион се користи против нервни болести, депресија, невроза, несоница, слаби живци, слабокрвност, женски болести, болести на жолчка, црн дроб и мочни патишта.
Кантарионот го зајакнува имунолошкиот систем.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com