Откријте го Мариово

Кажи Јано, кажи душо,
која вечер ја да дојдам?
– Кога сакаш тогај дојди,
да не идеш со мнозина,
да дојдете до два мина,

да го земеш тој Ѓорѓија,
тој Ѓорѓија овардата;
он ме знае каде седам,
каде седам каде спијам:
одајчето варосано;
сношти вечер при мен беше,
голем бакшиш ми остави:
девет лири потковани;
јас му даду шар чорапи
да ме дума да ме помни
кога љубел бела Јана.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Ристе Ристевски, роден 1903 година во с. Старавина. Беше оженет и живееше во с. Груниште; тогаш (1953) имаше 50 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu